3Обраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа
ТехнологијаКинески шатл ги намалува цените за летови до „Небесната палата“ (ВИДЕО)Кина го претстави дизајнот на новото вселенско летало за повеќекратно користење - вселенскиот шатл Хаолонг ќе може да носи товар до вселенската станица Тиангонг (Небесна палата) и назад на Земјата.Шатлот бил развиен од Истражувачкиот институт за дизајн на авиони во Ченгду, дел од корпорацијата за воздушна и вселенска индустрија на Кина (AVIC), на барање на кинеската вселенска агенција CMSA, а целта е да се дизајнира евтино вселенско летало за транспорт на товар во орбитира и да се врати на планетата. Кина моментално користи роботизиран авион Tianzhou, чие име во превод значи „небесен брод“, за да испрати товар во Јангонг, но овие летала согоруваат во атмосферата и не можат да го вратат товарот на Земјата. 👀 They seem not only got a model but also a full-scale prototype. HaoLong-1 cargo spaceplane https://t.co/VI1Yoh3sRj pic.twitter.com/Dthfd1gi1v — China 'N Asia Spaceflight 🚀𝕏 🛰️ (@CNSpaceflight) November 11, 2024 Хаолонг треба да биде лансиран на врвот на ракетата и ќе слета хоризонтално на пистата, објави Спејс. . Кинескиот шатл е долг 10 метри и широк 8 метри, а ќе тежи околу 7 тони. Леталото моментално е во фаза на инженерска верификација, кога се тестираат дизајнот и системите, па само ако сѐ помине, ќе биде изграден. - Вселенскиот шатл Хаолон е крилест авион кој ги комбинира карактеристиките и на вселенско летало и на авион, што му овозможува да биде лансиран во орбитата на ракета и потоа да слета на писта како авион - Фанг Јуанпенг, главен дизајнер на шатлот , изјави за CCTV. Шатлот, како некогашниот американски вселенски шатл, не е дизајниран да превезува луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожариВо рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Денеска (22.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајни превентивни активности во кои главен акцент беше ставен на пешаците. Тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а во рамки на активностите им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации итн. Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Тетово, спроведоа превентивни активности во Скопје и Тетово под мотото „Носи кацига“, насочени кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети. При тоа им беа поделени и едукативни материјали подготвени од страна на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Полициски службеници од ОВР Кавадарци и Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, вчера во Кавадарци и општина Брвеница реализираа превентивни активности на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“. Преку непосредни разговори на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, укажувајќи им да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и на обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема. Превентивни активности за заштита од пожари денеска беа реализирани и во Делчево и Берово од страна на полициски службеници од СВР Штип. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дождУтре под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени. Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна ЕвропаСиљановска-Давкова укажа на важноста на градењето судски имунитет на политички притисоци.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Според неа, Врховните судови, како највисока инстанца во судската хиерархија, го гарантираат владеењето на правото и ја персонифицираат независноста на судството. За неа, во ера на сериозно пореметена рамнотежа на трите власти, во корист на егзекутивата и релативизирани спреги и кочници, има насушна потреба од компетентни, кредибилни и храбри судии, одважни во креирањето рационалност, конзистентност и кохерентност во интерпретацијата и примената на законите во судските постапки. Сиљановска-Давкова укажа на важноста на градењето судски имунитет на политички притисоци. Таа посочи дека не секогаш политички легитимните реформатори посегаат по реформи заради надминување на неоправдано долгите судски процеси, корупцијата и недовербата во судството, туку вистинската намера им е регрутирањето на политизирани и дисциплинирани судии. Претседателката потсети дека одлуките на Врховните судови имаат силен одраз врз работата на пониските судови, како и врз перцепцијата на граѓаните за квалитетот и интегритетот на судството. Функцијата судија на Врховен суд секаде и секогаш се смета за круна на правничката кариера, но таа не е статусен симбол, туку потврда за знаење, професионалност, етика, морал и одговорност, смета претседателката. Сиљановска-Давкова ја афирмираше важната улога на добрата судска практика на националните врховни судови, како и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, укажувајќи на неодржливоста на неспроведувањето на неговите пресуди од страна на членки на Советот на Европа и членки на ЕУ. На отворањето на дводневната конференција се обратија и Африм Фидани, претседател на македонскиот Врховен суд, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет, Дејвид Кемпбел, виш окружен судија, претседател на Комитетот за меѓународни судски односи во САД и член на Советодавниот одбор на CEELI Институтот, Роберт Р. Странг, извршен директор на Институтот CEELI, како и Гжегож Борковски од Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Почитувани претседатели на врховните судови, Почитувани судии, Ценети гости, Дами и господа, Особено ми е драго што денес во Скопје се собрани претставници на највисоките судски институции од Централна и Источна Европа. Убедена сум дека и покрај, како што веќе чувме, различните модели на политички и судски систем, ќе манифестирате кохерентност околу темелните вредности и принципи на уставниот поредок бидејќи денеска како никогаш порано мора да зборуваме за поделба на власта заради доминацијата на егзекутивата, за владеење на правото заради, about rule of law because of the tendences of rule of men unfortunately, за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Секогаш сум ги потсетувала студентите дека Платон и Аристотел започнаа со „Држава“, со „Политика“, ама завршија со „Закони“. Е, вие сте тие коишто стоите зад примената на законите. Веќе чувме дека Врховните судови не се само највисоката инстанца во судската хиерархија, туку главните гарантори на владеењето на правото, што значи главните бранители на независноста на судството, на правната предвидливост и сигурност, но и на правдата, а ако има правда ќе има и доверба од граѓаните. Токму затоа, во уставната архитектура, вие имате специјален статус. Веќе реков дека живееме во ера на пореметена рамнотежа на власта во корист на егзекутивата, ослабени спреги и кочници, и тогаш имаме насушна потреба од храбри креатори на кохерентност, конзистентност, рационалност, предвидливост и извесност во интерпретацијата и примената на законите. Денеска чинам дека најповторуваниот збор е „реформи“ или „реформа“ на судството. Се разбира, без оспорување на политичкиот легитимитет на реформаторите, мислам на политичарите, мора да се почитува институционалниот интегритет, ама и индивидуалниот интегритет исто така во судството, оти судството може да функционира независно само кога е ослободено од политички притисоци. Најчесто, реформаторите зборуваат за: долгиот пат на правдата, односно должината на постапките, тоа е македонската болка во судството, неефикасното судство, корупцијата. Меѓутоа, не смееме да превидиме дека понекогаш зад високите цели, може да се крие политичка намера за свои послушни судии. Значи, не секогаш зад реформите стои заштитата на независното судство. Судската независност, како што веќе чувме неколкупати, не обезбедува специјален статус за судијата или за судот, туку токму таквата положба овозможува или е гаранција за слободите и правата на човекот и граѓанинот, што значи императив за демократија. Веќе неколкумина пред мене ја споменаа индивидуалната и институционалната независност. Јас само сакам, како некој на кој му недостигаат студентите и којшто животот го посветил на оваа професија, да потенцирам дека токму индивидуалната независнот ги штити судиите од арбитреризмот, ги штити судиите од дисциплинските притисоци, ги штити судиите од политичкото влијание и политичката контрола, а како што веќе реков, институционалната пак, ги штити од заканите од извршната власт. За жал, денеска во реал политиката којашто дури и се трансформира во своевиден дарвинизам, честопати се соочуваме со политика на сила наместо со политика на право и затоа е потребна одбрана. Значи, секој граѓанин има право спорот во којшто е, да очекува да биде решен како од независен судија, така и од независен суд. Она што е најважно за сите вас, сите ние судскиот легитимитет го врзуваме за интегритетот, за професионалноста, за искуството, за експертизата, за етиката, значи тоа е нешто што ги прави судиите посебни. Ова треба да важи за сите кандидати, бидејќи на тој начин ќе создадеме, ќе изградиме брана против арбитрерноста или ќе ја редуцираме опасноста од корупција и ќе ја зголемиме довербата во судството. Сакам да потенцирам дека Венецијанската комисија, чија членка бев, и тоа е еден од најубавите периоди од мојот живот, честопати истакнува и јас тоа го истакнав годинава на