Кинезите на Месечината откриле редок метеорит богат со вода - Канал 5

Кинезите на Месечината откриле редок метеорит богат со вода

Кинеските научници открија фрагменти од исклучително редок метеорит богат со вода во примероци од лунарна прашина.

Кинезите на Месечината откриле редок метеорит богат со вода

Кинеските научници открија фрагменти од исклучително редок метеорит богат со вода во примероци од лунарна прашина собрани од мисијата Чанг'е-6, објави „Science Alert“.

Ова е прв пат ваков метеорит, познат како CI хондрит, да биде пронајден на Месечината.

Анализата на повеќе од 5.000 честички откри микроскопски траги од метеорит што содржи до 20 проценти врзана вода, што го прави важен извор на информации за можното потекло на водата на Земјата и Месечината. CI хондритите се толку кревки што речиси никогаш не преживуваат минување низ атмосферата на Земјата.

Откритието сугерира дека астероиди богати со вода можеби ја погодиле Месечината рано во историјата на Сончевиот систем и дека нивните траги можеби опстојувале милијарди години.

Студијата, предводена од тим од Кинеската академија на науките, беше објавена во „Зборникот на трудови на Националната академија на науките“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Завршија топлите и сончеви денови..

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата.

Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

Камерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 „Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци.

-23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР.

Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало.

Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер