Кирил Петков се поблиску до обезбедување на мнозинство за влада - Канал 5

Кирил Петков се поблиску до обезбедување на мнозинство за влада

По три изборни циклуси со различни победници, Бугарија се движи се поблиску до формирање на стабилна Влада.

Кирил Петков се поблиску до обезбедување на мнозинство за влада

Победничката „Продолжува промената“ на харвардското дуо Петков и Василев изминатите два дена доби јавна поддршка од „Демократска Бугарија“, „Партијата на социјалистите“ и „Има таков народ“ на Слави Трифонов, што е доволно за да се обезбеди потребното мнозинство во бугарскиот парламент.

-Благодарение на победата на „Продолжува промената“ сега има шанса за едно навистина стабилно мнозинство во Собранието, мнозинство на вистинска промена во која БСП има можности да учествува и разговорите веќе се започнати.Пристапот е многу различен, односот е многу различен. / Во која смисла? / Има реален дијалог, нема „гледање од високо“, нема „дојдете кај нас да ви кажеме нешто“ напротив, тие одат кај другите, тие се добронамерни, не поставуваат црвени линии и се трудат и кај нас да нема црвени линии.-Кристијан Вигенин – БСП и Борислав Сандов – Демократска Бугарија.

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов кој на овие избори загуби голем број на гласови преку социјалните мрежи порача дека ќе се сретне со Петков и Василев и најави дека ќе направи се што е во негова моќ за формирање на Влада. Се по извесниот иден мандатар Петков пак, вчера излезе со порака дека процесот на преговори ќе има јасни правила.

-Го почнавме овој процес, тој процес ќе има јасни правила и всушност, тоа е многу убаво да им кажеме на бугарските граѓани, многу е убаво кога ќе направиме процесот да е правилен за да има максимално добро резултати / Секој од нас носи голема одговорност Бугарија да се управува од коалициска Влада. - Кирил Петков – Ко-претседател на „Продолжува промената“.

Според официјалните резултати од бугарската централна изборна комисија „Продолжува промената“ на изборите има освоено 67 мандати, Социјалистите 26, „Има таков народ“ 25, а „Демократска Бугарија“ 16 мандати или доколку сите четири партии успеат да најдат заеднички јазик, би имале 134 мандати што е доволно за формирање на бугарска Влада.

Сепак, и со ваквиот тек на настаните, засега е неизвесно дали нашиот источен сосед ќе успее да формира Влада до средината на декември за кога е закажан советот на ЕУ на кој Македонија очекува да добие зелено светло за старт на преговори со Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антитерористичка акција во Германија: Уапсен маж осомничен за поврзаност со Исламската држава

Специјални полициски единици извршија претреси на неколку локации во Германија поради сомневања за терористички планови поврзани со „Исламската држава“, пишува „Билд“.

Антитерористичка акција во Германија: Уапсен маж осомничен за поврзаност со Исламската држава

Во петок наутро, во Дрезден беше уапсен 37-годишен маж под сомнение дека се обидел да ѝ се приклучи на терористичката организација.

Истрагата ја води Главното државно обвинителство на Саксонија, а во рамките на операцијата, полицијата изврши претрес и во семејна куќа во Шварцхајде (Бранденбург) и на три локации во Берлин.

Истрага за тероризам

Портпаролот на обвинителството, Патрик Пинтаске, изјави дека 37-годишникот се товари за обид за членство во странска терористичка организација, како и за подготовка на терористичко кривично дело. Тој нагласи дека во ниту еден момент немало конкретна опасност за населението, пренесува германскиот медиум МДР.

Мажот, чија националност сè уште не е соопштена, беше уапсен во својот стан во Дрезден и му е одреден притвор.

Претреси во Берлин и Бранденбург

Претресите во Шварцхајде и Берлин беа насочени кон трети лица кои формално не се под истрага. Државното обвинителство не сакаше да ја открие нивната поврзаност со уапсениот маж, објаснувајќи дека истрагата сè уште е во тек.

Во операцијата, на истражителите од Саксонија им помагаа полициски сили од Бранденбург и Берлин, а учествуваа и специјални единици. За време на претресите, полицијата заплени техничка опрема, документи и ладно оружје.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“.

Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона.

Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“.

Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“.

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров.

Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам.

Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи.

Обука и воведување во употреба

Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70.

Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“.

Договор вреден 8 милијарди долари

Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер