КошаркаKK Арис: Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме, секогаш ќе бидеш во нашите срцаГрчкиот кошаркарски клуб Арис од Солун преку социјалните мрежи се прости со својот поранешен тренер Лазар Лечиќ, кој синоќа почина во Скопје.Грчкиот кошаркарски клуб Арис од Солун преку социјалните мрежи се прости со својот поранешен тренер Лазар Лечиќ, кој синоќа почина во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Во постот придружен со фотографија од времето кога македонскиот кошаркарски тренер го водеше солунскиот клуб, му порачаа дека никогаш нема да го заборават, но се осврнаа и на Јанис Јоанидис кој почина лани, а заедно со Лечиќ беа дел од Арис. -Лазар отиде да се сретне со Јанис за повторно, од горе, заедно да го тренираа Арис. Лазар повеќе не е тука, но никогаш нема да „замине“. Секогаш ќе биде во нашите срца и душа. Семејството на Арис жали. Од денеска е посиромашно. Лазар Лечиќ, никогаш нема да те заборавиме, напишаа на социјалните мрежи од солунскиот кошаркарски клуб. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИџе со нов предизвик – прв македонски возач кој ќе настапи со прототип болидЕвропскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера.По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам. Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, испишувајќи нова страница за македонскиот автомобилизам. „Отворам ново поглавје во мојата кариера. За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, еден од само 12 вакви болиди произведени во светот. Станува збор за исклучително моќно возило, прототип чија технологија и перформанси се блиски до болидите во Формула 1. Денес го тестирам токму на Водно, местото каде што започна мојата тркачка приказна. Со овој болид влегуваме во нова категорија, со исклучително силна и бројна конкуренција. Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, изјави Стефановски. Новиот прототип болид претставува врв на инженерството во ридскиот автомобилизам. Конструиран е исклучиво за натпреварување, со ултралесна шасија, исклучителен однос меѓу тежината и силата и аеродинамика што овозможува максимални перформанси на најтешките планински патеки. Управувањето со ваков автомобил бара врвна физичка подготвеност, големо искуство и беспрекорна прецизност. Со овој чекор, Игор Стефановски – Иџе не само што отвора ново поглавје во својата кариера, туку поставува нови стандарди за македонскиот автомобилизам, носејќи ја Македонија во највисоката класа на европските ридски натпреварувања.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДрвошанов: Владата ја унапредува енергетската независност преку зелена транзицијаПриоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката.Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Усвоивме нов Закон за енергетика, целосно усогласен со европските директиви и поздравен од Европската енергетска заедница, како и Интегрираниот национален план за енергија и клима (NECP) 2025-2030, со кој за првпат се воспоставува систем за следење на процесот на декарбонизација. Со тоа создадовме стабилна и предвидлива правна рамка што обезбедува сигурност за граѓаните и привлекува сериозни инвестиции. Во делот на обновливите извори, заклучно со 1 јуни 2026 година пристигнаа над 800 инвестициски иницијативи по јавниот повик за 2027 година. Финализиран е и проектот за државен батериски систем со капацитет од 300 MWh во соработка со ЕБОР, воведена е обврска за батериски системи за складирање енергија, воспоставен е ГИС-систем за дигитализација на постапките за ветерна енергија, исплатени се над 50 милиони денари поддршка за производство од обновливи извори, а новиот Закон за обновливи извори е во собраниска процедура. Ова значи поголема домашна енергетска независност и помала изложеност на ценовните шокови. Усвоен е тригодишен план за реконструкција на 14 државни објекти во кои се сместени 33 институции, вреден 11 милиони евра. Обезбедени се дополнителни 50 милиони евра во соработка со АФД, 18 милиони евра преку Светска банка и почетен капитал од 5 милиони евра за независен Фонд за енергетска ефикасност. Со новиот Закон за енергетска ефикасност воведовме обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од јавните згради, како и задолжително поставување соларни панели на новите и реконструираните јавни објекти. Ја активиравме праведната енергетска транзиција преку Советот за праведна транзиција и 61 конкретна мерка со кои се обезбедува зелениот премин да биде економски одржлив и социјално праведен. Обезбедивме и силна меѓународна поддршка од 65,7 милиони евра од Европската комисија преку Планот за раст за Западен Балкан, 5,2 милиони евра ИПА средства, како и забрзување на реализацијата на енергетските интерконектори со Албанија, Грција и Србија. Почитувани, Продолжуваме да градиме енергетски систем кој е сигурен, модерен и одржлив, во интерес на секое домаќинство и на идните генерации. Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Пет активни пожари низ МакедонијаЦентарот за управување со кризи информира дека до пред два часа се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а два се под контрола.Според ЦУК, на различни места е зафатена ниска вегетација, ѓубриште, грмушки, мешана шума и слама во двор. Пожарите се активни во Гостивар во близина на Ѓоновички мост, Ранковце – село Ранковце Кратово – село Кетеново, Битола – село логоварди и Старо Нагоричане – село Руѓинце. Во однос на пожарите што се под контрола, тие се во Општина Виница и Општина Зрновци, како и кај градските гробишта Неготино. Пожарите се разгореа изминативе неколку часови, со оглед што ЦУК информираше дека нема ниту еден активен оган на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08