Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеКлиматските промени и здравјето: Нова студија открива загрижувачки трендовиСо загревање на планетата, на луѓето сè потешко ќе им биде да останат физички активни, последиците би можеле да се одразат врз целокупното здравје. Ново истражување предупредува дека порастот на температурите значително ќе ја намали физичката активност и годишно, до 2050 г., би имале дури до 500.000 случаи на прерана смрт. Научниците анализирале податоци од 156 земји помеѓу 2000. и 2022 година и моделирале како зголемувањето на температурите би можело да влијае на нивоата физичка активност во наредните децении. Резултатите покажуваат дека секој додатен месец со просечна температура над 27,8 °C ги зголемува глобалните нивоа на физичка неактивност за 1,5 процентни поени. Во земјите со ниски и средни приходи, ова зголемување е уште поизразено, достигнувајќи 1,85 поени. Студијата, објавена во списанието „The Lancet Global Health“, објаснува дека високите температури го зголемуваат протокот на крв во кожата и потењето, што дополнително го оптоварува кардиоваскуларниот систем, го зголемува ризикот од дехидратација и го засилува чувството на напор за време на активноста, објавува „Euronews“. Физичка неактивност Физичката неактивност е веќе главен ризик-фактор за кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, одредени видови на рак и ментални нарушувања, сето тоа го намалува животниот век. Се проценува дека неактивноста е одговорна за околу пет проценти од сите смртни случаи кај возрасните ширум светот. Авторот на студијата, Кристијан Гарсија-Витулски, предупредува дека ова е сериозен глобален здравствен предизвик. Околу една третина од возрасната популација веќе не ги исполнува препораките на Светската здравствена организација за најмалку 150 минути умерена или 75 минути енергична физичка активност неделно. До средината на овој век, зголемувањето на неактивноста поврзано со горештините би можело да предизвика околу 500.000 дополнителни предвремени смртни случаи годишно, со економски загуби проценети на помеѓу 2,4 милијарди и 3,68 милијарди долари. Најголемо зголемување на физичката неактивност се очекува во веќе топлите региони, како што се Централна Америка, Карибите, источна субсахарска Африка и екваторска Југоисточна Азија. Жените се повеќе погодени од мажите Студијата, исто така, сугерира дека жените може да бидат попогодени од мажите. Ова се должи, меѓу другото, на слабиот пристап до климатизирани простории за рекреација и ограничениот капацитет на јавното здравство во овие региони. Авторите нагласуваат дека физичката активност треба да се гледа како прашање на јавното здравје поврзано со климатските промени, а не само како индивидуален избор. Тие укажуваат на потребата од попаметно урбанистичко планирање кое би им овозможило на луѓето движење и во услови на високи температури, а ваквите решенија можат да донесат поголеми придобивки, како што се подобар сон, зачувување на когнитивните функции и поголема работна продуктивност. Истовремено, претходните истражувања покажуваат дека преминувањето од неактивен на активен начин на живот може да го намали ризикот од смртност за 22 проценти. Дури и умерените нивоа на активност, како што се 7.000 чекори на ден, се поврзани со значително намалување на ризикот од деменција, срцеви заболувања, депресија, дијабетес тип 2 и ракКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтотУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис. „Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“. Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14