Кинеските научници докажаа дека има вода во примероците што ги донесоа од Месечината - Канал 5

Кинеските научници докажаа дека има вода во примероците што ги донесоа од Месечината

Траги од вода се откриени во примероците што кинеската сонда Chang'e-5 ги врати од Месечината во 2020 година, се наведува во списанието Nature Astronomy.

Кинеските научници докажаа дека има вода во примероците што ги донесоа од Месечината

Откритието беше објавено помалку од еден месец откако сондата Chang'e-6 , прва во историјата која врати примероци од почвата од далечната страна на Месечината и големиот успех на Кина во вселенската трка, објави Nature Astronomy.

- Присуството и дистрибуцијата на вода на Месечината е од фундаментално значење за нашето разбирање на системот Земја-Месечина. И покрај деталните лабораториски истражувања и далечинско набљудување, потеклото и хемиската форма на лунарната вода сè уште се непознати. Во студијата го презентираме откривањето на хидрирани минерали (NH4)MgCl3•6H2O во примероци од почва при што 41 отсто од нивната тежина е вода – се наведува во студијата.

Постоењето на вода на Месечината беше потврдено од американската агенција НАСА во 2020 година со помош на инфрацрвен детектор. Исто така, тоа го докажаа новите анализи на примероци од Месечината донесени на Земјата во 1960-тите и 1970-тите.

Сепак, разликата е во тоа што примероците што ги врати Chang'e-5 се од многу повисоки географски широчини, така што тие даваат повеќе индиции за тоа какви форми може да има водата на површината на Месечината, според Phys.org.

- Нашите наоди сугерираат дека молекулите на водата можат да преживеат во сончевите области на Месечината како хидрирани соли - изјавија научниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Скопје безбедна за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Водата во Скопје безбедна за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер