Ќе се дигитализираат делата од добитниците на наградата „Браќа Миладиновци “ - Канал 5

Ќе се дигитализираат делата од добитниците на наградата „Браќа Миладиновци “

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје утре ќе се одржи свечена промоција на дигиталната едиција на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Ќе се дигитализираат делата од добитниците на наградата „Браќа Миладиновци “

Станува збор за дигиталната едиција на 50 наслови од 39 автори, кои за својот поетски придонес се наградени со наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.

Минатата година беа одбележани двата големи јубилеи, 150 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци и 150 години од нивната смртта.

Како што информира директорот на библиотеката „Браќа Миладиновци“ Бранко Цветковски, за време на одбележувањето на овие јубилеа, дигиталниот оддел на библиотеката ветил дека ќе го реализира овој подвиг, а значењето на оваа дигитална едиција, според него, е од непроценлива вредност.

- Овој чин значи побрз пристап до електронската верзија на овие книги за учениците, наставниците, наставно-образовните институции, исто така и меѓу библиотеките. Оваа едиција ќе биде ставена на веб-страницата на библиотеката „Браќа Миладиновци“. Со тоа таа станува и дел од сите потреби, отворен простор за пребарување и анализирање на овие многу значајни книги, кои се дел од македонското културно наследство, а без кои не може да се замисли ниту една антологија на македонската поезија, вели Цветковски.

Станува збор за авторите од пострата генерација, како Матеја Матевски, Богомил Ѓузел, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, како и од помладата генерација, меѓу кои се Весна Ацевска, Никола Маџиров и други.

Според директорот на фестивалот Струшки вечери на поезијата Мите Стефоски, овој проект на скопската библиотека има големо значење за поетскиот фестивал бидејќи станува збор за најголемата награда за поетско творештво во Република Македонија.

- На некој начин, ние како институција го доживуваме како своевиден комплементарен проект на она што ние во претходните години го направивме со тоа што не ги преобразивме поетските книги од добитниците на наградата, туку направивме избор од творештвото на самите поети. Во претходните три години избор од творештвото на добитниците беше објавуван англиски, француски и на германски јазик, објаснува Стефоски.

На утрешната промоција во Скопје, ќе присуствуваат 29 автори од вкупно 39-те кои се застапени во едицијата. На свеченоста предвидено е свечено обраќање на учесниците со рецитал од наградените книги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер