Ќерката на Здравко Чолиќ прв пат го покажа десет години постарото момче (ФОТО) - Канал 5

Ќерката на Здравко Чолиќ прв пат го покажа десет години постарото момче (ФОТО)

Уна, дваесет и тригодишната ќерка на пејачката легенда Здравко Чолиќ, често објавува моменти од својот приватен живот на социјалните мрежи, но никогаш не споделила едно нешто - до сега.

Ќерката на Здравко Чолиќ прв пат го покажа десет години постарото момче (ФОТО)

Во објавата каде што покажа како ужива во Шпанија со своите пријатели и своето момче, таа објави заедничка фотографија со своето момче за прв пат без да го крие неговото лице. До сега, таа секогаш го правеше тоа или го покажуваше одзади, не сакајќи да споделува толку многу приватност со своите следбеници.

Бизнисмен со кого е во врска една година

Речиси ништо не се знае за нејзиното момче. Според српските медиуми, станува збор за бизнисмен кој е 10 години постар од неа, а тие се во врска една година.

Таа беше со него на концерт каде што настапуваше нејзиниот татко Здравко Чолиќ, па се претпоставува дека го запознала со нејзиниот татко.

Чола: Не ми се допаѓа, но не можам да ѝ забранам

На социјалните мрежи, Уна често споделува моменти од секојдневниот живот и од луксузни патувања, а понекогаш се фали со линија и витка фигура во попредизвикувачки изданија. Нејзиниот татко еднаш му призна на Аваз дека не ги одобрува нејзините фотографии, но и дека Уна е сосема поинаква од него.

„Таа само фотографира. Ја прекорувам, не ми се допаѓа, но не можам да ѝ забранам. Таква е... Едноставно комуницира со луѓе, сака да фотографира. Никогаш не сум бил таков, колку помалку, толку подобро. Само кога морам, поради работата. А таа цело време е на телефон. Не можам да ѝ забранам, што да правам со неа“, рече Чола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

СДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“.

Денес излегоа пред камерите.

Покажаа медиумски наслови.

Кажаа многу зборови.

Само едно нешто повторно не покажаа: снимката.

Затоа уште еднаш, сосема едноставно:

СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“.

Не наслов.

Не интерпретација.

Изјавата.

Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи.

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија.

Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност.

Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic.

Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари

Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката.

Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари.

Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет.

Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини.

Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците.

По иницијатива на Директорот на Фондот, м-р Златко Перински, кој веднаш по преземањето на функцијата на ова прашање му даде приоритет. Во координација со Министерството за здравство, стручните служби на Фондот ги направија потребните финансиски анализи и подготвија решение со кое Myfortic во двете јачини повторно ќе биде достапен без доплата за осигурениците.

Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic.

Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страната на Фондот.

Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата.

Со предложеното решение, Фондот истовремено ги штити пациентите од дополнителен финансиски товар и обезбедува поодговорно користење на средствата од здравствениот буџет. Пациентите ја добиваат потребната терапија без доплата, а Фондот за истиот лек издвојува помалку средства во однос на периодот пред намалувањето на неговата цена.

Фондот ќе продолжи активно да ги следи состојбите на пазарот на лекови и да презема мерки со кои конкуренцијата и рационалното управување со средствата ќе се преточуваат во конкретна придобивка за осигурениците – поголема достапност до потребната терапија и помал финансиски товар за пациентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг места

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на асфалтирањето на новопроектираната улица СТУ 3 која ги поврзува улиците „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“. 

Општина Битола: Нова улицa и над 100 нови паркинг места

Улицата е со вкупна должина од 421 метар, а согласно проектот планирани се над 100 нови паркинг места во овој реон.

Вкупната вредност на инвестицијата во инфраструктурата изнесува 19.627.446 денари, а средствата се обезбедени од првиот повик на Владата преку Министерството за транспорт.

Претходно, во овој дел беше изведен сепаративен систем на канализационата мрежа за фекална и атмосферска канализација. Вкупната вредност на зафатот изнесува 7.469.131 денари, а изведувач на работите беше ЈП „Нискоградба“ со средства обезбедени од првиот владин повик.

Поставена е и нова водоводна инсталација чија вредност изнесува 2 милиони денари, изведена од ЈП „Водовод“ Битола со средства обезбедени од Буџетот на Општина Битола, како и комплетна електро инсталација за улично осветлување со вредност од 1.919.206 денари, финансирана од првиот повик на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер