Ќерката на Џенифер Лопез ќе ја објави својата прва книга - Канал 5

Ќерката на Џенифер Лопез ќе ја објави својата прва книга

Ќерката на пејачката Џенифер Лопез, Ема која има 12 години, оваа година ќе ја објави својата прва книга.

Ќерката на Џенифер Лопез ќе ја објави својата прва книга

Гордата мајка со своите пријатели на Инстаграм профилот сподели фотографија од својата ќерка како во раката држи дел од книгата која носи назив „Боже, помогни ми (Lord, help me)“.

Ема во книгата пишувала колку молитвата е важен дел од нејзиниот духовен живот.

Целиот приход ќе отиде во еколошки организации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани

Тим хирурзи од израелскиот медицински центар „Шеба“ (Sheba Medical Center) повторно пристигна во Македонија за да продолжи со специјалистичкото лекување на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани од16 март 2025 година. 

Израелските доктори ќе продолжат да ги лекуваат повредените во катастрофалниот пожар во Кочани

Како што соопштија од медицинскиот центар преку својот официјален Instagram-профил, израелските специјалисти повторно ќе работат со македонските медицински тимови, при што се предвидени дополнителни прегледи и хируршки интервенции во Кочани и Скопје.

Во тимот се д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници при „Шеба“, д-р Матан Шерф, раководител на Одделението за микрохирургија во рамките на Одделот за хирургија на рака, и д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург, специјализиран за зачувување на екстремитетите.

Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа дел и од медицинскиот тим на „Шеба“ што пристигна во земјата непосредно по трагедијата, кога заедно со домашните лекари учествуваа во згрижувањето и лекувањето на повредените.

Нивната повторна посета е насочена кон продолжување на третманите и дополнителните хируршки процедури кај пациентите на кои им е потребна понатамошна специјализирана медицинска грижа.

Во објавата, медицинскиот центар сподели и фотографии од хируршкиот тим за време на интервенциите.

„Во Шеба веруваме во надеж без граници“, порачаа од израелскиот медицински центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Продолжуваме со средбите во населените места на општина Кавадарци.

Јанчев: Гласот на секое населено место е важен!

Вечерва во фокусот беа Глишиќ, Марена и Сопот, каде остваривме директни средби со жителите и разговаравме за нивните потреби, предлози и идеи за идниот развој на населените места.

Размената на мислења и конкретните иницијативи се важен дел од подготовката на Програмата за работа за 2027 година, со цел да се утврдат приоритетите и активностите што ќе одговорат на барањата на граѓаните.

Гласот на секое населено место е важен!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. 

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика?

Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило.

Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст!

ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност:

• Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход?

• Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход.

Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош.

ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер