Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено - Канал 5

Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено

„Од утре, се фокусираме на планирањето на следните чекори, бидејќи згрижувањето на овие пациенти е завршено.“

Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено

Во моментов на Клиниката за пластична хирургија во Скопје се прават плановите во која фаза колку пациенти треба да бидат опфатени со хируршка интервенција за реконструкција на изгореното ткиво од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информира денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

-Такви зафати и во минатото се правени на Клиниката од каде ќе не информираат за темпото и во согласност со тоа ќе почнеме да работиме. Денеска би требало да заврши фазата на транспорт на пациентите во странство што ќе овозможи целосна концентрација на планирање на следните чекори во земјава, кои не се само трансплантација на кожа, туку ќе има и други постапки кои се неопходни, бидејќи дел од лекувањата ќе бидат подолготрајни. Мора да се подготвиме дел од пациентите да ги вратиме во земјата и да бидеме способни да го продолжиме нивното лекување, рече Клековски во одговор на прашање на прес-конференција во Владата.

Од утре, додаде, се фокусираме на планирањето на следните чекори, бидејќи згрижувањето на овие пациенти е завршено.

-Веќе почнаа првите отписи од клиниките и можеме да ги планираме следните чекори кои можеби ќе траат една или две години. За да нема застој во здравствените услуги за останатите граѓани во моментов сакаме повредните пациенти од клубот „Пулс“ да ги повлечеме во две болници, посочи Клековски.

Прашан дали се планира повторно да се отвори Центарот за изгореници во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски во Скопје што беше згаснат во 2016 година, рече дека ќе го направат тоа ако стручната фела каже дека има потреба.

-Хирург што редовно не работи со изгореници не е специјалиста за тоа подрачје. Токму затоа многу поголеми држави од нашата имаат еден или два центри за изгореници за да се сконцентрира знаењето. Не треба да имате само специјални кревети, туку и хирурзи кои го практикуваат тоа релативно често. Не велам дека не ни треба, но во 10 години имаме пет тешки случаи со изгореници што сме ги испратиле во странство и уште 10-тина што се третирани во Македонија. Треба да направиме проценка дали ни е потребен тој центар тука или е поедноставно да имаме договор за соработка со Пирогов во Софија или Папаниколау во Солун. Не треба да имате само техника и кревети, туку и доктори кои тоа го работат секојдневно. Јас не сум надлежен да одговорам дали имаме доволно патологија, но ако стручната фела каже дека имаме потреба - тогаш да, но повторно ќе биде центар за изгореници со четири легла, појасни Клековски.

Нагласи дека со несреќи како оваа во Кочани никој не може да се справи сам, дури ни поголеми и поорганизирани држави од нашата и додаде дека токму затоа постојат европски механизми за солидарност кои се активираат и ги распоредуваат повредените.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер