3ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КошаркаКК Водњански лисици: Во МКФ има скапо платени професионалци кои работат аматерскиРаководството на КК Водњански лисици директно го обвини највисокото раководство на Македонската Кошаркарска Федерација, посочувајќи го за главен виновник што оваа екипа нема да се натпреварува во првата, ниту пак во втората лига на Македонија.Лани тимот на КК Водњански лисици обезбеди место во нашето најквалитетно друштво како второпласирана екипа во Втората лига. Но најавите од федерацијата за засилени норми и правила го натераа раководството на Водњански лисици да се откаже од натпреварување во Првата лига. Со соопштение кое ви го пренесуваме во целост раководството на КК Водњански лициси ја информира јавноста за својот став: „Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Водњански лисици Скопје ја информира јавноста дека поради недоследноста и дезинформациите на канцеларијата на Македонската кошаркарска Федерација (МКФ) и Комитетот за итност на МКФ, кој е продолжена рака на Управниот одбор (УО) на МКФ, нашиот сениорски машки тим, иако минатата сезона како втор во втората Лига се избори за враќање во елитата, не игра во Првата лига во оваа сезона во која напролет клубот ќе наполни 25 години од постоењето. *Донесените одлуки на МКФ во однос на (условите за) настапот во Првата машка Лига се лоши, своевидна се фарса и се на штета на оние клубови, во кои се вбројуваме и ние, кои успешно создаваат млади кошаркар(к)и. *Клубов не е дрво без корен*. Освоивме 10 титули и најмалку 10-на сребрени и бронзени медали во многу млади возрасни категории во машка и женска конкуренција. Создадовме, и одовде потекнаа, по неколку членови на А-репрезентациите (Самарџиски и Јане Петровски, а на поширокиот список беше и тренерот на сениорите Софкоски, кај дамите Самарџиска, сестрите Ханка и Едина Муса, Раденковиќ). Сениорките, водени од тренерот Бобан Самарџиски и Бојана Самарџиска освоија двојна круна во 2001 г. По двапати (во 2000 г. и 2007 г.) сениорките беа втори во првенството и Купот. Јуниорките предводени од Ханка Муса беа двапати првенки. Амди Муса беше селектор на репрезентацијата до 16 г. на ЕП во Мадрид 2003 г. која заврши седма и за неа тогаш играа 4 наши кошаркари. *Низ клубов поминале неколку стотици кошаркар(к)и.* *Не добивме поддршка од МКФ, иако, исто како и во премиерната машка прволигашка сезона (2014/2015), и во оваа сезона * *планиравме да играме исклучиво со домашни, и тоа млади, кошаркари*. А, нели, треба домашните кошаркари да имаат (достојна) минутажа. МКФ треба да постои поради клубовите, а не да биде обратно. МКФ треба да помага на клубовите, а не да ги дезинформира. Нашиот спортски директор и тренер-координатор во сите категории на клубов, Проф. Амди Муса, кој во кошарката е 50 г. како играч, тренер и функционер, во канцеларијата на МКФ, лично од спортскиот директор Владимир Темелковски, беше информиран дека во Првата машка лига сезонава ќе играат само оние екипи кои можат да бидат домаќини во сали кои се според строгите прописи на ФИБА, дури и по цена да првата Лига брои само 6 екипи. Тоа значеше дека не ќе можеме да играме во елитата како порано, во салата во "Градскиот парк" и дека, со оглед што во сезонава ќе требаше да бидеме домаќини на најмалку 18 натпревари, ќе требаше да потрошиме минимум околу 12.000 евра. *А, сведоци сме на најновата одлука на УО на МКФ, кој во текот на оваа недела овозможи, сепак, да во регуларниов дел од сезоната ќе може да се игра и во други сали (!)*, а не само во трите сали ("Борис Трајковски", големата сала во "СРЦ Кале" и "Јане Сандански") кои отпрвин беа посочени како единствени сали каде што ќе може да се играат прволигашки натпревари. *Доколку знаевме дека ќе може да се игра и натаму во сали како што е "Градски парк", која бесплатно ја користевме со години, благодарение на соработката со КК Работнички АД, нашиот клуб ќе ја почнеше сезонава во Првата лига и јубилејот од 25 години напролет ќе го прославевме како прволигаш*. А, сега, не играме, поради наш револт од односот на луѓето кои ја предводат МКФ, ниту во Втората машка сениорска лига. *Иако претходно објави дека котизацијата ќе може да се плати на две рати, МКФ подоцна побара истата да биде платена одеднаш, и тоа најдоцна до еден месец пред стартот на елитата!? * Не можевме навремено да ја уплатиме котизацијата од 10.000 евра бидејќи проценивме дека парите за котизација кои, сепак, ќе ги обезбедевме од своите редови може да отидат во неповрат, со оглед на тоа што ќе немавме сала во која ќе игравме како домаќини. Укажуваме дека, според нас, доволни се најмногу по околу 3.000 евра од клуб за котизација. Но, МКФ побара 10.000 евра! *На што се трошат сите пари од котизацијата*? *Во МКФ има луѓе кои се скапо платени професионалци (со плати во илјадници евра), а аматерски ја водат Федерацијата*. *Она што најмногу боли е неподносливата леснотија со која што МКФ се откажа од еден кошаркарски колектив кој сезонава требаше да прослави 25-годишен јубилеј. * И не само тоа, сега може да биде доведено во прашање натамошното егзистирање на клубов кој откако е формиран секогаш ги почитува(л) прописите и работел на професионално ниво, со ентузијазам и посветеност на неговите тренери во работата со млади таленти. Порано првата машка кошаркарска Лига беше најгледана во македонскиот спорт воопшто, но изминативе неколку сезони на сите натпревари заедно во било кое коло во текот на регуларниот дел од кошаркарската сезона има помалку гледачи отколку на пример само на еден ракометен натпревар. И не само тоа. Пред 20-на години КФМ обезбедуваше спонзор на Првата Лига ("Мак-Партнер лига") кој ги сносеше трошоците за службените лица на натпреварите. *Зошто сегашново раководство на МКФ веќе четврта сезона нема најдено спонзор на Првата лига? * На крај сакаме гласно да резимираме: од ова раководство на МКФ, во последниве повеќе од три години се изнаслушавме за казни, суспензии, котизации, одземање на пасоши, и.т.н., и.т.н. ... Она што не успеавме да го слушнеме е што тие направија позитивно за клубовите и за кошарката во целост? Овие одговори ги должат на сите нас кои што сме ја создавале и ја создаваме кошарката, и секако на, спортската, а пред се, на кошаркарската јавност. Спортски поздрав. Управен одбор на КК Водњански лисици СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек. Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции. „Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДвојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во НикшиќПрвенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи. Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ. Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања. На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери. „Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter