Кинезите со новитет за 21. век- во електричен СУВ поставија холограм (ВИДЕО) - Канал 5

Кинезите со новитет за 21. век- во електричен СУВ поставија холограм (ВИДЕО)

Кинезите уште еднаш изненадија со новитет за 21. век.

Кинезите со новитет за 21. век- во електричен СУВ поставија холограм (ВИДЕО)

Кинеската автомобилска индустрија е на пат кон закрепнување и тие имаат сила да лансираат нови атрактивни производи. First Auto Works подобро познат по акронимот FAW има нов модел. Се нарекува Bestune E1 и она што го прави особено интересен е едно парче опрема.

Имено, составен дел на инфозабавата е т.н. личен асистент и за комуникацијата да биде поубедлива, постои посебен додаток. Во случајот постои холограм на асистент, а корисникот може да избере помеѓу неколку различни фигури.

Во автомобилот има многу модерни додатоци, така што камерата ги доловува изразите на лицето на возачот, а асистентот, во зависност од расположението, предлага промена на музиката и други параметри на удобност. Исто така, веднаш по влегувањето лицето на возачот се скенира и поставките во возилото автоматски се прилагодуваат.

Се разбира, целиот кокпит е дигитален, со висока резолуција.

Што се однесува до самиот модел, станува збор за класично прилагодениот SUV со некои ексклузивни детали, како што се рачките. Долг е 4.639 мм и широк 1.888 мм, додека висината е 1.640 мм. Возилото тежи 1.810 кг.

Погонот е електричен и се состои од електричен мотор со максимум 190 КС и 320 Nm во комбинација со капацитет на батерија од 61 kWh. Вози до 170 км на час и има опсег од 450 км. Продажбата почнува следниот месец. Почетната цена неочекувано е само 30.000 евра.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Односот меѓу Кристијано Роналдо и новиот тренер на Ал Наср, Анге Постекоглу, е затегнат по само три кола од новата сезона. 

Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2

Тензиите станаа очигледни за време на натпреварот во вторникот, во кој Ал Наср успеа да ја надомести негативата од два гола и да го победи Ал Етифак со 3–2 – но дури откако Постекоглу го остави Роналдо во соблекувалната на полувремето.

Актуелните шампиони се најдоа во неволја уште во 12-тата минута, кога голманот Бенто беше исклучен поради тоа што го собори Муса Дембеле надвор од шеснаесетникот. Ал Етифак ја искористи бројчаната предност и до полувремето поведе со 2–0 со головите на Ондреј Дуда и Алваро Медран. Роналдо, кој за првпат сезонава беше стартер, замина на паузата видно фрустриран; додека одеше низ тунелот, гестикулираше и ја симна капитенската лента.

Постекоглу потоа одлучи да го задржи 41-годишниот напаѓач на клупата, потег што се покажа како исправен. Садио Мане намали на 2–1 во 74-тата минута, а само три минути подоцна, Абдулелах Ал-Амри израмни. Мане го комплетираше пресвртот и ја обезбеди победата за Ал Наср со својот втор гол во 90-тата минута. Роналдо не учествуваше во прославата по натпреварот, а тренерот Постекоглу одби да ја коментира одлуката да го замени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното.

ММФ: Светската економија подобро од очекуваното се справува со последиците од војната во Иран

Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу главните причини ги посочи растечките фискални притисоци и можноста централните банки подолго да ја задржат построгата монетарна политика за да ја контролираат инфлацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

Говор на директорот на ЈПДП Коце Трајановски по повод поставувањето на камен темелник од изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат

„Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија, Црна Гора и Србија преку Косово.“, изјави на денешното поставување на камен темелник за започнување на изградбата на втората фаза на автопатот Скопје-Блаце, директорот на Јавното претпријатие Коце Трајановски.

Тој уште рече дека финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

Трајановски во својот говор се осврна и на техничките карактеристики на автопатот кој ќе има две коловозни ленти, секоја со по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од околу 27,5 метри, и додаде: „Ова е најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10.5 км ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии и кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите! Поради сложениот ридско-планински терен, проектот предвидува изградба на: 5 тунели со лева и десна цевка, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии, 9 потпорни ѕидови и. Рокот на изградба е 4 години. Рокот на изведба е четири (4) години. Автопатот Скопје – Блаце ќе го скрати времето на патување, ќе ја зголеми безбедноста и ќе ги намали трошоците за одржување на возилата, додека постојниот пат ќе остане како алтернативна врска за локалното население и останатите граѓани.“, рече Коце Трајановски директорот на ЈПДП кој е главен носител на проектот за изградба на автопатот.

На поставувањето на камен темелникот присутни се премиерите на Македонија и Косово, Мицковски и Курти, како и ресорните министри за транспорт, но и други бројни политичари, владини функционери, пратеници, амбасадори и директори.

Јавно претпријатие за државни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер