Ќе станат родители : 13 - годишната Дарија забременила од 10 – годишниот Иван (ВИДЕО) - Канал 5

Ќе станат родители : 13 - годишната Дарија забременила од 10 – годишниот Иван (ВИДЕО)

Приказната за 10-годишниот Иван од рускиот град Зеленгорск кој наводно ја забременил 13-годишната Дарија го обиколи светот.

Ќе станат родители : 13 - годишната Дарија забременила од 10 – годишниот Иван (ВИДЕО)

Лекарите велат дека тоа е невозможно, а бремената девојка се заколна дека немала друг партнер.

Двајцата, со дозвола од нивните родители, се појавија дури и на руската телевизија, каде Дарија рече дека се запознале пред една година и се заљубиле на прв поглед, и дека оттогаш се заедно. Тие тврдат дека се за вљубени и сакаат да го задржат бебето.

Лекарите, сепак, се сомневаат дека тоа е можно.

„Теоретски, и двете деца би можеле да бидат репродуктивно зрели“, озјави локалниот педијатар Николај Скоробогатов.

Урологот Евгениј Греков не се согласува и тврди дека малиот Иван не би можел да стане татко.

"Ги проверивме наодите три пати за да не може да има грешка. Тој нема половни клетки. Се уште е дете. Тој дури нема тестостерон и неговите сексуални органи сè уште се во фаза на развој. Сè уште не достигнал пубертет, така што има многу неодговорени прашања", тврди урологот.

Дарија дури и не сака да слушне за абортус и тврди дека таа и Иван спиеле само еднаш кога тој бил сам дома.

„Откако го сторивме тоа, се засрамивме, па се скривме под кебињата“, рече таа.

Набргу почнала да чувствува мачнотија, а кога мајка и ја однела на лекар, се открило дека е бремена.

"Потоа, таа призна дека спиела со Иван. Бев во шок, останав без зборови. Кога разговаравме, таа рече дека не сака да го изгуби бебето и јас ја поддржав", рече нејзината мајка Елена, која исто така учествуваше во шоуто .

Иван и неговата мајка Галина велат дека сакаат да и помогнат на Дарија да го одгледа бебето.

„Не знаев што да кажам кога слушнав дека мојот 10-годишен син ќе стане татко. Мислам дека не беше ни свесен за тоа што му се случи. Тој рече дека Дарија му понудила секс, не користеле заштита и очигледно е дека не ги знаеле последиците. “, рече таа.

YouTube video

Руските медиуми ги прашаа и соседите, кои велат дека се сомневаат дека момчето е татко.

„Мислам дека некој друг го направил бебето, а сега сакаат да го обвинат тоа дете“, тврди еден сосед.

Малиот Иван вели дека не се сомнева дека бебето е негово.

"Дарија никогаш не била со друг, сигурен сум во тоа. Јас сум таткото на нејзиното бебе", рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак Ѓоковиќ

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Завршниот мастерс во Торино, за првпат по 2017 година, со што завршува неговата деветгодишна низа.

Завршниот мастерс за првпат по 2017 без Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер не успеа да се квалификува за завршниот турнир во сезоната, откако во второто коло на Мастерсот во Париз загуби од Австралиецот Ринки Хиџиката со резултат 2:6, 6:3, 6:3. Ѓоковиќ го освои првиот сет против 83-тиот тенисер во светот, но потоа неговата игра опадна.

Хиџиката го подигна нивото на својата игра, ги искористи укажаните шанси и оствари една од најголемите победи во својата кариера. За српскиот ас, ова значеше крај на сите надежи за пласман меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе се борат за титулата во Торино.

Ова е само вторпат во последните 20 сезони Ѓоковиќ – иако е физички подготвен – да не настапи на Завршниот мастерс.

Претходно тоа се случи во 2017 година, кога го пропушти натпреварувањето поради повреда на лактот.

Седумкратниот победник на овој турнир, по долго време, ќе го следи крајот на сезоната надвор од терените.

Зад него е бурна година, одбележана со проблеми што влијаеја врз континуитетот на неговите настапи.

На почетокот на ноември, Ѓоковиќ изјави дека е блиску до решение за здравствените проблеми што го следеа во текот на изминатите 12 месеци. Тој нагласи дека неговите проблеми не се резултат на недоволен тренинг или подготовка, туку на здравствени околности.

„Оваа година фокусот беше на тоа да се чувствувам добро на теренот, а не толку на добрата игра. Во последно време се чувствувам подобро и верувам дека сме поблиску до решавање на проблемите со кои се соочувам“, изјави Ѓоковиќ.

Иако не успеа да обезбеди учество во Торино, Ѓоковиќ ја освои титулата во Пекинг во 2026 година, што беше 102-ри трофеј во неговата кариера.

Сезоната ја одбележаа и пласманот во финалето на Австралија Опен, како и во полуфиналето на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. 

Филипче до Мицкоски: Спинувате и дефокусирате за да избегате од одговорноста за Алта банка

Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната Надзорна расправа за „Причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, му порача на премиерот Мицкоски дека единствено што знае е да спинува и дефокусира за да ја избегне одговорноста за Алта банка. Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.

„Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара?

Не може да се амнестирате од одговорноста. Ја браните банката како ваша да е, како тука да влезе Дојче банка или не знам која светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор заради перење пари во Србија.

Тоа е вистината. Имате обврска да знаете за каков, за каков кредибилитет станува збор на газдата на банка којашто влегува тука на пазарот. И тоа што сега се случува е само доказ дека ние на тоа што укажувавме изминатите година дена беше вистина. Клучното прашање е зошто дозволивте, и на тоа не одговоривте влез на таква банка кај нас, за да сега граѓаните имаат таков проблем.

Вие може да дефокусирате и да зборувате и за ковид кризи и за маски и за вакцини и така натаму, ама тоа го правите во последно време ексклузивно кога немате одговор на другите суштински прашања. Давор Мацура е во затвор затоа што е осомничен за перење пари и за излекување близу 400 милиони евра.

Таков газда на таква банка влегла кај нас. Зошто не видовте како била казнета или намерно пропуштивте да видите како таа банка била казнета во Австрија, согласно австриските закони, европските закони. Па во Црна Гора наивни ли се што му забраниле влез на Давор Мацура во земјата? Која е цената која што ние сега сите треба да ја платиме за нестабилноста во банкарскиот сектор, за сомнежот којшто граѓаните го имаат во банкарскиот сектор?

Кој знае каква банка утре ќе влезе? Можеме повторно и за Евростандард да збориме, ама не е тоа суштината. Суштината е да се фокусираме на овие важни прашања и на вашата одговорност. Која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.Тоа се суштинските прашања, а не ковидот, не вакцините и така натаму“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината.

Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили.

Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер