Киргиос бурно ја прослави победата над Надал и го налути светскиот вицешампион (ВИДЕО)

Рафаел Надал го загуби мечот во осмина финалето на АТП турнирот во Акапилко , Мексико од Ник Киргиос.

Вториот рекет на светот пропушти три меч-топки, за потоа Австралијанецот да освои пет поени во низа и се избори за четвртфинале со Стен Вавринка . Ник Киргиос победата ја прослави со силни гестикулации кон публиката , која го поздрави со бурен аплауз , а сето тоа многу го налути фаворитот Надал . Рафа со остар коментар ја изрази својата лутина кон однесувањето на Австралијанецот.

,, Тоа е играч со неверојатен талент , кој би можел да освојува Гренд Слемови и да се бори за прво место на светот , но од некоја причина е таму каде што е. Му недостига почит кон публиката , кон ривалите и кон себеси.” , изјави Надал.

Приведени двајца крадци од Србија за седум кривични дела

Приведени двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

- Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

На пропалестински протести уапсени кандидатка за претседател на САД

Кандидатката за претседател на САД од редовите на Зелената партија Џил Стајн уапсена е на пропалестински демонстрации на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. 

Портпаролот на нејзината кампања рече дека не се запознаени со обвиненијата.

Стајн беше на демонстрациите за да ги поддржи студентите кои поставија камп и кои порачаа дека нема да се разотидат се додека Универзитетот Вашингтон не се одвои од Боинг. Меѓу нивните барања се и бојкотирање на израелските академски институции.

Во видеото снимено пред нејзиното апсење и објавено на мрежата Икс, кандидатката на Партијата на Зелените рече дека ги поддржува студентите и нивните уставни права на слобода на говор.

„Ќе стоиме овде во линија со студентите кои се залагаат за демократија, за човекови права и се залагаат за ставање крај на геноцидот“, рече Стајн.

Дејвид Швајб, директорот за комуникации на Џил Стајн во претседателската трка, рече дека таа се обидела да ја деескалира ситуацијата меѓу демонстрантите и полицијата во саботата попладне по локално време, но дека полицијата „не реагирала“ и веднаш потоа почнала да апси.

„Како што рече д-р Стајн, срамно е универзитетските администрации да одобруваат употреба на сила против сопствените студенти кои едноставно повикуваат на мир, човекови права и крај на геноцидот од кој американскиот народ се згрозува“, рече Шваб.

Уапсени се и шефот на кампањата на Стајн и неговиот заменик.

Повеќе од 80 лица се уапсени на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во контекст на тековните пропалестински демонстрации, се вели во соопштението на Универзитетот.

Групата демонстранти, во која имаше студенти, вработени и поединци кои не се поврзани со универзитетот, маршираа на повеќе локации во кампусот каде што „подигнаа шатори и покажаа дека немаат намера да заминат“, соопшти универзитетот.

притисни ентер