Кит проголтал нуркач, во црната темница следела борба за живот (фото/видео) - Канал 5

Кит проголтал нуркач, во црната темница следела борба за живот (фото/видео)

Еве како изгледа тој човек денес...

Кит проголтал нуркач, во црната темница следела борба за живот (фото/видео)

Мајкл Пакард пред 3 години преживеал морничав инцидент, а сега е направена видео стимулација според неговото искуство за да се види како изгледало тоа.

Нуркачот Мајкл Пакард пред три години доживеал страшен инцидент. Тој е познат како страстен пливач и нуркач, но и ловец на јастози. Тој ден, влегол во водата и нурнал вторпат. Неговиот брод бил закотвен, а плажата не била толку далеку. Најчесто се случува овластени нуркачи да ловат јастози на дното на морето. Пакард сепак одлучил да нурне и вторпат, а она што се случило подоцна, ја замрзнува крвта во вените.

Кога нурнал, видел дека нешто му се приближува. Она што му се случило нему тој ден е речиси неверојатно да му се случи кому било – го проголтал кит! Мајкл се нашол во устата на огромниот морски цицач, несвесен за тоа што се случило. Многумина биле изненадени од оваа приказна, а кога закрепнал, Пакард одлучил ова искуство да го сподели со целиот свет.

- Одеднаш почувствував голем удар и следно што се случи е црна темница - се присетил тој на овој страшен момент.

Додека бил во китот, тој наводно можел да се движи, но имал малку време за размислување и дејствување.

- Можев да почувствувам како се движам и како китот ги стега своите мускули - изјавил вознемирено.

На почетокот, Пакард мислел дека се наоѓа во голема бела ајкула, но не можел да ги осети забите бидејќи не претрпел очигледни рани. Набргу се сетил дека е проголтан од кит.

- Бев целосно внатре; сè беше скроз црно. Си помислив: Нема шанси да излезам одовде. Готово е со мене, мртов сум. „Можев само да помислам на моите момчиња - тие имаат 12 и 15 години“, истакнл Мајкл.

Тој бил во китот околу 30 до 40 секунди, а потоа почнал да се движи внатре за да го вознемири животното - во еден момент тоа го видел како единствен начин да се спаси. Движењето влијаело на китот, кој ја отворил устата. Нуркачот успеал брзо да излезе на површината.

„Видов светло и следното нешто што го знаев е дека сум надвор“, рекол Пакард, кој живее во Велфлит.

Брзата помош и противпожарната служба го однеле во болница.

Сега, да го прикаже моментот што го преживеал овој нуркач, еден јутјубер направил симулација од ова случување и го споделил на социјалните мрежи, пишува Ladbible.

Симулацијата може да ја видите на ова видео.

https://youtu.be/m4pQ-4M-Urw

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер