Кинезите во обид да ги избегнат високите царини: МГ ќе извезува автомобили во ЕУ преку Тајланд - Канал 5

Кинезите во обид да ги избегнат високите царини: МГ ќе извезува автомобили во ЕУ преку Тајланд

MG, компанија во сопственост на кинеската SAIC, размислува да ги испорача своите електрични автомобили од Тајланд во Европа, откако Европската унија воведе високи царини за возила од кинеско производство.

Кинезите во обид да ги избегнат високите царини: МГ ќе извезува автомобили во ЕУ преку Тајланд

Стратегијата доаѓа како одговор на царината од 46,3 отсто што сега се наметнува на кинеските електрични автомобили, што значително ги зголемува трошоците за увоз во ЕУ, објави Кликс.

MG4, кој започна со производство во Тајланд во ноември, би можел да биде првиот што ќе биде извезен на европскиот пазар. Сепак, иако Тајланд моментално нема трговски договор со ЕУ, што сепак би резултирало со царини од 10 до 20 отсто, постојат надежи дека ситуацијата ќе се промени. Имено, Тајланд и Европската унија во моментов работат на договор за слободна трговија, кој би можел да биде постигнат до крајот на годината, со што се отвора вратата на европскиот пазар за тајландски електрични автомобили.

Менаџерот на SAIC, Сурој Сангснит, нагласува дека високите тарифи и правилата за споделување технологија ги принудуваат кинеските брендови да бараат алтернативни решенија за производство и извоз на своите автомобили. Сепак, иако таквата зделка би била од корист за MG4, другите модели на MG како што се теренецот ZS, Marvel R и електричниот караван MG5, кои сè уште се произведуваат во Кина, нема да ги имаат истите придобивки.

МГ, исто така, размислува за изградба на фабрика во Европа, што дополнително ќе ги намали трошоците и ризиците поврзани со увозот од Кина. Овој потег на Европската унија е дел од пошироката стратегија за заштита на домашната автомобилска индустрија од кинеската конкуренција.

За Тајланд, ова претставува потенцијално огромна можност. Доколку се постигне договор за слободна трговија, Тајланд би можел да стане значаен центар за производство на електрични автомобили за европскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикини

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини.

Фото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикини

Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела.

Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство.

Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона

Стоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на Битолскиот театар во Верона. 

Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона

Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа.

Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07 прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio.

„Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ.

Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување.

„Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од Битолскиот театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатнито ги поседува вештините за улогата генерален секретар на ОН.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН се ближи кон крајот, а оваа година треба да се избере нов челник на организацијата. За да ја обезбеди таа функција, на Инфантино би му била потребна поддршката од Советот за безбедност на ОН, кој брои 15 члена, вклучувајќи пет постојани членки со право на вето.

Потоа, за именувањето би била потребна потврда од Генералното собрание на ОН. Сепак, засега не е познато дали Инфантино воопшто размислува за премин во Обединетите нации или дали разговарал за таа идеја со Трамп.

Паоло Ѕамполи, италијанско-американски бизнисмен и специјален пратеник на Трамп за глобални партнерства, ја пофали идејата, тврдејќи дека Инфантино би можел успешно да ја извршува таа улога. „Тој би завршил одлична работа. Луѓето го сакаат, а постојат и одредени сличности меѓу улогите на претседател на ФИФА и генерален секретар на ОН“, изјави Ѕамполи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер