Потфрлија ли институциите во трагедијата со 17-годишната Билјана - бура реакции по случајот во Богданци
1Потфрлија ли институциите во трагедијата со 17-годишната Билјана - бура реакции по случајот во Богданци
3АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
КултураЌе се ревитализира комплексот „Свети Ѓорѓи“ во Старо НагоричанеОсвен конзервација на црквата и камбанаријата ќе следат и градежните работи на старата училишна зграда и нејзина преадаптација во етнолошки музеј, уредување на плоштадот заедно со селската чешма како и уредување на испосницата на Прохор Пчињски, рече министерката за култура на промоцијата на проектот.Ќе се обновува црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане која датира од 14. век. Проектот за конзервација и ревитализација на овој културно - туристички комплекс ќе започне деновиве, а грантот од близу 1,2 милиони евра е обезбеден преку европските фондови и дополнителни 250.000 евра од Министерството за култура. Освен конзервација на црквата и камбанаријата ќе следат и градежните работи на старата училишна зграда и нејзина преадаптација во етнолошки музеј, уредување на плоштадот заедно со селската чешма како и уредување на испосницата на Прохор Пчињски, рече министерката за култура на промоцијата на проектот. „Црквата Свети Ѓорѓи како архитектонско и фрескоживописно остварување е сведоштво за уметничките дострели на нашите простори. Во нејзината внатрешност зоографите Михаил и Ефтихиј создале бесценет живопис кој е несомнено културна вредност кој ја промовира нашата земја и во светски рамки“ изјави Елизабета Канческа Милевска министер за култура. Старо Нагоричане е првата општина во државата што добила ваква донација од Европската Унија, уште пред четири години. „ЕУ ги поддржува културните институции во земјата преку различни програми. Во моментов оваа поддршка се спроведува под Љубљанскиот процес којашто е регионална иницијатива за културни наследство со фокус на Југоисточна Европа“ рече Амбасадор на ЕУ во Македонија. Носител на проектот е Националниот конзерваторски центар, а се очекува да заврши до крајот на 2015-та година. Уредувањето на овој комплекс ќе придонесе за економски и туристички развој на општината. Покрај мегалитската опсерваторија Кокино, Меморијалниот центар АСНОМ и манастирот Карпино, Свети Ѓорѓи е најзначајната културна атракција за привлекување уште поголем број на странски туристи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотфрлија ли институциите во трагедијата со 17-годишната Билјана - бура реакции по случајот во БогданциОстана ли уште еден крик за помош нечуен и уште една жртва несоодветно заштитена? Наместо превенција, по бруталното убиство на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци следуваат повторно најави за истраги и проверки, со што се отвора прашањето дали институциите потфрлија. Член од нејзиното блиско семејство, кој сакаше да остане анонимен за канал 5 посочи дека тортурата низ која минувала жртвата од 21 годишниот Виктор Гунтаров, кој и самиот се самоубил по трагедијата, траела подолго време... Кириќ барала институционална заштита, но според роднината, истата не ја добила. Не можеа да ја отргнат од него, долго ја малтретираше, потфрлија сите институции, особено социјално. Еве сега се подготвуваме да одиме на погреб – ни посочи роднината на жртвата..... Гунтаров добил две пријави за физички напад и закани по живот во рок од две недели, по што добил судска забрана да и се приближува на малолетничката.. од мвр велат дека внатрешната контрола истражува дали имало евентуални пропусти при спроведување на мерките од страна на полицијата. . -Внатрешната контрола при МВР истражува дали има евентуални пропусти на полицијата при спроведувањето на мерките на претпазливост од страна на полицијата- Наведуваат од -МВР Кириќ е шестта жртва на фемицид за само една година, по Росица, Ивана, Рамајана, Ајнет и 48 – годишната жена во Таор. И во овие случаи, претходно пријавуваните насилници повторно дошле до жртвите, па според адвокатката Котеска Стисниовска недостасуваат ефикасни механизми за оддалечување на насилницте и соодветно меѓуинституицонално постапување. -Се покажа во пракса дека таквите дела кои се случуваат од страна на насилникот за повторно пристапување кон жртвата и повторување на насилството се многу чести во пракса. Да можат да се користат и алки, безбедносни алки со кои ќе се сигнализира движењето на таквото лице и секогаш сум за сите решенија кои би можеле да дадат ефект,-Катерина Котеска Стисниовска - Адвокат. Токму за електронската нараквица, која треба да го контролира движењето на насилникот и да ги известува жртвата и полицијата, по убиството се огласи и пратеничката и претседателка на ЛДП – Моника Зајкова, која во два наврати овој предлог го поднесуваше до Собранието, но истиот не помина. Таа вели дека жените, без соодветна заштита, се оставени сами на себе и бара одговорност од институциите. Кириќ, според сомнежите на МВР, била убиена во вторникот вечерта, откако Гунтаров ја зел со возило..... Недалеку од возлото, и тој бил пронајден мртов..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за МакедонијаВласта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за Македонија. Власта и опозицијата со различна диоптрија гледаат на извештајот на ЕК за Македонија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е задоволен од извештајот во делот на усогласеноста со надворешната и безбедноста политика на ЕУ. Според шефот на дипломатијата покрај надворешната политика позитивно се оценети и зголемената одбранбена подготвеност, поддршката за Украина, како и активниот ангажман во Обединетите нации, Советот на Европа и ОБСЕ. -Европската комисија оценува дека ваквата усогласеност испраќа силен сигнал за нашиот стратешки избор за членство во Унијата и ја потврдува државата како доверлив партнер. Воедно, нотира дека препораките од минатата година се во голема мера спроведени и дека продолжува активниот политички дијалог со ЕУ за надворешни и безбедносни прашања, оцени Муцунски. За разлика од власта, од опозицијата извештајот на ЕК го оценија како катастрофален. Според СДСМ европскиот пат е закочен, нема никаков напредок во борбата против корупцијата, судството е под политичка опсада и без пари, со зголемен медиумски притисок. - Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, а корупцијата го јаде обвинителството, го јаде судството, го јаде општеството во целост. Имаме нула напредок во седум области. Меѓутоа, она што посебно загрижува е што најважниот кластер е Кластерот 1, тој се однесува на темелите и директно ги набележува недостатоците или немањето каков било резултат на оваа влада, изјави Андреј Жерновски. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека Жерновски е човек кој има партиска титула меѓународен секретар, а не знае што се случува ниту во Европа ниту во светот. Во однос на годишниот Извештај на ЕК за Македонија, според владејачката партија јасно стои дека постигнат е значителен напредок во клучни области, дека зголемена е подготвеноста за членство во ЕУ и нотирани се позитивни оценки за Реформската агенда. Загриженост од извештајот изразија и од ДУИ. Според нив земјата назадува во реформите, заостанува на патот кон ЕУ и се соочува со сериозни проблеми во функционирањето на институциите. - За првпат, конкретните проблеми со спроведувањето на употребата на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност заземаат толку јасно место во оценката на Европската комисија. Ова е најтешката политичка последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со ВЛЕН: прашањата на еднаквоста, кои требаше да бидат неспорни институционални гаранции, денес се претворија во европска загриженост, велат од партијата на Ахмети. Тагови: Извештај на ЕП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денариРедици уште од раните утрински часови, нервоза и негодување, засилено полициско присуство, а во неколку наврати и интервенции на Брза помош. Ваква беше сликата пред главната експозитура на АЛТА банка во Битола, која од денеска ги отвори вратите за шалтерска исплата на средства до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Но, иако шалтерите повторно работат, граѓаните се жалат дека пристапот до сопствените пари не оди подеднакво лесно. Исплатата се организира преку СМС-пораки со известување за точниот датум и време на доаѓање. Дел од повозрасните граѓани велат дека воопшто немаат мобилни телефони, други дека не добиле известување, додека има и такви кои, иако дошле без СМС-порака, успеале да завршат работа за дваесетина минути. Иако беше најавено дека покрај пензионерите, приоритет при исплатата ќе имаат и корисниците на социјална помош, дел од нив се пожалија дека денеска не успеале да ги подигнат средствата. Од Народната банка информираат дека шалтерите ќе останат отворени и ќе работат во две смени, вклучително и во сабота, со цел да бидат услужени што поголем број граѓани. Според најавите, вакви шалтери наскоро ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица. Иако стравувањата на штедачите ги оцени како оправдани, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повика на смиреност, уверувајќи дека банкарскиот сектор во земјава е сигурен и дека случајот со АЛТА, како банка со мал удел во секторот, не претставува закана за неговата стабилност. Во однос на изјавата на гувернерот дека пред влезот на АЛТА банка на македонскиот пазар биле консултирани повеќе владини претставници, Кочоска демантира дека Министерството за финансии било дел од тие разговори. -Не знам... гувернерот не сум го ни слушнала кога го кажал тоа, но ние како Министерство за финансии не сме имале апсолутно никаква комуникација. Ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаеме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани, така што најодговорно тврдам дека Министерството за финансии апсолутно немало никаква комуникација со гувернерот по однос на ова прашање,-Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии. Лидерот пак на СДСМ Филипче на социјалните мрежи објави дел од записник од владина седница од 23 септември 2025 година, во кој според него, се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката Димитриеска-Кочоска. Тој тврди дека ова покажува дека министерката била информирана за постапката и побара нејзина оставка, но и истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за проверка на текот на парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00