Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина? - Канал 5

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Владата е за редовни избори, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за предвремени парламентари- вели премиерот Христијан Мицкоски, кој смета дека се можни сите сценарија, кога веќе е поминат половина од мандатот на Владата. 

Ќе има ли предвремени парламентарни избори догодина?

Ако опозицијата побара, уверува дека ќе излезат на изборно соочување на кое е убеден дека повторно ќе победат.

-Јас само сакам да констатирам факт дека ние влегуваме во втората половина на мандатот, и политички умно е кога ќе влезете во втората половина од мандатот да бидете подготвени на секакви сценарија. Ние сме кажале дека опција која ја преферираме како Влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме.Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од оппозициската СДСМ реагираат дека премиерот го менувал својот став за изборите. „ Ова не е прв пат Мицкоски да ја менува приказната според моменталната потреба. Има двајца Христијан Мицкоски. Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има. Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“. – пишува во соопштението на СДСМ.

Во меѓувреме, од следната недела, коалициските партнери Мицкоски, Касами, Меџити и Димитриевски ќе кројат планови за владината реконструција. Од кого премиерот е незадоволен и кој се ќе биде опфатен се уште нема официјални информации. На брифинг со новинарите министерот за здравство Азир Алиу кажа дека не очекува тој да е еден од министрите кои ќе ја напуштат позицијата и изјави дека за него било најважно што сработил, а не колку време бил на функцијата.

-Секој министер или вредноста на министерот не се цени со колку време он бил министер на една функција, туку колку работел или имал чест да раководи со таа функција. Исто е и денеска, јас и да бидам уште еден ден министер, уште една недела или уште една година или две години, тоа воопшто не ми значи ништо. А ми значи колку сум работел, колку позитивни процеси во здравството имало.Азир Алиу – министер за здравство

Сите дилеми околу реконструкцијата според најавите треба да расчистат до крајот на овој месец. Единствено се знае дека треба да се назначи вицепремиер за добро владеење, по оставката на Арбен Фетаи, кој според копретседателот на Вреди, Изет Меџити, ќе добие нова функција во Брисел како специјален претставник на македонската Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер