Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветКличко повторно со жестоки критики кон Зеленски Украина мора да остане демократска земја, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во интервју за германскиот АРД.Во овој поглед, има неколку потези на украинскиот државен врв со кои тој не се согласува. Првиот пример за тоа е изјавата на Серхи Лешченко, член на кабинетот на претседателот, дека Украинците кои се во странство треба да се вратат во својата татковина и да ѝ помогнат, а Европската унија да престане да им дава гостопримство на овие луѓе, пишува ДВ. Кличко вели дека бил изненаден од таа изјава: „Ако сме демократска земја и ги принудуваме луѓето да доаѓаат во Украина, тогаш, според мене, ова е кршење на човековите права. Секој има право да добие заштита, и никој не може да ги принуди луѓето што се во странство да дојдат. Можеме да ги убедиме луѓето, да ги поканиме, да ги прашаме. Но, верувам дека принудата не е вистинскиот начин“. Со оглед на тоа што во Киев, освен цивилната администрација на Кличко, има и воена администрација, новинарката Сабина Адлер, која редовно известува за германскиот јавен сервис АРД од главниот град на Украина, сакаше да знае „дали војната е изговор за враќање до централизација“. Одговорот на Кличко беше: „Во право сте, бидејќи реформите за самоуправување и децентрализација се едни од најуспешните кои се спроведени во последните години“. Потсетувајќи дека „во Украина има обиди за заплашување на новинарите, дека опозицијата е практично невидлива“ и „дека дебатите во парламентот се прикажуваат среде ноќ“, новинарката на АРД постави реторичко прашање: „Од надвор, се добива впечаток дека во Украина е само претседателот Зеленски“. „Во право си“, повторно одговара Кличко, додавајќи дека „централизацијата е опасна тенденција кога станува збор за одлучување“. Да не се зборува за тоа значи да се согласи со тоа, рече тој, истакнувајќи дека темелите на демократијата мора да се зачуваат дури и во војна, инаку Украина повеќе нема да биде многу поразлична од Русија. Според Кличко, еден од доказите за важноста на самоуправата е тоа што таа функционирала особено добро во првите месеци од војната - во однос на територијалната одбрана, поддршката на армијата и заштитата на градовите. Потсети дека тоа им било јасно и на Русите: „Прва цел им биле градоначалниците: 37 од нив биле киднапирани, еден бил убиен, а петмина од нив се водат како исчезнати и денеска“. Виталиј Кличко се пожали и дека од почетокот на војната немал ниту една средба со претседателот Зеленски, дека многу пати се обидел да разговара со него по телефон, но безуспешно. Според него, задача на претседателот е да го обедини општеството. Тој, вели, треба да биде фигура што ги обединува сите луѓе – „рамо до рамо“. Во сегашна Украина, пак, економијата го чувствува притисокот на „централната власт“, која, како што смета Кличко, не е во ред. Затоа неговата порака е: „Украина мора да остане демократска“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаСДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорностСДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира. Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи. Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит. Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаДвајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени сеНа 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14