Ќе успеат ли производителите на автомобили да ги запазат строгите ЕУ правилници за емисија на гасови ? - Канал 5

Ќе успеат ли производителите на автомобили да ги запазат строгите ЕУ правилници за емисија на гасови ?

Производителите на автомобили се загрижени дека тешко ќе успеат да ги задоволат строгите ЕУ критериуми за издувни гасови до 2021.

Ќе успеат ли производителите на автомобили да ги запазат строгите ЕУ правилници за емисија на гасови ?

Асоцијацијата на европските производители на автомобили бара од ЕУ воведување на нови ограничувања на емисијата на штетни гасови.

Новите ЕУ стандарди предвидуваат автомобилите да немаат емисија на издувни гасови похолема од 95 грама јаглерод диоксид на поминат километар. Минатата година Европската Комисија предложи дополнително да се намали емисијата за дополнителни 30% до 2030 година , за дополнително намалување на влијанието на штетните гасови врз климатските промени.

Новите автомобили минатата година имаа просечна емисија од 118,5 грама јаглерод диоксид по минат километар.

,, Нашата индустрија е загрижена дали ќе успееме да ги задоволиме критериумите до 2021 . И покрај напорите за намалена употреба на дизелот , сепак за прв пат е зголемена емисијата на јаглерод диоксид.” , изјави претседателот на Асоцијацијата , Ерик Јонерт.

Тој додаде и дека производителите ги прават сите напори со цел да ги избегнат високите казни , кои ќе следуваат доколку не ги задоволат строгите стандарди. Јонерт го одби палнот на ЕК со предупредување дека ќе може да се намали емисијата за 50% до 2021 во однос на сегашната.

,, Секое намналување над 20% е нереално . Секако , добро е чуството на хартија да се има голема редукција на издувните гасови , но ние не можеме да бидеме сигурни дека ќе успееме да исполниме се што е наведено на хартија.” , предупреди Јонерт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј.

Од 19-то место до победа

Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува.

Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет.

@kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli

Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца.

„Како сон од кој не сакам да се разбудам“

Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меркел е шокирана од победата на АфД: Ова е пресвртница во историјата на Германија (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави во вторник дека е шокирана од изборниот успех на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во покраината Саксонија-Анхалт.

Меркел е шокирана од победата на АфД: Ова е пресвртница во историјата на Германија (ВИДЕО)

„Ова е едноставно шокантно“, изјави Меркел на саемот за технологија Digital X во Келн, објави Дојче веле.

Таа додаде дека тоа е „вистинска пресвртница“, коментирајќи го фактот дека нејзината партија, Христијанско-демократската унија (CDU), претрпе пораз и изгуби половина од претходната поддршка на изборите во недела.

„Како членка на CDU, ова многу ме боли. Ова е пресвртница, вистинска пресвртница во историјата на Сојузна Република Германија“, рече Меркел, која ја водеше германската влада од 2005 до 2021 година, според Дојче веле.

Меркел изјави дека е загрижена што фактите повеќе не се важни за многу луѓе, додека емоциите, рече таа, доминираат во јавните дебати.

Таа ја наведе Саксонија-Анхалт како пример, каде што, според неа, економските индикатори се подобрија, но некои граѓани очигледно не го чувствуваат овој напредок.

Таа рече дека токму ова е проблемот, кога емоциите почнуваат да ги надминуваат фактите.

„И тогаш лидерот на AfD, Улрих Зигмунд, вели: „Можеби, но луѓето не го чувствуваат тоа така“, рече Меркел во врска со економските индикатори во покраината Саксонија-Анхалт.

Таа нагласи дека не смее да се дозволи таков пристап да стане мнозинска позиција во општеството.

На изборите за парламентот на германската федерална покраина Саксонија-Анхалт, одржани во неделата, AfD освои 43,8 проценти од гласовите. CDU освои 17,2 проценти, додека социјалдемократската SPD падна на 9,3 проценти.

Левицата освои 8,6 проценти, Зелените 8,9 проценти, а популистичко-левичарскиот сојуз BSV 5,3 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сандра Булок за позирањето на црвениот тепих: Се обидувам да не правам глупави гримаси (ВИДЕО)

Сандра Булок откри дека дури и по една деценија успешна кариера, сè уште не се чувствува удобно на црвениот тепих.

Сандра Булок за позирањето на црвениот тепих: Се обидувам да не правам глупави гримаси (ВИДЕО)

Таа зборуваше за непријатноста и паниката што ја чувствува за време на премиерите и свечените настани во разговор со нејзината пријателка Џенифер Анистон, но и за време на други неодамнешни јавни појавувања. Актерката повторно беше во центарот на вниманието поради промоцијата на филмот „Магија 2“, пишува People.

„Се чувствувам како срна под фаровите“

Разговарајќи со Џенифер Анистон за списанието Interview, 62-годишната Булок истакна дека ја видела својата колешка од „Магија 2“ Никол Кидман на црвениот тепих „можеби еднаш или двапати“ од нивниот прв заеднички филм во 1998 година. „Секогаш паничам на вакви настани“, се пошегува актерката и продуцентка. „Знаете колку ги „сакам“. Се чувствувам како срна под фаровите, се потам и се обидувам да не правам глупави гримаси“.

Добитничката на Оскар објасни дека тешко се справува со својот јавен имиџ и ја нарече 57-годишната Анистон една од нејзините „протеже“. „Уште од детството бев многу повлечена. Ја излудував мајка ми со тоа. Тоа е едноставно дел од мојата личност“, рече таа.

YouTube video

Анистон се согласи дека „теписите и интервјуата се најтешкиот дел“, но Булок имаше поинакво мислење. „Всушност, добро ми оди со интервјуата. Проблемот е позирањето“, одговори таа и се пошегува: „Сакам да бидам Зендаја, но никогаш нема да бидам Зендаја. Јас сум како нејзин чистач на чевли. Таа е величествена.“

Долгогодишна борба со стравот на сцената

Булок претходно зборуваше за вознемиреноста што ја чувствува на филмските премиери. Во 2018 година, таа откри за InStyle трик што го користи за да ја одржи самодовербата. „Не сум личност што знае како да се „продаде“ пред камерите“, рече таа во тоа време. „Се обидувам да ја канализирам Бијонсе. Секој пат ја правам истата поза.“

Неодамна разговараше за истата тема со Ејми Полер во подкастот Good Hang. „Јас не сум човек за црвениот тепих“, рече Булок, но 54-годишната Полер не се согласи. „Не ни е местото на црвениот тепих“, додаде Булок, опишувајќи го искуството како „кошмар“. „Не е вистина“, одговори Полер. „Ти припаѓаш таму!“.

YouTube video

Враќање по паузата

Промоцијата на продолжението на филмот „Магија“ го означи враќањето на Сандра Булок на црвениот тепих по години отсуство од јавноста. Актерката се повлече од холивудските проекти додека нејзиниот партнер Брајан Рендал се бореше со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Рендал почина во август 2023 година на 57-годишна возраст.

„Магија 2“, во кој глумат Никол Кидман, Стокард Ченинг, Дајан Вист, Ли Пејс, Џои Кинг и Мејзи Вилијамс покрај Булок, се прикажува во кината овој четврток, 10 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер