СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветКинезите се враќаат во Ормутскиот теснец, повторно примаат товар за Блискиот Исток Кинеската бродска компанија COSCO SHIPPING Lines денеска ги информираше клиентите дека повторно прифаќа резервации за транспорт на контејнери со товар од Далечниот Исток до Блискиот Исток.Контејнерските бродови на COSCO повторно ќе пловат од земјите на Далечниот Исток кон Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Кувајт и Ирак, се вели во соопштението. Компанијата не споменува резервации за пловење во спротивна насока, ниту пак укажува на можноста за испораки од други делови на светот до Блискиот Исток. Суспендирани резервации на почетокот на март Кинеската бродска компанија го суспендираше прифаќањето резервации за транспорт на товар на рути што ја вклучуваат оваа група земји од Блискиот Исток на 4 март, наведувајќи проценка на ризиците што произлегуваат од ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и од ограничувањата на поморскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец. Во најновото соопштение, тие нагласија дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата на Блискиот Исток и да ги информираат клиентите за сите можни вести. Според анализата на „Лојдс Лист“, неколку земји преговараат директно со Техеран за плановите за транзит на бродови, вклучувајќи ги Кина, Индија, Пакистан, Ирак и Малезија, а претставници на Иранската револуционерна гарда воспоставија рамковен систем за регистрација на бродови за давање гаранции за безбеден премин. Преминот е забранет за „непријатели“ Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец по нападот на САД и Израел на 28 февруари, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници. Иранските власти постојано нагласуваат дека теснецот не е затворен и дека, во согласност со меѓународното право, транзитот е забранет само за „непријателски“ бродови. Бродовите сè уште пловат низ Ормускиот теснец, со потребните мерки и услови што произлегуваат од воената состојба, објави во понеделник иранската новинска агенција Мехр, според соопштението за медиумите од иранското Министерство за надворешни работи, објавено во недела. Бродовите што не се непријателски настроени и оние што припаѓаат на или се поврзани со други земји можат да поминат низ Ормутскиот теснец во координација со надлежните ирански власти, под услов да не се вклучени и да не учествуваат во агресија против Иран, истакна министерството, но тие мора да ги почитуваат објавените прописи и безбедносни мерки. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, на „X“ повтори дека Ормуз останува отворен, припишувајќи ги прекините во сообраќајот на американските потези, според извештајот на „Mehr“ од понеделник. „Заканите нема да исчезнат, обидете се да бидете почитувани“ „Бродовите се двоумат затоа што осигурителните компании се плашат од „војна на каприци“ што ја започнувате вие, а не Иран“, го цитираше „Mehr“ министерот. „Ниеден осигурител - и ниту еден Иранец - нема да се предомисли со нови закани. Обидете се да бидете почитувани“, повторно рече шефот на иранската дипломатија. „Слободата на пловидба не е можна без слобода на трговија. Придржувајте се до двата принципа или не очекувајте ниту еден“, додаде Аракчи во соопштението. Командантот на иранската морнарица, контраадмиралот Алиреза Тангсири, во вторник во објава на X истакна дека за поминување на бродови низ Ормутскиот теснец е неопходна координација со иранските поморски власти, пренесува Mehr. На контејнерскиот брод SELEN му беше наредено да се повлече бидејќи не ги следел законските протоколи и немал дозвола за поминување, изјави ирански офицер во објава на X. SELEN патувал од пристаништето Шарџа во Обединетите Арапски Емирати до Пакистан, според податоците на MarineTraffic. Целосната нормализација на безбедноста и трајната стабилност во Ормутскиот теснец бара крај на воената агресија и закани, запирање на дестабилизирачките потези од страна на САД и Израел и целосно почитување на легитимните интереси на Иран, соопшти Техеран во недела.Тагови: блискиот исток Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44