Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Шоу бизПо апсењето, Бритни Спирс отиде на лекување од зависностБритни Спирс доброволно се пријавила во центар за лекување од зависност од дрога пет недели откако беше уапсена под сомнение за возење под дејство на алкохол и дрога. Нејзиниот претставник потврди во недела, 12 април, дека 44-годишната пејачка донела сопствена одлука да оди на лекување. Уапсена на почетокот на март Спирс беше уапсена на 4 март во Калифорнија под сомнение за возење под дејство на опијати и беше ослободена следниот ден. Потоа нејзиниот претставник рече дека станува збор за „целосно непростлив“ инцидент и најави дека пејачката ќе ги преземе потребните чекори и ќе се придржува до законот. Според американските медиуми, таа треба да се појави на суд на 4 мај. По апсењето, нејзиниот претставник рече дека се надева дека Бритни ќе ја добие потребната помош и поддршка. Тој исто така нагласи дека нејзиното семејство ќе направи сè за да обезбеди нејзина стабилност и успешно закрепнување. Бритни ги има синовите Шон Престон и Џејден Џејмс со својот поранешен сопруг Кевин Федерлајн. Нов удар по години јавни турбуленции Сето ова се случува неколку години откако во 2021 година беше укинато судското старателство, кое со години им даваше на другите контрола врз нејзините финансии и важните одлуки во нејзиниот живот. Тврдењата од мемоарите на Кевин Федерлајн, објавени во октомври 2025 година, исто така привлекоа дополнително внимание. Во книгата „Ти мислеше дека знаеш“, Федерлајн изрази сериозна загриженост за Бритни, пишувајќи дека повеќе не може да се преправа дека сè е во ред и дека се плаши од последиците ако работите не се променат. Потоа таа одговори дека благосостојбата на нивните деца е најважна за неа. Претходно, таа зборуваше за траума и лекување Бритни Спирс претходно отворено зборуваше за своето ментално здравје, траума и искуство во згрижувачко семејство. Во своите мемоари „Жената во мене“, објавени во 2023 година, таа се присети на кризниот период во 2008 година, кога двапати беше присилно хоспитализирана. Таа пишуваше за стравот од губење на своите деца и чувството на целосна немоќ во периодот кога, како што тврди, била лишена од слободата да одлучува за сопствениот живот. По престанокот на старателството во 2021 година, таа јавно неколку пати изјави дека ѝ е потребно време за да се опорави. Во претходните појавувања, таа зборуваше за терапијата, лекувањето и последиците од сè низ што поминала, нагласувајќи дека сака луѓето да разберат дека, и покрај нејзиниот статус на светска ѕвезда, таа е само човечко суштество. Доброволно одлучи да се подложи на третман Според People, Спирс и нејзините блиски одлучиле дека одењето на третман е најдобриот чекор за нејзината благосостојба во моментов. Извор близок до пејачката рече дека се чувствувала засрамено и емотивно по апсењето и сакала да направи промена.Тагови: Бритни Спирс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕдношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија. На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството. Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани. Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.Од редовна воена обука до вистинска борба за спасување човечки живот. Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија. Повреден, со скршеници и обилно крварење, алпинистот останал на висина од околу 15 метри над земјата, откако при искачувањето му се откорнало парче карпа, а неговиот пад бил запрен со безбедносно јаже. Несреќата се случила во саботата, кај старите тунели во Демир Капија. Според полицијата, станува збор за главен инструктор од планинарското друштво „Стена“ од Белград, кој се искачувал заедно со уште шестмина алпинисти од Србија. За среќа, во непосредна близина, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ изведувале редовна обука за планински операции па веднаш излегле во пресрет на повредениот. Како изгледала драматичната спасувачка акција, ексклузивно за Канал 5 раскажува еден од старешините кој непосредно учествувал во извлекувањето на повредениот. Неговиот идентитет не го откриваме од безбедносни причини. -На вчерашниот датум, нели, околу 13:30 часот, при извршување на задачи од редовен карактер. ...наслушнавме повици за помош од страна на туристи, алпинисти, коишто спортуваа во непосредна близина на реонот каде што ние ги извршувавме тие задачи. При што веднаш пристапивме кон спасување, односно извлекување на ранетиот. Значи, побараа помош, воочивме дека има повредено лице, се организиравме – објаснува соговорникот. Веднаш започнала трка со времето. Војниците успеале да стигнат до повредениот, да му укажат прва помош и да го извлечат од тешко пристапниот терен. Старешината вели дека вакви ситуации за време на обука се исклучително ретки, но токму присуството на специјалците во близина било пресудно за брзата интервенција. -Лицето коешто беше повредено, беше утврдено на лице место дека има скршеници, обилно крварење. Беа санирани неговите повреди и лицето беше успешно извлечено надвор од непристапниот терен. Сосема професионално, онака како што и баталјонот веќе со години реализира такви активности. Знаете, сепак, на оваа единица приоритет е безбедноста на граѓаните, така што сметам дека и со оваа активност којашто ја извршивме вчера, тоа само го потврдивме. На повредениот му посакуваме брзо опоравување, брзо закрепнување. И среќа што тука ние се најдовме во истата близина да му пружиме помош – појаснува тој. За само 50 минути од падот, повредениот алпинист веќе бил во возило на Итната медицинска помош од Неготино. Во Општата болница во Велес му биле констатирани тешки телесни повреди, а за неговата понатамошна здравствена состојба засега нема дополнителни информации. Она што започнало како редовна воена обука, за припадниците на „Волци“ завршило како вистинска спасувачка мисија, во која нивната подготвеност и навремена реакција помогнале да се спаси човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33