прославата дека треба да продолжиме да се бориме против шајлоците односно против венецијанските трговци, борејќи се за владеењето на правото наспроти владеењето на луѓето односно на групите. Значи и самата Венецијанска комисија токму ги отвора овие прашања и проблеми. Веќе беше потенцирана важноста на довербата во судството, бидејќи таа зборува за независност во примената на правото. Беше спомената вештачката интелигенција и јас ќе споменам дека да, вештачката интелигенција има големи придобивки, но не смееме да заборавиме дека и зад осудените и зад обвинетите, но и зад бранителите, всушност стојат личности со дигнитет и интегритет, стои емоција којашто треба да се знае. Компаративно ќе говорите вие подоцна за сиве овие прашања, но јас сепак би сакала да кажам дека токму работата во Венецијанската комисија ми откри различни политички системи, различни правни системи, различни модели на избор на судии, меѓутоа факт е дека денеска Врховните судови па и целокупното судство се соочува со слични предизвици. Токму суштината на овие предизвици е врзана за квалитетот на судењето. Бидејќи овде седат претседатели на Врховни судови јасно ми е дека и тие, како и јас, веруваат дека највисоката судска инстанца кога е независна, ужива најголема јавна доверба и тоа е доказ за владеењето на правото. Впрочем, преку статусот и работата на Врховниот суд многу често се цени состојбата во севкупното судство. Секој обид за политизација на Врховниот суд, да потенцирам, е ризик не само за судската независност, туку за демократскиот поредок, бидејќи авторитетот на правото е неразделно поврзан со авторитетот на институциите што го штитат, значи со авторитетот на највисоката институција. Затоа, кога Врховните судови успешно ја извршуваат својата улога на единствена примена на законите, односно доследност во толкувањето и примената на правото, тогаш и довербата во судството расте. Ја поздравувам европеизацијата во правните системи, хармонизацијата, бидејќи таа не е само технички потег и задача, туку е гаранција за правна сигурност и еднаквост во европскиот правен простор. На крајот, би сакала уште еднаш да потенцирам дека вашите одлуки, одлуките на судовите, имаат силно влијание и врз работата на пониските судови, меѓутоа, исто така и врз цврстината на демократијата. Поради тоа, денеска, секаде се одвиваат дебати за начинот на изборот на судиите, улогата на судските совети, критериумите за напредување во судството, бидејќи тие се неверојатно важни. Без разлика на системите, функцијата судија на Врховен суд се доживува како круна на правничката кариера. Тоа значи, пред се, огромна одговорност, зошто авторитетот на една врховна судска институција, секогаш зависи од квалитетот, интегритетот и професионалноста на оние коишто ја персонифицираат, што значи од вашиот. Беше споменат Судот на правдата во Луксембург и Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Не можам, а да не потенцирам, дека суд чии пресуди не се спроведуваат, има сериозни проблеми. Пресудите на Европскиот суд, инаку и во Советот на Европа сум поминала повеќе од 30 години во животот. Пресудите на судот во Стразбур, можат, мораат да важат за сите членки. Впрочем, многупати сме разговарале и за тоа, дека доколку не се спроведуваат, можеби е потребно да има закана којашто би се однесувала на статусот член на Советот на Европа. Не можам, а да не потенцирам, на примерот на мојата држава, дека многупати пресуди во Стразбур, коишто се однесуваат на заштитата на правата на македонското малцинство во соседството не се почитуваат и тоа, кај мене, внесува големи дилеми во поглед на задолжителноста на пресудите. А, без да се спроведува пресудата, мислам дека судот станува една проблематична институција. Ви посакувам успешна конференција. Сигурна сум дека ќе размените во жива дебата различни искуства. Сигурна сум дека заклучоците ќе го зајакнат авторитетот на судските институции. Сигурна сум дека авторитетот ќе доведе до зголемена доверба во судството и за мене е најважна соработката во европски рамки, но и соработката со Соединетите Американски држави. Впрочем и самата во време кога Американската Бар Асоцијација формираше Central and Eastern European Law Initiative then, ние добивме Sister School во Moscow, Idaho, а подоцна и една извонредна соработка со Колумбија универзитетот во рамките на Public Initiative Law Interest. Тоа е она што мислам дека е многу важно за соработката и јас честопати кога зборувам за потребата од исчекор во или за вистинска реформа во судството, потсетувам на медисонијанизмот и мислам дека сè уште е инспиративен. Благодарам.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36