Китев: Ветивме „пари назад кај граѓаните“ и тоа го остваруваме

СДСМ во континуитет работи на обезбедување стабилна економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа прогресивни мерки.

Ветивме "пари назад кај граѓаните" и тоа го остваруваме.

По втор пат граѓаните на своите трансакциски сметки добиваат исплата на парични средства преку мерката МојДДВ.

8 милиони и 567 илјади евра е вкупниот поврат којшто граѓаните го оствариле преку скенирање на фискални сметки во периодот од 1 јули 2019 до 31 јануари 2020 година.

Само досега преку Управата за јавни приходи, над 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани.

Почитувани,

Преку мерката МојДДВ за прв пат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност.

Оваа револуционерна мерка е препознаена и поддржана од граѓаните. Им ги враќа парите назад на граѓаните и ја намалува сивата економија.

Резултати покажуваат успешна реализација и во делот на наплатата на МојДДВ.

Во 2019 година наплатата на ДДВ од 52 милијарди денари е за 5,7% повисока во однос на 2018 година.

По воведувањето на МојДДВ наплатата споредена со месеците јули-декември 2019 со периодот јули декември 2018 година покажува зголемување во просек за 11,2%.

Почитувани,

СДСМ е одговорна партија, се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај граѓаните.

Со повратот на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.

После години осиромашување на граѓаните, минималната плата се зголеми на 14.500 денари, платите во повеќе сектори растат, а над 106 илјади вработени за последните два и пол месеци добија повисоки плати, преку субвенционирање на придонеси за покачување плати.

Пензионерите добиваат пензии повисоки за 722 денари, тројно се зголеми социјалната помош, се укина радиодифизната такса и се врати евтината струја.

По 12 април продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.

На прав пат сме!

Бетиане Китев, пратеник на СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер