Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе
Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени
1Фатена е „црната вдовица“- ѝ украла 300.000 фунти на немоќна старица, па цела година уживала на Тенерифе
2Девојчиња од Ирак поминале низ хорор- џихадисти ги купиле на пазар за робови и ги силувале, сега се осудени
3Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
КултураЌе се заокружи петгодишниот процес за реевиденција на иконите во прилепскоКонечно, по пет години, прилепскиот музеј ќе ја заврши обемната реевиденција на иконите во црквите и манастирите, на пишаните документи и на архитектурата. Откако тоа се направи на сакралното богатство во Крушево, Кривогаштани, Мариово, па Долнени, останаа црквите и манастирите во прилепско, како најобемни. Посебна е црквата „Свето Благовештение"" која има икони колку во 30 во прилепско. Оттаму се и познатите книжни икони, претставени на светска изложба во Њујорк. -Конечно завршуваме со проектот реевиденција на иконите, фрескоживописот, пишаниот материјал во црквите и манастирите. И тоа сега на територијата на Прилеп. Останаа околу 30 цркви во прилепско кои треба да се завршат, заедно со градските цркви. Вкупната брока на икони кои треба да се реевидентираат, заедно со новите, посебно е изоставен во реевиденцијата 19 век. Најголема збирка на икони содржи централната црква, Свето Благовештение и ќе биде посебно третирана. Има преку 170 икони кои се евидентирани како споменик на културата, вели Христоска. Од процесот на реевиденција, впечатокот е дека 19-тиот век е во заборав. -Сега се оди на комплетно документирање на сите црви од 19-тиот век, со фрескоживописот, заедно со иконите. Тука е и архитектурата. Инаку, иконите од 19-тиот век се во катастрофална состојба. Битно е да се преземат заштитни мерки. Министерството за култура треба да се заложи за тоа, објаснува Христоска. Последниве 15-тина години нема никаков проблем со исчезнувањето на икони во Прилепско, туку е потребно нивно зачувување. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинНовинарка му кажува на Харисон Форд (84) дека „сè уште е згоден“ , неговата реакција е хитХарисон Форд на 13. јули го прослави својот 84. роденден, а по тој повод тимот на порталот Е! News повторно ја подели снимката од неговата реакција од претходен разговор со новинарите што насмеа многумина.Славниот актер одговара на прашања на новинари, а посебно внимание привлече една новинарка која без да се воздржи одлучи да му даде комплимент на славниот актер. „Сè уште мислам дека сте многу згоден“, му вели таа пред насобраните, предизвикувајќи смеа во просторијата. Уште позабавна е реакцијата на Харисон Форд. Актерот ја погледнува малку збунето, длабоко воздивнува и неколку моменти останува без зборови. Новинарката не застанува на тоа. „Сè уште изгледате одлично“, продолжува таа, а потоа го прашува како успева во тие години да се одржи во форма. Форд за момент станува сериозен, а потоа одговара во својот препознатлив стил, со хумор. „Имав среќа да бидам благословен со ова тело. Фала што забележавте“, вели актерот, повторно предизвикувајќи смеа пред насобраните лица. „Харисон Форд е легенда“ Снимката набргу стана вирална, а многумина на социјалните мрежи ја пофалија неговата смисла за хумор. „Изразот на лицето после комплиментот кажува сè“ – прокоментирал еден корисник. „Харисон Форд сè уште има неверојатна харизма“, додал друг. Многумина се согласија дека токму таа негова опуштеност и способност да се пошегува на сопствена сметка е причина што публиката го сака и после 50 години кариера. Тајната на неговата форма се крие во активниот живот Иако Фрод се пошегува, сепак зад неговата фигура стојат години дисциплина и активен живот. Актерот претходно откри дека редовно вежба, вози велосипед и игра тенис, а на тренинзите се фокусира на одржување на силата, подвижноста и кондицијата. Во своите 80-ти години, како што изјави во една прилика, целта не е да се изгледа како бодибилдер, туку да се остане силен и подвижен. Со помош на тренинг прилагоден на возраста тој работи на цело тело, а особено му е важно да ја одржи рамнотежата и да го намали ризикот од повреди. Форд говореше и за својата исхрана, која со текот на годините ја променил. Не консумира месо и млечни производи, туку се одлучил на исхрана богата со зеленчук и риба. Ваквиот начин на исхрана, со редовната физичка активност, му помогнал да ја задржи својата форма во текот на своите осумдесетти години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноКуче скокна на пулт и случајно предизвика пожар- семејната куќа целосно пеплосана (ВИДЕО)Семеен дом во американската држава Мериленд беше речиси целосно уништен откако едно од кучињата случајно вклучи тостер, предизвикувајќи пожар.Пожарникарите беа известени минатиот петок околу 17:30 часот кога загрижените соседи забележаа чад, објави „Унилад“. Загинати миленици Иако пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот за околу дваесет минути, веќе беше направена голема штета, а неколку миленици загинаа. Соседите успеаја да спасат две кучиња - Боа и Ади. Сепак, властите потврдија дека третото куче, Дакота, како и две мачки, загинаа во пожарот. Во времето на инцидентот, ниту еден од членовите на семејството не бил во семејниот дом. Надзорната камера сними сè Истражителите ја утврдија причината за пожарот откако анализираа директни докази. Според нивните наоди, едно од кучињата се качило на кујнскиот пулт и случајно го активирало тостерот. Потоа уредот запалил други предмети, предизвикувајќи ширење на пожарот. Целиот инцидент, како што подоцна се покажа, е снимен на надзорна камера. Кучето кое случајно го вклучило тостерот и го започнало низот драматични настани, поминало неповредено. Службениците проценуваат дека штетата на структурата на куќата е околу 150.000 долари, додека дополнителна штета од 50.000 долари е нанесена на содржината внатре.Тагови: куче пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВрвни мајстори четири месеци го правеле „Пехарот на победниците“ – изработен е од килибар (ФОТО)Најголемиот пехар од килибар во историјата на руското производство е направен во фабриката за килибар во Калининград, соопшти прес-службата на компанијата.„Пехарот на победниците“, создаден по повод 80-годишнината од Калининградската област, е висок повеќе од еден метар и тежи повеќе од 30 килограми. Сите делови се склопени рачно Направен е од редок вид балтички килибар, таканаречен пејзажен килибар, и ќе биде дел од музејската колекција на фабриката. 10 мајстори работеле на создавањето на предметот четири месеци, а сите делови биле склопени рачно. Пехарот е украсен со килибарни скулптури и две рачно насликани икони, од кои едната го прикажува Свети Ѓорѓи Победоносец, симбол на победата на доброто над злото, храброста и заштитата. Соборување на претходниот рекорд Компанијата вели дека делото го надминува претходниот рекорд - килибарната вазна „Изобилство“, изработена во 1954 година за Сесојузната земјоделска изложба во Москва, која била висока 105 сантиметри и тежела 10 килограми. Калининградскиот комбинат за килибар, дел од државната корпорација „Ростех“, е единствената компанија во светот која индустриски се занимава со екстракција и преработка на килибар. Компанијата управува со наоѓалиштето Приморское во регионот Калининград, каде што се наоѓаат околу 90 проценти од светските резерви на овој минерал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter