Здравко Чолиќ објави нова песна- ја напиша Дино Мерлин, спотот е снимен во Загреб (ВИДЕО) - Канал 5

Здравко Чолиќ објави нова песна- ја напиша Дино Мерлин, спотот е снимен во Загреб (ВИДЕО)

Здравко Чолиќ објави нова песна, насловена како „Пролет за љубовници“, напишана од Дино Мерлин.

Здравко Чолиќ објави нова песна- ја напиша Дино Мерлин, спотот е снимен во Загреб  (ВИДЕО)

Исто така, е направен и видео запис, кој е целосно снимен во познатиот хотел Еспланада во Загреб, објави Индекс.

Покрај Чолиќ, во видеото се појавуваат и актери како Арија Ризвиќ и Филип Јуричиќ. Исто така, тука се и Звончица Вучковиќ, Игор Ковачиќ и Ангелина Ковачиќ.

Погледнете го видеото за песната „Пролет за љубовници“ и кажете ни дали ви се допаѓа или не:

YouTube video

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Полициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. 

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

Видео: Салма Хајек речиси падна поради високите потпетици

Мегапопуларната актерка Салма Хајек се појави на Неделата на модата во Париз и тоа беше доволно јавноста да заборави на се друго.

Видео: Салма Хајек речиси падна поради високите потпетици

Секогаш духовита и шармантна, Салма ја избра ревијата на Баленсијага за да блесне во полн сјај. Таа воодушевува и кога е во бикини и кога е во елегантни фустани, едноставно не може да ја скрие својата харизма.

Таа никогаш нема да се откаже од своите вртоглаво високи потпетици, дури и по цена на паѓање, како што може да се види во едно видео кога актерката поради високите потпетици кои заглавија во тротоарот се сопна, но сепак остана на нозе.

Имено, потпетицата на Салма се заглави меѓу коцките на тротоарот, но за среќа сè заврши добро.

Герасимовски: Пријави се до 20 јули и биди практикант во Општина Центар, плата 15 000 денари

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е вториот јавен повик за практикантска работа во Општина Центар. 

Герасимовски: Пријави се до 20 јули и биди практикант во Општина Центар, плата 15 000 денари

На овој повик, можат да се пријават студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет, кадешто во текот на следните шест месеци практикантите ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

„Ги повикувам сите студенти од овие факултети кои се заинтересирани да се пријават, ајде заеднички да работиме на наш поубав Центар. Ова е одлична можност за студентите, покрај теоретското знаење кое го стекнуваат на факултет, тие ќе се стекнат и со практична работа која може да биде шанса за ново вработување”, вели Герасимовски.

Јавниот повик ќе биде отворен до 20 јули, новите практиканти ќе почнат со работа на 1 август. Од првиот повик, четворица практиканти се веќе почнати и секојдневно во секторите на општината ја извршуваат својата практикантска работа.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

За дополнителни информации, јавете се на телефонските броеви : 02/3203-600 и 02/3203-655, на е-мејл адреса: [email protected],

или на веб страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=25893

Општина Центар

притисни ентер