За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар
2За 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денар
КултураКиното во „Железничката зграда" се отвора за јавни настаниКиното во „Железничката зграда" се отвора за јавни настани со фокус на културата. Договорот за оспособување и користење на некогашната кино сала денеска потпишаа Општина Центар, Заедницата на станари-сопственици на таканаречената Железничка зграда на ул. „Борка Талевски" бр.26 и „Здружението за култура и уметност и Факултетот за работи што не се учат". „Железничката зграда" е редок градски пример кој во својата содржина има просторија која првенствено била наменета за жителите на зградата, а подоцна и за колективната јавност. Преку овој договор кој има за цел негување на културата и враќање на нејзината улога во колективното живеење, Општина Центар, меѓу другото, се обврзува да започне соработка со релевантни субјекти во насока на обезбедување донации за целосна реконструкција на уникатниот изглед на зградата, уредување на просторот и негово целосно оспособување за непречено функционирање, а исто така, ќе даде и поддршка и препораки за користење на овој јавен простор. Киното претставува квалитетен архитектонски јавен простор со површина од околу 150 м2 и висина од околу 7 м. Архитектонските карактеристики на киното овозможуваат овој простор да служи за повеќенаменски културни активности кои би требало, пред сè, да служат во функција на локалната заедница, соопшти Општина Центар. Ставањето во функција на кино салата е во рамки на проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени" што го имплементира Факултет за работи што не се учат, а е поддржан од УСАИД. Во дворот на зградата вечер во 201 часот ќе се одржи дискусија со претставници на локална самоуправа, граѓански организации, индивидуални активисти и станари по што ќе следи музички перформанс со Мухамед Ибрахими. Железничка колонија претставува повеќесемејна станбена зграда, изградена во 1946 година од архитектот Михаил Дворников. Таа е обликувана во затворен периметарски блок со внатрешен двор и заеднички поврзани тераси. Покрај станбените единици, архитектонскиот концепт вклучува и јавни простори кои жителите имале можност да ги користат и делат заедно (детски јасли, пералници, внатрешен заеднички двор и заедничко кино). Киното претставува најспецифичен дел од зградата. Истото служело за проекција на филмови и средби на станарите и куќниот совет. Киното функционирало до почетокот на 70-те години, а во него се проектирале филмови со различни социјални и историски содржини, но првенствено било наменето за самите жители на зградата. Од тој период, па сè до денес, киното се користело инцидентно за различни настани, но досега не било активирано во корист на некој поширок (јавен) интерес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
КултураИзложба „имерзивна трансформација на глаголицата“ во музејот на современа уметностИзложба насловена „имерзивна трансформација на глаголицата“ на дизајнерот, уметник и интердисциплинарен истражувач Лазе Трипков е отворена во музејот на современата уметност во Скопје. Неговите истражувања траеле 6 години, а досега изложбата била претставена во Словачка, Малта и Скандинавија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа 7 месеци некои институции го потрошиле речиси целиот буџет за капитални инвестиции, некои ниту денарЗа половина година – реализирани речиси половина од планираните капитални инвестиции.Заклучно со 30 ти јули, според податоците објавени на министерството за финансии расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, студентски домови, болници, здравствени апарати, спортски објекти, опрема, софтвери, се реалзизирани со 47,74 % од вкупно предвидени околу 659 милиони евра. Со висок процент на реализација на листата на министерството за финансии, која брои вкупно 85 буџетски корисници, е министерството за транспорт. Од предвидени нешто над 168 милиони евра, за 6 месеци реализирани биле над 165 милиони или 83,73%, а за трошење имаат само уште 30-тина милиони евра. Владата и СОЗР искористиле по 67% односно 59,95% од вкупните средства кој им биле на располагање, со што на Владата и остануваат уште околу 6 милиони еввра додека во Службата за општи и заеднички работи преостануваат уште 2 милиони. Со по околу 38 % искористеност на средствата се министерствата за образование и здравство. Со многу низок процент на реализација на капиталните расходи се издвојуваат министерството за финансии со само 3,86 %, потоа економија, правда како и министерството за одбрана, кое има еден од повисоките буџети за оваа намена, како дел од обврските од членството во НАТО. Сепак, ресорното министерство од вкупнопредвидени околу 150 милиони евра има искористено само 43 или речиси 30%. За разика од овие, десетина буџетски корисници, немаат потрошено речиси ниту едно евро од предводените пари за капитални инвестиции, такви се фискалниот совет, оперативно техничката агенција, агенција за иновации, биро за судски вештачења. Инаку со ребалансот на Буџетот, кој беше донесен минатиот месец, капиталните расходи се зголемија за 14,5 %, согласно фискалните правила, тие иснитуции што нема да ги исористат парите, истите ќе им бидат одземени и прераспрелени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?Стартува судењето против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Тој утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години. Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување. - Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, соопштија тогаш од Обвинителството Поднесениот обвинителен предлог против Груби предизвика и низа политики рекации, а отвори и нов фронт во ДУИ. Партиски членови кои отворено излегоа со поддршка за Грби го обвинија партиското раководство дека го оставиле сам да се соочува со обвиненијата. Од ДУИ пак негираа дека внатре во партијата имало дебата околку солидарсноста за Груби и сметаат дека немало докази против него и оти станува збор за политички прогон, а Ахмети во интервју за косовски медиум тврдеше дека тој лично побарал од Груби да се врати во Македонија. Од Влен пак сметаат дека Аеран Груби е „црната кутија на ДУИ“ и дека може да проговори за она што се случвало во Мала Речица со годинни и дека поради тоа изостанала партиската поддршка за долгодогшниот интегративец. Груби повеќе од една година беше бегалец. Ја напушти државата во декември 2024 преку граничниот премин со Косово и покрај тоа што беше на таканаречената „стоп листа“. По него беше распишана меѓународна потерница. На 23 февруари годинава Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен и однесен во притвор. Сепак, тој во затворот во Шутка се задржа само неколку часа, бидејќи мерката по неговиот распит во Обвинителството му беше заменета со куќен притвор со 24-часовен полициски надзор врз основа на проценка од МВР и АНБ дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Заедно со него утре на обвинителна клупа ќе седнат и уште шест лица. И тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10