Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
1Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
2Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
ЖивотКитови орки намерно удараат во големи риби и ги распарчуваат (ВИДЕО)Научниците забележале невидено однесување на орките: удирање во големи, тешки риби со таква сила што тие буквално се распаѓаат. Во 2024 и 2025 година, нуркачите забележале два такви настани во мексиканскиот дел од Тихиот Океан и во Калифорнискиот Залив. Снимките сугерираат дека оваа брутална тактика може да биде средство за добивање храна или само форма на игра, објавија истражувачите денес во списанието Frontiers in Ethology. Станува збор за стратегија на заедничко хранење на орките (*Orcinus orca*) што не беше позната досега, пишува CNN. „Не можев да верувам што гледам“ „Го снимив првиот настан пред неколку години и не можев да верувам што гледам“, рече водечката авторка на студијата, Кетрин Ајрес, научник од непрофитната организација за заштита на морските води „Под брановите“. Ајрес беше првата што забележа како орките се фрлаат во својот плен со голема брзина. Таа нормално ги проучува ајкулите и се заинтересирала за однесувањето на орките откако ги набљудувала како ловат ајкули во Калифорнискиот Залив. Таа ја снимила оваа средба на 29 јули 2024 година, додека работела како водич на морско сафари со групата „Латитуд Енкучерс“ во близина на брегот на Сан Хозе дел Каба, Мексико. „Однесувањето на судир не ми беше сосема ново бидејќи претходно видов сличен координиран напад за време на лов на китови“, изјави таа за CNN. Во последниве години, орките го привлекоа вниманието на медиумите и поради нивната поврзаност со удирање и потопување јахти во водите во близина на Шпанија и Португалија. „Она што беше уникатно во овој случај беше исходот“, рече Ајрес. „Никогаш претходно не сум видела салпа да се распаѓа на безброј парчиња“. Нејзиното изненадување јасно се слуша на снимката, каде што таа повторува: „О, Боже!“ A group of orcas was captured on camera engaging in what scientists call "ram-to-fragment" behavior. One whale holds a large sunfish and lets go just before another rams it at high speed, pulverizing the fish into thousands of pieces. In a new study, scientists say the behavior… pic.twitter.com/uNABrcGMXe — ABC News (@ABC) July 23, 2026 Ново снимено однесување Друго видео, снимено минатиот септември од друг туроператор во Калифорнискиот Залив, ги прикажува орките како се држат, а потоа се удираат. И двата инцидента покажаа тимска работа: едната орка држеше остроопашеста салпа (*Masturus lanceolatus*) за опашката, додека другата пливаше кон неа со голема брзина. Неколку моменти пред судирот, орката што ја држеше рибата се пушти, а нејзиниот партнер удри во неа со огромна сила. Потоа младенчињата ги изедоа парчињата риба што пловеа, додека постарите орки ги исецкаа остатоците. Остроопашестите салпи се меѓу најтешките риби во светот. Тие можат да тежат повеќе од 1.800 килограми и да пораснат до три метри во должина. Орките често ги координираат нападите во парови или групи кога ловат голем плен. Сепак, овој вид удирање со телото и последователното распарчување на рибата досега не е регистрирано. Моника Виланд Шилдс, директорка на Институтот за однесување на орките, која не беше вклучена во истражувањето, го нарече ова „неверојатно однесување“. „Никогаш не сум слушнала да се случи нешто слично на ова, па според моите сознанија, ова е навистина ново однесување во евиденција“, напиша Шилдс во е-пошта до CNN. Иако сите орки припаѓаат на истиот вид, нивната исхрана значително варира во зависност од живеалиштето. Пленот може да биде риба, фоки, белуга китови, нарвали, минке китови или морски свињи, а нивниот лов може да бара посебни тактики, што очигледно вклучува распарчување на пленот со моќни удари. „Верувам дека како што подетално ги разгледуваме орките низ целиот свет, ќе продолжиме да откриваме нови начини на лов и исхрана, особено кај популациите кои се помалку проучени“, додаде Шилдс. Хранење или само играње Студијата сугерира дека удирањето и распарчувањето на салпите би можело да им помогне на младенчињата полесно да дојдат до храна. Покрај тоа, заедничкото работење и споделувањето оброци ги зајакнува социјалните врски меѓу орките. Салпата што се распаѓа на многу парчиња е секако полесна за споделување, што е друго можно објаснување. Но, познати се и орките по тоа што си играат со својата храна. Шилдс рече дека некои орки во Пјуџет Саунд во државата Вашингтон носеле мртов лосос како капи, додека други префрлале црева од фоки преку перките или наизменично фрлале кожи од морски лав едни на други. „Видовме и интеракции со многу други предмети, вклучувајќи алги, пловечки дрва и саксии од ракови“, рече таа. „Во многу од тие случаи, се чини дека нема функционална причина за однесувањето освен чиста игра.“ Дали го прават тоа за забава? Затоа, можно е орките да се удираат во салпите чисто за забава. Ајрес забележала голема рана на телото на рибата пред ударот, што сугерира дека орките веќе се хранеле со неа пред да ја распарчат. „Тие веќе ги изеле внатрешните органи на главата, кои се најхранливо богатите делови од пленот“, објасни Ајрес за CNN. „Ова сугерира дека распарчувањето на рибата можеби немало директна цел за хранење, туку можеби било чисто за забава.“ Рамната структура на телото на салпата е невообичаена за голема риба, а тоа би можело да ги направи посклони кон распаѓање по силен удар отколку другите видови, додаде Ајрес. „Нивните тела се странично сплескани“, објасни таа. „Откако ќе се отстранат внатрешните органи, преостанатите ткива можат полесно да пукнат под силен удар.“ Сепак, таа предупреди дека ова е само хипотеза засега. „Не сме виделе ваков вид на уништување на плен кај други видови китови убијци“, рече таа, „па затоа е тешко да се знае дали станува збор за нешто уникатно за анатомијата на овој вид или за специфично однесување на орките што се снимаат“.Тагови: орки риби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаФилипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народотФилипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства. „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка. Укажувавме на тоа дека е тоа банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите има информации, имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече Филипче. Тој посочи дека одговорноста за настанатата ситуација е кај власта на Мицкоски, која овозможи влез на Алта банка во земјава, а денес илјадници граѓани не можат да располагаат со своите пари. „И еве проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална, ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките, како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот, очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен коруптивен криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче. Филипче предупреди дека последиците можат да бидат уште поголеми и дека граѓаните веќе се загрижени за сигурноста на своите депозити и во другите банки и посочи дека премиерот Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Славески треба да одговорат за загрозувањето на средствата на граѓаните. „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150-180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаЛасовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕКЛасовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“.Пратеничката Благица Ласовска, потпретседателка на ПАБСЕК и шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, учествуваше на 68. седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК, што се одржува на 2 ноември 2026 година во Тбилиси, Грузија. Во својство на известувач, Ласовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“. При презентацијата таа се осврна на главните наоди и насоки во извештајот, кој ги разгледува можностите земјите од регионот подобро да ги поврзат науката, технологијата и претприемништвото со одржливиот економски развој. Ласовска истакна дека способноста за создавање знаење и негово претворање во практични решенија, производи и услуги е сè поважна за конкурентноста, економската отпорност и благосостојбата на граѓаните. Ефикасниот иновациски систем, според извештајот, се темели на соработка меѓу државните институции, универзитетите, истражувачките центри, стопанството и финансиските институции. Во извештајот се посочуваат предизвиците со кои се соочуваат земјите членки на ПАБСЕК, меѓу кои се разликите во капацитетите за истражување, финансирањето, инфраструктурата и учеството во меѓународни програми. Посебно внимание е посветено на потребата научните резултати полесно да стигнат до примена во стопанството, како и на условите за иновативните претпријатија да обезбедат инвестиции, да се развиваат и да пристапат до меѓународните пазари. Ласовска укажа и на значењето на човечкиот капитал за развојот на иновациите. Поддршката за младите истражувачи, унапредувањето на професионалните можности, мобилноста меѓу академската заедница и стопанството и соработката со научната дијаспора се важни за задржување и развој на стручниот кадар во регионот. Во делот посветен на парламентарната улога, извештајот ја истакнува потребата од усогласена и предвидлива законска рамка за истражувањето, високото образование, интелектуалната сопственост, инвестициите, јавните набавки, заштитата на податоците и новите технологии. Парламентите имаат важна улога и преку надзор над спроведувањето на националните стратегии, редовно известување и користење независни научни совети при подготовката на политики и законски решенија. Во извештајот се нагласува дека предизвиците во науката и технологијата не можат целосно да се решаваат само на национално ниво. Регионалната соработка може да овозможи заеднички истражувачки програми, размена на знаења, мобилност на истражувачите и поширок пристап до научна инфраструктура и специјализирана опрема. Во тој контекст, ПАБСЕК може да придонесе преку парламентарниот дијалог, размената на искуства и поттикнувањето соработка меѓу земјите членки. По презентацијата, членовите на Комисијата расправаа за извештајот и за можностите за унапредување на законодавните пристапи и соработката во Регионот на Црното Море и истиот беше усвоен. Комисијата ја определи Ласовска како известувач на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Атина.Тагови: Благица Ласовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter