Кирил Лазаров и Барселона останаа без финале во Лигата на шампионите - Канал 5

Кирил Лазаров и Барселона останаа без финале во Лигата на шампионите

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со својот тим Барселона пропушти голема шанса да игра во финалето на ракометната Лига на шампиони.

Кирил Лазаров и Барселона останаа без финале во Лигата на шампионите
Шпанскиот гигант во драматичен натпревар е поразен од германскиот тим Фленсбург со 41:39 дури по пенали, во вториот полуфинален меч на Фајнал-фор турнирот кој се игра Келн, Германија.

Двете екипи имаа свои периоди на игра. Во првото полувреме германскиот клуб беше подобар и на паузата замина со еден гол предност 18:17. Во второто полувреме, Каталонците имаа и шест голови предност на осум минути до крајот (32:26).

Но, и на овој натпревар уште еднаш се докажа германската упорност, па со голот на Гландорф во последната секунда Флензбург го израмни резултатот на 32:32 и се избори за продолжение.

И по дополнителните двапати по пет минути немаше победник односно резултатот гласеше 36:36, по што се пристапи кон изведување на пенали, односно удари од 7.мести.

Во пенал „рулетот„ голманот на Фленсбург Матијас Андерсон во втората серија успа да го одбрани ударот на Никола Карабатиќ и со конечни 41:39 германскиот тим се пласира во финалето.

Кирил Лазаров средбата ја заврши со 6 постигнати голови, додека во победничкиот тим Гландорф и Вајнхолд постигнаа по 8 голови.

Во утрешното финале Флензбнург за противник ќе го германскиот ривал Кил кој во првиот полуфинален меч беше подобар од унгарскиот претставник Вестрпем со 29:26.

Утре од 15 часот и 15 минути ќе се игра дуелот за третото место, а почетокот на големото финале е закажан за 18 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини

 „Девојко, јас сум Брук, а ти која си?“ 

Фото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини

Една од најубавите актерки во Холивуд, ѕвездата на славниот хит филм „Сина лагуна“ Брук Шилдс ја покажа својата прекрасна фигура на 62-годишна возраст за време на престојот во Хрватска, која ја посети во рамките на својот одмор во Европа, а фотографиите предизвикаа бројни реакции.

Убавата Брук на Инстаграм објави серија фотографии на кои ужива со пријателите, но и позира во едноделен костим за капење без прерамки, со кој привлече огромно внимание поради својата витка фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб

Додека цените на храната растат, студентскиот оброк останува замрзнат на 140 денари дневно.

ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб

И тоа не е прашање на добра волја на Владата, туку на законска обврска. Член 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк јасно предвидува дека износот треба да се усогласува согласно инфлациската стапка по секоја фискална година, пред донесувањето на Буџетот за следната година. Последното зголемување беше уште во 2023 година – од 120 на 140 денари. Оттогаш цените продолжија да растат, а студентскиот оброк остана ист.

Во превод: државата ја признава инфлацијата кога собира повеќе пари преку даноци и повисоки цени, но ја заборава кога треба да им даде повеќе на студентите.

Денес со 140 денари студент треба да обезбеди пристоен оброк, додека секој што влегол во маркет, пекара или менза знае колку реално вредат тие пари. Не може Владата да зборува за „младите како иднина“, а истовремено да штеди токму на нивниот оброк. Инфлацијата не смее да се пресметува само на каса – мора да се пресметува и во студентската поддршка.

Либерално-демократската младина ќе ги искористи расположливите правни и институционални механизми за да побара одговор зошто законската одредба за усогласување не се спроведува доследно и кој ќе понесе одговорност за тоа.

Ова не е борба за неколку десетици денари. Ова е прашање дали во Македонија законот важи и за Владата.

Студентите не бараат луксуз. Бараат она што им следува по закон и оброк што одговара на реалните цени во 2026 година. Ако растат цените – мора да расте и студентскиот оброк.

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер