Ќе има ли ветинг за судиите и обвинителите?

Сите се за ветинг, но сите различно го подразбираат и никој нема јасна концепција кој и како би го спроведувал.. Но, наместо да ги приближуваат ставовите, власта и опозицијата меѓусебно се препукуваат. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најтрофејниот европски тренер останува на клупата на Партизан

Легендарниот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ потпиша нов двегодишен договор со црно-белите од Белград.

Трофејниот тренер според договорил продолжување на соработката со својот омилен клуб за уште две години.

Рекордерот на Евролигата на клупата на црно белите повторно седна во 2021 година по скоро 30 години работа во најдобрите европски клубови.

Под негово водство експресно клубот се врати во најсилното европско натпреварување, каде во првата сезона по враќањето беше блиску до пласман на фајналфор турнирот.

Минатата сезона Партизан по 10 години стана шампион во АБА лигата, а сезонава црно белите се вистинска атракција за сите љубители на кошарката од Европа и се убедливо најгледаниот кошаркарски клуб на Стариот континет .

-Ова е мој клуб, мој град. Горд сум што ја продолжуваме соработката, истакна Обрадовиќ.

притисни ентер