3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
МакедонијаЌе најде ли одек во Брисел предлогот на Мицкоски за вклучување на ЕУ во дијалогот со Софија? Европското посредување може да даде нов политички импулс за надминување на разликите со Бугарија и деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, оценуваат дел од експертите. Според нив, барањето на Владата идните разговори со Софија да се водат со поголема вклученост на Европската Унија е логичен чекор, особено во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје. Последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, според аналитичарите, покажува две паралелни линии во владината политика. Од една страна, нема откажување од постојните меѓународни договори и од разговорите со Софија, но од друга, Владата не сака нов чекор во процесот без поголема вклученост на ЕУ и гаранции дека патот напред ќе биде предвидлив. -Со оглед на сегашниот контекст, каде што бугарскта страна всушност тврди е европско прашање, дека протоколите се дел од рамката, дека целата преговарачка рамка всушност е нешто што ЕУ го побарала од земјава, апсолутно има смисла таквото барање да се поставува постојано и постојано. Дали ќе биде прифатено се сомневам, меѓутоа е начинот на кој што треба да се оди. На крај на краишта може да биде медијација на земји членки не мора да само преку ЕУ да оди – вели -Трошановски. -Повикот е добар, дури и механизмот е добар. Разговори со Бугарија во присуство на ЕУ. Тоа праќа една политичка порака дека Мицкоски е подготвен да разговара за пробив во евроатланските интеграции. Но, тука се разбира останува проблемот со тврдата позиција на Бугарија, која вели дека францускиот предлог е конечен. Став, на кој на повеќе пати се приклучи и ЕК и ЕУ кои велат дека тоа се условите,- – Петар Арсовски, аналитичар . Двајцата експерти посочуваат дека идејата за европско посредување не е нова, но токму посетата на Фон дер Лајен на Скопје ја гледаат како можност повторно да се отвори прашањето и да се потврдат македонските позиции. Во фокусот, покрај уставните измени, е и Акцискиот план за заштита на правата на заедниците, за кој Владата бара прифаќање и од бугарска страна. -Што се однесува до акцискиот план на малцинства, тој недвосмислено беше поддржан од сите авторитети од Советот на Европа, ЕК и од сите земји членки минус Бугарија. Дали посебен формат во коишто ќе се убедува Бугарија, истиот да го прифати а тоа е првиот чекор ние да отпочнеме со преговори не знам дали ќе вроди со плод – посочува Трошановски. -Посетата на Фон дер Лајен ќе биде политички поттик за побрза одблокада на евроинтеграциите. Било каков план, наш предлог или некаква идеја за тоа како овој процес може да се забрза, сигурен сум дека ќе биде добредојден од страна на ЕУ и ќе се соочи со понуда за помош – заклучува Арсовски. Но, уставните измени не се единствената обврска на патот кон отворање на првиот преговарачки кластер. Македонија треба да го финализира и Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците, кој предвидува конкретни мерки против дискриминацијата и говорот на омраза, мерки во образованието, како и механизми за пријавување и институции задолжени за нивно спроведување. Планот е дел од условите поврзани со кластерот „Темели“, па и по евентуалното усвојување на уставните измени, земјава ќе треба да ги исполни и останатите почетни мерила за да може да го отвори првиот кластер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter