2Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
ТенисКиргиос ја доби највисоката казна на УС Опен Австралискиот тенисер Ник Киргиос мора да плати казна од 14.000 долари за неспортско однесување по поразот од Карен Хачанов во четвртфиналето на УС Опен во вторникот, кога скрши два рекета.Тоа е најголемата казна на турнирот досега оваа година. Киргиос мора да плати вкупно 32.500 долари за пет прекршувања на овој Грен слем. Казната автоматски ќе биде одбиена од 473.200 долари заработка на Киргиос - 445.000 долари за сингл конкуренција и 28.200 долари за двојки - на последниот Грен слем турнир во сезоната. Киргиос, кој го победи светскиот рекет број еден Данил Медведев во осминафиналето на Флешинг Медоус, рече дека се чувствува како неговите напори во Њујорк да не се бројат по поразот од Хачанов. „Сè што луѓето паметат за Грен слем е дали сте победиле или изгубиле“, им рече тој на новинарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗмија влегла во куќа во Хиподром, нема надлежна служба која може да интервеницираСтево Станковиќ од скопски Хиподром од вчера има непоканет гостин во неговиот дом. Змија влегла во неговата дневна соба и не може да ја најде. Од вчера змијата седи внатре, а Стево надвор. На помош дошле неговите роднини и соседи, но никој не можел ништо да најде. Тој се јавил на 112, но одтаму му рекле дека треба да бара човек кој се разбира од змии и да ја најде. Стево ја раскажа неговата мака, па заедно побаравме на 112 совет и помош каде може да се најде помош во ваква непријатна ситуација. Диспечерот не препрати до приватно лице да му помогне на Стево. Граѓаните многу често на социјалните медиуми објавуваат фотографии и од градски средини каде има змии во близина на зградите и кажауваат дека не знаат каде да се обратат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќиеСе преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На 22.06.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 22:30 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг Г.Ј.(31) од Скопје упатувал закани кон неа и нејзиното семејство. На 22.06.2026 во 01:50 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.И.(73), постапувајќи по претходна пријава дека на 21.06.2026 околу 17:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна ќерка, при што употребил тврд предмет. На 21.06.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата сопруга А.П.С.(44), која фрлала и тврди предмети кон него. На 21.06.2026 во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Д.С.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на Гази Баба физички ја нападнала нејзината 69-годишна мајка. На 21.06.2026 во 16:25 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека на 20.06.2026 околу 23:30 часот во угостителски објект во скопско, каде што се одржувала семејна веселба, дошол и упатувал закани. На 21.06.2026 во 14:30 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М.(30) од истото село, кој бил пријавен од негов 61-годишен роднина од селото дека му се заканувал. На 21.06.2026 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(28) од Тетово. Претходно, неговата 51-годишна мајка во СВР Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејниот дом А.И. почнал агресивно да се однесува и ја кршел покуќнината откако не му дала пари колку што барал. После тоа се заканил со нож на неговата 24-годишна сопруга и физички ја нападнал мајка си. На 21.06.2026 во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.М.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека отишол во семејниот дом на неговата 23-годишна поранешна сопруга и се заканувал дека физички ќе ја нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаСедум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрогаВо текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на с. Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook