Ова прашање се отвори во јавноста по објавените податоци за тоа колкав и каков кадар ќе добијат некои од институциите. Кај некои приливот на нововработени ќе биде минимален, но во некои напливот на нови кадри ќе се зголеми за дури над 100%. Таков е случајот со Агенцијата за заштита на лични податоци, во која ќе треба да се сместат 30 нови кадри, на сегашните 24. Во Државното правобранителство пак, ќе се приклучат нови 76, на актуелните 106 вработени или преку 70% нововработени.
Во јавноста веќе дел од диртекторите се пожалија дека не биле консултурани и дека не се задоволни од профилот на кадрите.. Таков е случајот со првиот човек на Државниот пазаерен инспекторат Стојко Пауновски, чија инситуција ќе добие 25 нови вработени.. Вчера вицепремиерот Груби кажа дека самите институциите се должни да ги обучат...
„Органите на државната администрација во кој ќе бидат распределени административците, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.“ истакна Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем.
Груби вчера тврдеше и дека во овие луѓе нема само Албанци, туку и граѓани од повеќе етнички заедници, сепак во податоците за структурата на вработени по припадност на заедници што се објавуваат во Годишениот извештај за јавниот сектор, може да се забележи дека големо мнозинство од кадарот всушност се Албанци, односно дури скоро 88%. Потоа, следуваат Турци со 5,68%, Роми нешто над 4,% и Бошњаци 1,37%. Македонците Власи и Срби се во незначителн број, под еден процент. Тоа, пак, го отвора прашањето дали ќе биде нарушена правичната застапеност, овој пат со преголема доминација на Албанците во некои инситуции.
Според планот, до крајот на месецот 1.349 вработени по Рамковен, по повеќе години дома, ќе треба да почнат да одат на работа.
ЌЕ ДОБИЈАТ// ВРАБОТЕНИ ВКУПНО:
Министерство за внатрешни работи 143 12 115
Управа за јавни приходи 92 1 119
Царинска управа 74 1 165
Државно правобранителство 74 106
Управа за водење матични книги 41 517
Министерство за надворешни работи 26 451
Државен пазарен инспекторат 25 271
Агенцијата за заштита за лични податоци 30 24