Киргиос се расплака на клупа во Индијан Велс (ВИДЕО) - Канал 5

Киргиос се расплака на клупа во Индијан Велс (ВИДЕО)

Враќањето на Ник Киргиос на теренот во Индијан Велс беше краткотрајно и заврши во солзи.

Киргиос се расплака на клупа во Индијан Велс (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер мораше да му го предаде мечот на Ботик ван де Зандшулп откако го загуби првиот сет со 6:7, а во вториот заостана со 0:3. Го предаде поради повреда на зглобот која веќе извесно време му се заканува да ја заврши кариерата.

Киргиос, австралискиот играч кој го носи прекарот Лошото момче на тенисот поради неговото однесување на теренот, беше опериран на зглобот во септември 2023 година. Пред да се врати на тенисот на почетокот на годината во Бризбејн, во последните две години одигра само еден меч.

Новата повреда го скрши некогашниот 13-ти, а денес 1099-ти играч на АТП-листата, поради што седна на клупата и почна да плаче.

YouTube video

"Проблемот не е во изгубениот натпревар. Мислам дека тоа беше трудот и вложениот напор, а сè уште чувствувам непријатност во зглобот. Веројатно затоа и станав емотивен на крајот. Ова е еден од моите омилени турнири", изјави Киргиос по натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

На средбата, министерот Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст.

На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку

Во училишните дворови и ходници утрово ечеа детските песни и стихотворби со една единствена порака - „добредојдовте првачиња“.

Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку

Вака, со приредба, започна првиот училишен ден за првачињата. Некои со срамежлива насмевка, дел со солзи во очите или збунет поглед лутаа со очињата гледајќи како танцуваат нивните поголеми соученици. Но, веќе низ ходниците итајќи да ги запознаат наставничките беа и возбудени, но сепак, со носталгија за градинката.

-Јас во градинка многу сакав да си играм со играчки, но стари се веќе, сакам нови.

Девојче – што ќе сакаш да учиш највеќе, што мислиш?

-Математика.

Првиот уличишен час е наменет за запознавање со наставничките, а првачињата токму нив ги поздравија со кренати рачиња и џагор што одекнуваше низ полните училници.

Некои излегоа од училницата со порака до своите соученици.

други пак пред камерата ни раскажаа што научија токму на почетокот.

Некои од родителите беа повозбудени од своите дечиња и постојано ги фотографираа за да се има спомен од за нив, првиот „први септември“ на училиште.

-Некои звуци за миг не враќаат во детството. (ѕвони) Ова е еден од нив. Ѕвоното означи старт на новата учебна година за околу 240.000 ученици, од нив без малку 15.000 првачиња кои првпат седнаа во улилишите клупи. Пред нив се лекциите што се учат на час, но и оние што ги нема ниту во еден учебник.

Сепак, во дваесетина училишта во руралните средини годинава училишното ѕвонче не заѕвони и вратите воопшто не беа отворени. Надлежните велат дека дел од нив природно се затвораат бидејќи нема првачиња, а дел поради тоа што учениците стратешки се насочуваат во други училишта кои не се предалеку од нивниот дом со цел да добијат поквалитетна настава.

-Ако продолжиме вака постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика „Јас, мама, тато, дада и бато“. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Опозицијата пак оцени дека потажен прв училишен ден немало, токму поради што годинава има 433 паралелки помалку, што според нив е показател за лошите политики и немање на мерки пособно за младите брачни парови.

-3.000 деца помалку, 3.000 семејства. Што се случило со тие луѓе? Сигурно не е тоа резултат само на демографските движења, тие луѓе едноставно се иселиле. Зошто? Поради тоа што не ја гледаат иднината во земјава. Гледаат дека нема мерки, дека ништо не се случува, дека нема напредок, дека нема добри економски политики, дека нема поддршка за граѓаните.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

Додека од Министерството за образование уверуваат дека учебната година има одличен почеток бидејќи има и учебници и подобрени услови во училиштата, дел од основците во општина Центар токму поради незавршени градежни активности започнати од самото Министерство, најмалку две недели ќе учат он лајн.

Редовна настава пак ќе има во ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Гази баба иако кровот го однесе невремето, бидејќи утврдено е дека има плоча што нема да пропушта вода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Серафимовски со шведскиот амбасадор Солстром

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром.

Средба на министерот Серафимовски со шведскиот амбасадор Солстром

На средбата се разговараше за можностите за развој на билатералната соработка во земјоделството, шумарството и водостопанството, со посебен акцент на инвестиции и надворешна трговија на земјоделски производи.

„Насочени сме да користиме современи искуства што ќе ни помогнат за развој на земјоделскиот сектор и препознатливост на нашите земјоделски производи и македонското вино надвор од државата“, истакна министерот Серафимовски.

На средбата стана збор и за поврзување на надлежните државни институции, научната и стручната јавност и деловниот сектор од двете земји.

Беше истакната и значајната поддршка што Кралството Шведска ја обезбедува за Република Северна Македонија преку повеќе програми, особено во насока на поддршка на евроинтегративниот процес на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер