Клоп на кризен состанок со фудбалерите: Сами сме против целиот свет - Канал 5

Клоп на кризен состанок со фудбалерите: Сами сме против целиот свет

Ливерпул денеска на „Енфилд“ од 16 часот го пречекува Бурнемут во 4. коло од Премиер лигата и ја бара првата победа во новата сезона.

Клоп на кризен состанок со фудбалерите: Сами сме против целиот свет

Избраниците на Јирген Клоп имаа многу лош старт на шампионатот и по три одиграни кола имаат само два бода. Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот изјави дека одржал кризен состанок со играчите.

„Многу работи ми паднаа од грбот по тој состанок. Не им викав на играчите, немаше повишен тон, туку само сакав да им кажам што правиме добро, а што лошо. Живееме во свет во кој сè се расчленува и анализира, и важно е да размислуваме само за себе. Јасно е што треба да направиме, но не можам да дадам многу детали. Ние сме сами против целиот свет“, рече Клоп.

Тренерот на Ливерпул има многу проблеми со отсуствата, што во голема мера придонесе за лошиот почеток на сезоната. Џонс, Тиаго, Јота и Матип се повредени, Дарвин Нуњез е суспендиран на уште два натпревари поради црвен картон, па Клоп изјави дека не е невозможно да се купи некој друг пред крајот на преодниот рок.

„Знам дека пред почетокот на сезоната реков дека повеќе не ни требаат нови играчи, но тоа во меѓувреме се смени. Па, јас згрешив, а вие бевте во право. Нема да купиме никого само за да купиме некого , туку само ако заклучиме дека ни треба тој играч“, изјавил Клоп за новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер