Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
1Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи
ФудбалКлоп: Не одигравме најдобро против Шефилд, но ја заслуживме победатаЛиверпул се соочи со неочекувани тешкотии против аутсајдерите во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед, но победи со 3:1 и се врати на врвот на табелата. -Моравме да вложиме многу напор за да победиме, но тоа е нормално. Излеговме со правилен став, но на моменти не игравме најдобро што можевме. Видовме колку брзите додавања можат да го променат текот на играта. По голот на Алексис Мекалистер ги контролиравме работите, а третиот гол беше величенствен, прокоментира тренерот на домашниот тим, Јирген Клоп. Шефилд Јунајтед можеше да поведе уште во 20. секунда, но голманот на „црвените“ Квивин Келехер одлично одбрани. -Гостите одиграа како што сакаа цели 90 минути. Беше тешко, но ја заслуживме победата, заклучи на крајот германскиот стручњак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречиОпштина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки. „Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски. Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи. Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПредводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1! Тренерот на „чудото од покрај езерото“, легендарниот ас на Барселона, Челзи..., Сеск Фабрегас, долго време ги средуваше впечатоците по историската победа на Комо над Ланс со 9:1 во 4. коло од Лигата на шампионите.Фабрегас и неговите играчи се вистински хит оваа сезона. И не само тоа – тие се сензација. Фудбалот што го играат е нешто што долго време не е видено, дури ни на елитно ниво. Играат како вистински да се „играат“. Фудбал во кој човек лесно може да се заљуби. Комо е дебитант во Лигата на шампионите, а како новајлија во најсилното европско натпреварување, тие делат фудбалски лекции, довчерашниот второлигаш, сезонава го победи Лајпциг со 4:1, Јунајтед со 4:1, а Ланс со 9:1. Единствениот пораз го претрпеа од Феенорд, со 2:3. Инаку пред само две сезони, Комо беше член на Серија Б. Тогаш тимот го презеде Сеск, кој во тоа време сè уште ја немаше задолжителната УЕФА „Про“ тренерска лиценца. „Ова е само нашиот четврти натпревар во Лигата на шампионите, а бројот четири е дефинитивно важен број за нас“, изјави Фабрегас со насмевка за „Скај Италија“ (Sky Italia) по величествениот резултат на стадионот „Болеар“. Сеск очигледно прераснува во одличен тренер. А имаше и од кого да учи. По Пеп Гвардиола и Луис Енрике, актуелниот тренер на Комо е уште еден производ на системот на Барса, но и на шпанскиот фудбал, кој доминира во светот. „Среќен сум, ова е фудбал и сè се одвиваше во наша корист. Момците си ја завршија работата одлично, а сега мораме да се подготвиме за многу важен натпревар во недела – деветти по ред во периодот меѓу паузите за репрезентативните обврски.“ Комо е во одлична серија – победата против Ланс беше шеста по ред во сите натпреварувања. И покрај историската победа, перфекционистот Фабрегас беше незадоволен од една работа – примениот гол. „Лут сум поради примениот гол, бидејќи направивме промена во дефанзивната поставеност по трите извршени замени. Плус, голот го постигна мојот поранешен соиграч (Рубен Агилар), со кого играв во Монако. По натпреварот му реков дека никогаш претходно нема постигнато таков гол. Навистина беше прекрасен погодок.“ Она што беше впечатливо во овој дуел е дека сите девет гола на Комо беа постигнати по одлична тимска игра и организирани акции. Тоа е печатот на Фабрегас. Екипата игра. Тоа е толку препознатлива карактеристика на „Ла Масија“. Ова е „тика-така“ од крај езерото.Тагови: Фабрегас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ . Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци. Severe weather driven by a confirmed tornado struck the municipality of Chapecó in Santa Catarina, southern Brazil, generating wind gusts of up to 126 km/h (78 mph). The extreme winds severed power lines across multiple districts, ripped off metal roofing structures, and shattered glass facades at Chapecó’s Serafim Enoss Bertaso Airport, forcing civil defense authorities to suspend all flight operations indefinitely. #Brazil #SantaCatarina #Chapecó — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 5, 2026 Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати. Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата. Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време. Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата. „Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата. 🚨 Happening in #Brazil 2026 terrifying footage captures the destructive force of a tornado at Chapecó Airport, Fierce winds tear through the terminal area, leaving wreckage in their wake. May everyone caught in its path stay safe. 🇧🇷 https://t.co/CAQymlFL5F — NNA (Nadia)🇩🇿 (@22NN_A) November 4, 2026 Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.Тагови: Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter