Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи - Канал 5

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи Together for Green Growing.

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи

Во чест на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Општина Кисела Вода со гордост објавува дека ќе биде дел од европскиот проект Together for Green Growing (Together4GG), поддржан од EIT Food AMPLE Program 2025. Кисела Вода се приклучува на Варшава и Мадрид како единствени градови каде ќе се спроведува овој значаен проект, што ја потврдува посветеноста на општината кон економскиот напредок на жените и создавањето нови можности за нив.

Проектот Together4GG е создаден за да ги поддржи жените во прехранбениот сектор и да ги поттикне на економска независност преку иновации и модерни бизнис решенија. Целта е да се понудат обуки за претприемништво, финансиска писменост, дигитален маркетинг и развој на бизнис, со што ќе се зајакне нивната позиција во локалната економија.

Покрај средствата обезбедени од проектот Together4GG, во висина од 50.000 евра, Општина Кисела Вода самостојно обезбедува 3 милиони денари сопствени средства за успешна имплементација и спроведување на проектните активности.

Проектот ќе започне во април 2025 година, со регрутација на учесничките, а ќе трае до октомври 2025 година. Оваа иницијатива ќе создаде нови бизниси, туку и ќе ги промовира еколошките и одржливи решенија во локалната економија, додека истовремено ќе обезбеди платформа за формирање на Совет за женско претприемништво како поддршка за сите учеснички.

Водечки партнер на проектот е Вита Нова, која ќе ја координира имплементацијата и реализацијата на активностите, заедно со Општина Кисела Вода, која ќе обезбеди логистичка поддршка, промоција и ќе ја олесни вклученоста на локалната заедница. Дополнителен стручeн придонес ќе даде Нутри Баланс, кој ќе организира обуки за здрава исхрана и одржливи прехранбени практики.

- Кисела Вода е општина која се залага за економска рамноправност и еднакви можности за жените. Со овој проект, нудиме платформа преку која жените ќе можат да започнат свои бизниси, да креираме вистински услови за успех на локалната економија, да поддржиме иновации и да стимулираме лидерство кај жените. Токму затоа, покрај средствата од проектот, во висина од 50.000 евра, ние како локална самоуправа вложуваме дополнителни 3 милиони денари, со цел успешно да ја имплементираме оваа важна иницијатива. Посветени сме на создавање нови можности за економски развој и подобрување на животот на нашите жени.

Нашата цел е да креираме вистински услови за успех на локалната економија, да поддржиме иновации и да стимулираме лидерство кај жените. Благодарни сме за добиената доверба, како и на EIT Food AMPLE Program 2025 и партнерите Вита Нова и Нутри Баланс, кои ќе го реализираат проектот со нас, обезбедувајќи стручна и логистичка поддршка, како и обуки за здрава исхрана и одржливи прехранбени практики. Симболиката на овој проект, кој се објавува токму на 8-ми март, е јасна порака за значењето на жените во економијата. Ова е можност за жените во нашата општина да добијат поддршка за свој бизнис во прехранбениот сектор, и воедно да бидат пример за идните генерации. Заедно, да креираме подобра иднина за жените и локалната економија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер