Ќе се знае и референдумското прашање, за кое изминативе денови власта и опозицијата имаа комплетно различно гледиште за тоа како треба да биде формулирано.
Извори блиски до најголемата опозициска партија велат дека на лидерската средба Христијан Мицковски наводно предложил две прашање за референдумот, и тоа првото да гласело: „Вашиот став за договорот кој го потпишаа МНР Никола Димитров од името на владата на РМ и МНР Никос Коцијас од името на Владата на РГ на 17 јуни 2018 година во Псарадес (Нивици)“ и второ прашање, Вашиот став за политичката одлука за членство на РМ во ЕУ“.
Ова според истите извори било одбиено од владата, со образложение дека референдумското прашање треба да е едно и јасно, односна дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција?
Од СДСМ испратија е соопштение во кое пишуваат дека откако парламентарното мнозинство, заедно со опозицијата, ги изгласало промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии, се исполнети сите барања на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа партија веќе нема изговори за да не го прифати референдумот.
Инакау, како сме веќе кај раферендумот и партиските преговори, Дајман Манчевски уште еднаш кажа дека за време на лидерската средба од ВМРО-ДПМНЕ директно и индиректно побарале амнестија, на на крај тоа не поминало...
Времето за договор е кратко доколку се сака да асе фатат роковите , да се испочитува процедурата и референдумот да се одржи на 30 Септември.