КК Куманово со апел за фер и коректно навивање на мечот со МЗТ Скопје - Канал 5

КК Куманово со апел за фер и коректно навивање на мечот со МЗТ Скопје

Ден пред одигрувањето на вториот натпревар од финалето на Кошаркарскиот шампионат на Македонија меѓу Куманово и МЗТ Скопје Аеродром, управата на кумановската екипа преку соопштение побара од своите навивачи, но и сите актери на утрешниот меч фер и коректна спортска атмосфера, со цел, како што се вели во соопштението, кумановчани да покажат дека се најкошаркарскиот град во Македонија.

КК Куманово со апел за фер и коректно навивање на мечот со МЗТ Скопје

Куманово натправи „брејк“ на првиот меч во Скопје по што оствари предност од 1:0 во победи во серијата подобар до три. Токму затоа утрешниот втор дуел е исклучително значаен за двете екипи, а кошаркарите, но и сите актери ќе бидат под голем притисок.

Со цел да се избегнат несакани ситуации, по кои би следувале и строги санкции, од КК Куманово апелираат: „Им се заблагодаруваме на нашите верни навивачи кои ни дадоа огромна поддршка на претходните натпревари во Скопје, на кои и ние на најдобар начин возвративме. Воедно, изразуваме благодарност до управата на МЗТ Скопје, која ги отвори вратите за кумановчани и создаде услови за вистинско уживање на сите искрени љубители на кошарката во Македонија, за разлика од некои претходни случаи со други клубови (полуфиналето во Скопје и Купот на Македонија во Гевгелија)“

Во оваа прилика, се додава, мора да се напомене дека и службените лица (судиите и делегатот) делегирани од Комесарот за натпреварување беа на висина на задачата, скоро неприметни - на европско ниво, без создавање непотребни тензии, што, се наведувам можеше да се забележи и кај играчите и тренерите на двете екипи кои беа без значајни забелешки во текот на целиот натпревар.

- На крај најважното: уште еднаш апелираме до сите наши верни навивачи кои навистина го сакаат клубот, на наредниот натпревар да се воздржат од било какви провокации и неспортско навивање кон сите учесници на теренот, кои му штетат само на нашиот клуб и можат да доведат до санкции. Апелираме до сите кумановчани да покажеме дека најкошаркарскиот град во Македонија може да организира кошаркарски празник и да приреди фантастична спортска атмосфера по која сите ќе не паметат, се вели во соопштението од КК Куманово.

При тоа се напоменува до гледачите да не носат ситни предмети (запалки, метални пари, шишиња и сл.), бидејќи ќе биде спроведена ригорозна контрола на четирите влеза кои ќе бидат отворени за овој натпревар’.

Вториот натпревар од Плеј - офот ќе се игра утре во Куманово со почеток од 19 часот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна трпеза полна со месо, колбаси

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна гозба – трпеза полна со месо, колбаси и колачи – а потоа испрати и порака.

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна трпеза полна со месо, колбаси

Светската фудбалска ѕвезда норвешкиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, 26-ти роденден го прослави на свој начин – со раскошна гозба за време на паузата по Светското првенство.

Маестралниот голгетер одигра важна улога во норвешката репрезентација на овогодишното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, предводејќи ја својата селекција до најдобриот пласман во историјата, пред да бидат елиминирани од Англија во четвртфиналето.

Бидејќи до почетокот на новата сезона во Премиер лигата има уште неколку недели, Халанд одлучи да одмори на Сардинија, каде што ужива на јахта со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен.

На својот роденден, тој сподели фотографија од нејзиниот профил на Инстаграм на која се гледа импресивна трпеза.

Масата е полна со огромни порции месо на скара, колбаси, палачинки, јајца, бејгели и овошје, како и голем избор на торти и пецива, додека во позадина се протегаше погледот кон морето.

Подоцна, тој објави и фотографија на која се релаксира на јахта со викиншки шлем на главата, придружена со кратка порака: „26 години. Прекрасно.“

Халанд е познат по една од најекстремните диети во светот на фудбалот. Тој внесува околу 6.000 калории дневно за да ја одржи својата импресивна физичка градба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси пејачка носи само две ленти

Носи само 2 розеви ленти, никогаш не сте виделе вакво минијатурно бикини!

Фото: Секси пејачка носи само две ленти

Атрактивната српска пејачка Теодора Џеверовиќ успеа да ја разбуди имагинацијата на своите следбеници кога сподели фотографии во минијатурно бикини.

Таа покажа дека е во топ форма, а во една прилика откри и како успева во тоа.

Теодора позира на лежалка во розов костим за капење, а тетоважата меѓу градите и на бутот се во преден план.

Таа речиси секојдневно објавува видеа и фотографии од теретана, па не е изненадување што има совршено тело, а неодамна откри дека за појадок се труди да комбинира овошје и житарици за да има рамен стомак и доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб, ќе игра на Филипините.

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб

Како што објави менаџерот на српскиот центар Бобан Марјановиќ, познатиот Мишко Ражнатовиќ, искусниот центар потпишал краткорочен договор со тимот SGA од Филипините, за кој ќе настапува на турнирот „Вилијамс Џонс куп“ во Тајван.

Интересно е што овој тим е основан во 2023 година. Тој не се натпреварува во ниту една лига, туку учествува на споменатиот куп, кој го има освоено двапати.

Марјановиќ минатата сезона ја помина во екипата на Илирија, каде што имаше просек од 13,9 поени и 8,6 скока. Останува да видиме што го очекува по завршувањето на соработката на Филипините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер