3Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаКисела Вода аплицира со 16 проекти на вториот владин повик, во финална фаза се уште неколкуОпштина Кисела Вода денес поднесе нови 10 апликации за проекти на вториот повик на Владата за финансирање на капитални инфраструктурни инвестиции, со што вкупниот број на поднесени апликации достигна 16. И овие, како и проектите кои беа одобрени со првиот повик и чија релизација е во тек, се насочени кон модернизација и развој на клучната општинска инфраструктура. Дополнително, во подготовка е документацијата за уште неколку капитални проекти чија реализација ќе значи траен белег врз урбаниот развој на Кисела Вода. Новоподнесените 10 проекти се: 1.Атмосферска канализациона мрежа на дел од ул. Томе Арсовски од Шампионче со парк Бирарија на територија на Општина Кисела Вода; 2.Реконструкција на улица Жил Верн, општина Кисела Вода; 3.Реконструкција на улица 527, општина Кисела Вода; 4.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода- Опфат: Улица Иван Хаџиниколов со краци и улица Герника; 5.Основен проект за пешачки патеки со партерно уредување на просторот пред сала „Расадник“ 6.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода -Опфат: Улица Речиште со краци; 7.Основен проект за Реконструкција на коритото на р.Мала Рада (Дното на коритото, довршување на венец на потпорни ѕидови и пешачка патека на насипот на р.Мала Рада); 8.Основен проект за Реконструкција на линиски објекти - Улица Саса со краци, улица Речиште со краци, улици во Герника и улица Иван Хаџиниколов на територија на Општина Кисела Вода - Опфат: Улица Саса со краци; 9.Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор и 10.Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. Малешевска 1 до Мала Рада во КО Драчево 2, општина Кисела Вода. Потсетуваме дека претходно општината веќе аплицираше и за следните 6 проекти: 1.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода; 2.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот; 3. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер); 4.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода; 5.Основен проект за Реконструкција на ул. Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и 6.Основен проект за Реконструкција на ул. Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода. -Денес, поднесовме нови, дополнителни 10 апликации за капитални проекти на вториот владин повик за поддршка на општините. Заедно со претходно доставените шест, аплициравме со вкупно 16 проекти кои се од суштинско значење за развојот на нашата општина и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а во завршна фаза на подготовка се уште неколку кои ќе ги поднесеме до крајно зададениот рок. Секоја апликација што ја подготвивме е резултат на темелна анализа на реалните потреби на терен, разговори со граѓаните, стручни проценки и визија за иднината. Аплицираме за изградба и реконструкција на улици кои со децении беа заборавени, за нови градинки, за подобрување на образовната инфраструктура, како и за уредување на јавни простори што ќе ја направат нашата општина поубаво и побезбедно место за живеење. Оваа поддршка што ја нуди Владата е мошне значајна бидејќи освен финансискиот момент, претставува и мотивација за сите нас, на локално ниво, да продолжиме да работиме со уште поголема посветеност и визија. Убеден сум дека поднесените проекти ќе бидат препознаени како квалитетни и издржани и дека Општина Кисела Вода ќе добие реална можност да ги реализира и овие инфраструктурни зафати кои ќе донесат видливи и конкретни резултати за граѓаните- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до РотердамРуте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време. Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите. „Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време. За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија. „Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО. Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво. NATO's Rutte: What I would counsel against is to have all the nations having their own military working together in NATO, and then on top of that having a big European structure. Because then, if Putin attacks, we will first need two or three weeks to agree who will do what, and then he will probably end up in Rotterdam before we have decided. There is no principal problem against a European military. But again, I don't see it happening soon. I don't think there is a big push for it. — Clash Report (@clashreport) November 23, 2026 Тагови: Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамикаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган. - Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook