Китови убијци ги напаѓаат бродовите во Шпанија: Беше страшно (ВИДЕО) - Канал 5

Китови убијци ги напаѓаат бродовите во Шпанија: Беше страшно (ВИДЕО)

Орки, познати и како китови убијци, во последните две недели нападнаа четири едрилици покрај северниот брег на Шпанија, предизвикувајќи вознемиреност кај туристите.

Китови убијци ги напаѓаат бродовите во Шпанија: Беше страшно (ВИДЕО)

Ноќта од понеделник кон вторник, во период од само три часа, два едрилици мораа да побараат помош од брегот откако црните животни, долги меѓу 7 и 8 метри и со тежина од пет тони, удрија во трупот на бродот. И во двата случаи, орките го уништија кормилото, па едрилиците на отворено море чекаа спасувачките бродови да ги одвлечат на пристаништето.

Двата напади се случија покрај брегот на Галиција, провинција во северна Шпанија.

Првиот напад следеше нешто по полноќ, кога рекреативниот едриличар Амадеус, со двајца Французи со себе, почувствува силни удари. Во темницата, орките нуркаа и удрија во едрилицата, осветлена со фенерче од еден од членовите на екипажот.

Едрилицата била на пат од градот Сантандер кон Коруна, но откако кормилото не успеало од силината на ударите, морале да го прекинат патувањето и да го чека бродот на Црвениот крст што го влечело до пристаништето на блиското место.

Три часа подоцна, службата за спасување доби нов повик, овој пат од двајца Шпанци од едриличарскиот брод Урки 1, кој пловел од Финистер за Хихон.

„Го добивме нивниот повик во 3:07 часот наутро. Тие ни рекоа дека биле нападнати од група орки и им го уништиле кормилото“, објави службата за спасување преку Твитер.

Минатата недела две други едрилици доживеаа слична ситуација во тамошните води, но никој од екипажот не бил повреден.

„Бев исплашен“, рече 65-годишниот Марк Смит, Британец, кој пловел со својата пријателка Каролин кога го претрпеле нападот. На едрилицата долга 13 метри, тој најпрво го почувствува ударот, а потоа кормилото се расипало.

"Видовме две орки како пливаат покрај едрилицата. Мислев дека судирот се случил случајно, но тогаш орките удрија во едрилицата со глави", рече тој и додаде:

„Се плашев дека ќе се удавиме во морето, а орките ќе ја потопат едрилицата.

Многумина сега се прашуваат дали орките напаѓаат луѓе и дали можат да им го одземат животот.

„Нема сознанија дека напаѓаат луѓе“, тврди морскиот биолог Бруно Дијаз, директор на истражувачкиот центар во Понтеведра. Тој додаде дека вообичаено е во овој период од годината да се гледаат орки во галициските води.

„Знаеме дека нивната омилена жртва е црвената туна и сега орките ја следат на север“, рече Дијаз. Нивното движење се совпаѓа со пловењето на едрилиците, чии екипажи уживаат во годишните одмори во моментално мирниот Атлантски океан.

"Нападите врз бродови не се чести, но не се ни чудни. Деновиве има многу едрилици на море, така што се поверојатно нивните судири со орки", забележа биологот Дијаз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер