Ќерката на Џеки Чен е бездомник и живее под мост: Објавила видео во кое ги обвинува родителите за се!(видео) - Канал 5

Ќерката на Џеки Чен е бездомник и живее под мост: Објавила видео во кое ги обвинува родителите за се!(видео)

Скандал во Холивуд!

Ќерката на Џеки Чен е бездомник и живее под мост:  Објавила видео во кое ги обвинува родителите за се!(видео)
Ета Чок Лем, ќерката на славниот катер Џеки Чен е бездомник и живее под мост со нејзината девојка, канадска инфлуенсерка Енди Отум.
Имено, Ета минатата недела на социјалните мрежи објавила видео на кое тврди дека е бездомник благодарение на нејзините 2хомофобни родители“ и дека живее во страв затоа што не сака да се раздели од Енди.
-Здраво, јас сум ќерката на Џеки Чен и ова е мојата девојка Енди. Бездомници сме веќе месец дена благодарение на хомофобните родители. Спиеме под мост и ги доживуваме и живее истите работи како и сите други бездомници“, чита од хартија 19- годишната Ета.
Младите девојки велат дека се исфрлени на улица поради нивната љубовна врска, а не им се доближуваат на државните засолништа во Хонг кОнг поради страв дека ќе ги разделат.
Џеки Чен ја добил Ета за време на кратката афера со нејзината мајка Елејн Ји - Леи ,а нивната врска ја нарекол „страшна грешка“. Ета со татко и немала никакво контакт, а порани изјавила дека се додека ја има мајка и нема потреба од татко.
YouTube video

After all these years of negativity, living in shame and being afraid of the world I've come to the conclusion that it's easier to accept that I am never meant to love or be loved. Especially as a lesbian in a culturally sensitive society I would be doing my family a favour staying hidden, silent, sit and behave like I've been instructed all my life. but Then you came along and proved me wrong, I deserved to be happy, love and be loved. @andiautumn you Accepted every single part of me. The good, the bad and the crazy 😂 You opened my heart and mind to all the good in this world, kissed every scar I have. 2017 has been a complicated year, I've faced so much that was meant to break me and it would have but you kept me strong all the way. You Everything and more, I love you so so much princess 💕 ~Happy Early 9 month anniversary 💕 2/14/17 ~

A post shared by @ stolenmilktea on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Три анкети во октомври спроведени по нарачка од ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека владејачката партија и натаму е во убедлива предност пред опозициските партии, информираше на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Анкета на ВМРО-ДПМНЕ: Владејчката партија останува со убедливо водство

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%, потоа следуваат СДСМ со 8.5%, ДУИ со 7.9%, ВРЕДИ 7,1%, Левица со 6% и ЗНАМ 2%.

Мицкоски кажа дека и покрај тоа што рејтинзите одат во прилог на партијата, сепак останува на ставот дека предвремени избори не треба да има, а како главна причина ја наведе потребата следната година треба да се обезбедат 2,3 милијарди евра за враќање на долговите направени во ковид-кризата.

Премиерот на брифингот кажа дека главниот предизвик за владата претстојната зима е енергетската стабилност, со оглед дека цените на гасот и електричната енергија во Европа се пораснати за три пати. За таа цел, најави повторно рестартирање на ТЕЦ Неготино, а мазутот што ќе се купува, ќе се транспортира од солунското пристаниште со вагоните на железници, наместо со цистерни како претходно.

Истовремено, рече дека се прават подготовки и за отворање на посебен граничен премин со Косово во близина на Блаце, кој порано го користел КФОР, низ кој дневно се очекува да поминуваат по 200 камиони со јаглен за РЕК Битола и РЕК Соломеј.

Според, проценките на Мицкоски, со ваквите мерки, цената на струјата од јануари би поскапела за помалку од 5%...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, изјави италијанскиот министер за образование, пренесува Ројтерс.

Италија на нозе: Евакуирани над 300 училишта по закани за поставени бомби (ВИДЕО)

Оваа безбедносна тревога доаѓа во време на растечка загриженост во Европа поради заканите од таканаречената „хибридна војна“, која неодамна беше насочена кон супермаркети, центри за трансфузија на крв, авиосообраќај и телевизиски куќи.

Министерот за образование Џузепе Валдитара за телевизискиот канал „Ла7“ изјави дека се верува оти заканите се лажни, додавајќи дека се очекува бројот на погодени училишта дополнително да се зголеми.

Пораки до родителите и необичен потпис

„Поради тревогата за поставени бомби низ целата земја, ве известуваме дека сите ученици се преместени на безбедна локација и се под надзор на наставниот кадар“, соопшти едно училиште во Рим до родителите преку апликација за пораки.

Фактот што толку голем број училишта биле цел „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“, нагласи министерот Валдитара.

Заканувачката електронска порака била потпишана со името „Михаил Андропов, лидер на Вилает Мизогинистан“, се наведува во копијата од пораката до која дојде Ројтерс. Истиот потпис се појавил и во претходни закани.

Истиот наводен испраќач ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби, кои во петокот преку електронска пошта беа испратени до медиуми во Ирска и Бугарија.

Италијанската полиција го истражува целиот случај, потврди портпарол на полицијата во Рим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер