Ќе се спаси ли Бритни Спирс од затвор поради возење под дејство на алкохол? - Канал 5

Ќе се спаси ли Бритни Спирс од затвор поради возење под дејство на алкохол?

Бритни Спирс има шанса да избегне затворска казна во случај на возење под дејство на алкохол, потврдија официјални лица. 

Ќе се спаси ли Бритни Спирс од затвор поради возење под дејство на алкохол?

44-годишната поп-ѕвезда беше обвинета за прекршок од страна на обвинителството на округот Вентура во четврток, а првото рочиште е закажано за 4 мај, пишува „Пипл“.

Официјалните лица изјавија дека на пејачката веројатно ќе ѝ биде понуден договор за признавање на вина за несовесно возење со алкохол. Таквата одлука е вообичаена со оглед на тоа што Спирс нема претходни прекршоци во врска со возење под дејство на алкохол, дека немало судири или повреди во моментот на нејзиното апсење и дека имала ниско ниво на алкохол во крвта.

Условна казна и едукација

Според стандардниот протокол, таков договор за признавање на вина му овозможува на лицето да се изјасни за виновно за несовесно возење под дејство на алкохол и/или дрога и да биде осудено на 12 месеци условна казна. Времето поминато во притвор е вклучено во казната. Обвинетиот е должен да посетува и курс за опасностите од возење под дејство на алкохол и да плати казни и судски трошоци пропишани со закон.

Службениците истакнаа дека ова решение за случајот е „вообичаено“, особено кога обвинетата „покажува самоиницијатива за решавање на проблемот преку рехабилитација или програма за лекување на зависност“.

Нејзините синови ја охрабрија да побара лекување

Портпаролот на пејачката потврди претходно овој месец дека Спирс доброволно се пријавила во установа за лекување. Неименуван извор во тоа време изјави дека нејзините синови, 20-годишниот Шон Престон и 19-годишниот Џејден Џејмс, одиграле клучна улога во нејзината одлука да побара помош.

„Нејзините синови во голема мера ја убедиле на рехабилитација. Тие беа јасни со неа. Тие само сакаат таа да биде здрава“, рече изворот. „Таа беше многу вознемирена и потресена по апсењето и е преплашена од одењето во затвор. Ѝ требаа неколку недели да сфати дека одењето на лекување е најдобрата опција“.

Детали за апсењето

Рочиштето на кое Спирс ќе се изјасни за виновна е закажано за 4 мај. Бидејќи станува збор за прекршочна пријава, службените лица разјаснија дека таа не мора лично да се појави на суд, туку може да биде застапувана од нејзиниот адвокат.

Пејачката беше уапсена на 4 март откако нејзиното црно БМВ беше пријавено во сообраќајната полиција во Вентура за „несоодветно возење со голема брзина“. Откако полицајците ја запреа, таа „покажа знаци на нарушена способност за возење“. По серија тестови за трезвеност на терен, таа беше уапсена и приведена, а потоа ослободена следниот ден наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала.

Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции.

Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата.

На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм.

Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“

Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..

Едношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“

Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија.

На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството.

Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани.

Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар

Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.

Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар

Од редовна воена обука до вистинска борба за спасување човечки живот. Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.

Повреден, со скршеници и обилно крварење, алпинистот останал на висина од околу 15 метри над земјата, откако при искачувањето му се откорнало парче карпа, а неговиот пад бил запрен со безбедносно јаже.

Несреќата се случила во саботата, кај старите тунели во Демир Капија. Според полицијата, станува збор за главен инструктор од планинарското друштво „Стена“ од Белград, кој се искачувал заедно со уште шестмина алпинисти од Србија.

За среќа, во непосредна близина, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ изведувале редовна обука за планински операции па веднаш излегле во пресрет на повредениот.

Како изгледала драматичната спасувачка акција, ексклузивно за Канал 5 раскажува еден од старешините кој непосредно учествувал во извлекувањето на повредениот. Неговиот идентитет не го откриваме од безбедносни причини.

-На вчерашниот датум, нели, околу 13:30 часот, при извршување на задачи од редовен карактер. ...наслушнавме повици за помош од страна на туристи, алпинисти, коишто спортуваа во непосредна близина на реонот каде што ние ги извршувавме тие задачи. При што веднаш пристапивме кон спасување, односно извлекување на ранетиот. Значи, побараа помош, воочивме дека има повредено лице, се организиравме – објаснува соговорникот.

Веднаш започнала трка со времето. Војниците успеале да стигнат до повредениот, да му укажат прва помош и да го извлечат од тешко пристапниот терен. Старешината вели дека вакви ситуации за време на обука се исклучително ретки, но токму присуството на специјалците во близина било пресудно за брзата интервенција.

-Лицето коешто беше повредено, беше утврдено на лице место дека има скршеници, обилно крварење. Беа санирани неговите повреди и лицето беше успешно извлечено надвор од непристапниот терен. Сосема професионално, онака како што и баталјонот веќе со години реализира такви активности. Знаете, сепак, на оваа единица приоритет е безбедноста на граѓаните, така што сметам дека и со оваа активност којашто ја извршивме вчера, тоа само го потврдивме. На повредениот му посакуваме брзо опоравување, брзо закрепнување. И среќа што тука ние се најдовме во истата близина да му пружиме помош – појаснува тој.

За само 50 минути од падот, повредениот алпинист веќе бил во возило на Итната медицинска помош од Неготино. Во Општата болница во Велес му биле констатирани тешки телесни повреди, а за неговата понатамошна здравствена состојба засега нема дополнителни информации.

Она што започнало како редовна воена обука, за припадниците на „Волци“ завршило како вистинска спасувачка мисија, во која нивната подготвеност и навремена реакција помогнале да се спаси човечки живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер