Ќе се санира Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода

Во овој објект беше сместено некогашното кино во Кисела Вода. По темелната обнова во 2015 година, беше пренаменет во Дом на култура, кој потоа го доби името „Билјана Беличанец“.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска потпиша Договор со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, преку кое Министерството за локална самоуправа и додели на оваа локална самоуправа 2.294.571 денари.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, со финансиско партнерство меѓу локалната самоуправа и оваа институција ќе се извршат градежни зафати за санирање на штетите настанати поради неодржување на објектот на Домот на култура „Билјана Беличанец“, кои го направија речиси сосема нефункционален. Градежните работи ќе можат да почнат по тендерската постапка, чие распишување е следен чекор на Општина Кисела Вода.

Во овој објект беше сместено некогашното кино во Кисела Вода. По темелната обнова во 2015 година, беше пренаменет во Дом на култура, кој потоа го доби името „Билјана Беличанец“.

– Поради одредени судски спорови, во владение на Општината, беше предаден дури шест години подоцна, а во меѓувреме, поради несовесното управување на претходните општински власти, ова место поради штетите не можеше да се користи за она коешто беше предвидено, да биде Центар на културата на локално ниво, се наведува во соопштението.

Со санацијата на Домот на култура „Билјана Беличанец“ културните манифестации ќе бидат достапни не само за жителите на Кисела Вода, туку и на општините Зелениково, Сопиште, Студеничани и Аеродром кои немаат кино и Дом на култура и со тоа целиот проект има и поширока, регионална димензија.

До овој објект е лоциран паркот „Македонија“, а во непосредна близина ќе се гради и затворен пазар во општина Кисела Вода.

Почнаа изборите во Индија - се гласа до 1 јуни, право на глас имаат 968 милиони луѓе

Во Индија денеска почнаа парламентарните избори со најголем број гласачи во светот, а премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да добие трет мандат.

Главниот ривал на партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на Моди е коалицијата „Индија“ на Рахул Ганди.

Парламентарните избори во Индија ќе траат до 1 јуни, а право на глас имаат 968 милиони луѓе.

Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот.

На претходните избори БЈП освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) 52 места.

Гласачите ќе гласаат на електронски гласачки машини, а за да се обезбеди сигурност гласањето се одвива во седум фази - 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

притисни ентер