Кинески научници развија третман за лекување срцеви заболувања со магнетна течност - Канал 5

Кинески научници развија третман за лекување срцеви заболувања со магнетна течност

Кинески истражувачи развија нов материјал и технологија заснована на магнетна течност за затворање на левата преткомора, насочена кон спречување на згрутчување на крвта и мозочен удар кај пациенти со неправилни срцеви отчукувања, објави Шјинхуа.

Кинески научници развија третман за лекување срцеви заболувања со магнетна течност

За разлика од традиционалните цврсти уреди за вградување, новиот метод користи течност што ја исполнува празнината и целосно се прилагодува на неа. Ова претставува премин кон таканареченото целосно затворање со течност. Магнетофлуидот што се користи за оваа намена содржи магнетни честички и посебна течност што се стврднува на потребното место. Може да се контролира од далечина со надворешни магнетни полиња, што овозможува прецизно насочување во телото. По вбризгувањето, течноста, чијашто количина е околу 2,5 милилитри, го исполнува и најскриениот простор.

Написот, објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), говори за научните наоди на стручњаците од Институтот за напредна технологија во Шенжен и болницата „Фувај“. Резултатите се оптимистички и покажуваат можност за долгорочно затворање без срцеви тромбови.

Според научниците, технологијата би можела да понуди побезбеден и потраен начин за спречување мозочен удар, намалувајќи ја така потребата од повторени операции и трошоци за лекување. Потребни се, сепак, натамошни истражувања, за да се утврди неговата долгорочна безбедност и клиничка примена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По мајката и бебето, почина и таткото во тешката сообраќајка на Халкидики- другото дете се бори за живот

Трагедијата на Халкидики има уште потежок епилог, откако почина и таткото на семејството, кој беше тешко повреден во сообраќајната несреќа.

По мајката и бебето, почина и таткото во тешката сообраќајка на Халкидики- другото дете се бори за живот

Малку порано на регионалниот пат Полигирос - Агиос Николаос на лице место починале неговата сопруга и нивното бебе. Малолетното дете на ова семејство се уште е хоспитализирано, јавија грчките медиуми.

Несреќата се случила попладнево (15 јули), кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувале родители со своите две деца, се судрил со цистерна.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата со помош на специјална опрема за спасување извршиле акција за извлекување на жртвите.

Жена и бебе без знаци на живот се извлечени од возилото, додека маж и малолетно дете се спасени со тешки повреди и според достапните информации се здобиле со повреди на главата.

На местото на несреќата веднаш пристигнала Итната медицинска помош (ЕКАБ), која прво интервенирала со возило за итна интервенција, а потоа пристигнале уште три возила на Брза помош кои од автомобилот ги пренеле во болница четворицата патници, како и возачот на цистерната .

За жал, таткото кој бил тешко повреден не успеал да преживее и починал во Ургентниот центар на Општата болница Халкидики. Малолетното дете се уште е на болничко лекување, додека возачот на цистерната е во добра здравствена состојба.

Точните причини и околности под кои се случила оваа трагедија се предмет на истрага на Одделот за истраги на Сообраќајната полиција во Полигирос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иран се закани дека ќе блокира дополнителни трговски патишта во регионот откако САД извршија нов бран напади врз воени цели.

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги запрат она што го нарекоа „акти на агресија“ и предупреди дека другите извозни патишта за нафта и гас во регионот би можеле да бидат затворени.

Предупредувањето дојде откако Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека извршила напади со беспилотни летала, авиони и воени бродови врз цели во Иран во среда наутро, по седумчасовната воена операција претходната ноќ.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе нареди напади врз ирански мостови и електрани следната недела ако Техеран не се врати на преговорите.

„Ќе ги оставам енергетските цели за на крај, но и нив ќе ги погодиме“, рече Трамп во интервју за програмата „Специјален извештај со Брет Баер“, кое се емитуваше во вторник вечерта.

Засилената реторика дојде откако Трамп изјави дека ќе ја укине претходно објавената царина од 20 проценти за превоз низ Ормутскиот теснец и ќе ја замени со „масивни“ трговски и инвестициски договори со земјите од Заливот.

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа во вторник вечерта, спречувајќи ги бродовите да транзитираат до и од иранските пристаништа и крајбрежните области.

Како одговор, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) ги предупреди САД дека може „да очекува затворање на други рути за извоз на нафта и гас што им служат на интересите на САД и нивните сојузници“.

Би-Би-Си објави дека не прецизира на кои рути ќе се однесува предупредувањето.

Во исто време, иранската државна телевизија објави дека иранската војска извршила одделни напади врз американски цели на Блискиот Исток и тоа во Јордан, Кувајт и Бахреин.

САД и нивните сојузници соопштија дека пресретнале беспилотни летала и ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија е единствената земја која не ја потпиша „Киевската декларација“ со осуда за Русија

Србија е единствената што денеска не ја потпиша Киевската декларација, која, меѓу другото, ја обвинува Русија за агресија врз Украина и повикува на итен прекин на војната, објави Српската радиотелевизија (РТС).

Србија е единствената земја која не ја потпиша „Киевската декларација“ со осуда за Русија

На самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржа во Киев, учесниците ја усвоија заедничката Киевска декларација, во која се обврзаа да продолжат со политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка на Украина, да го зголемат притисокот врз Русија и да соработуваат во обновата на земјата погодена од војната.

Според РТС, документот го потпишаа претседателот на Украина Володимир Зеленски и претставници на Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија. Србија, претставена на самитот од претседателот Александар Вучиќ, според извештајот на РТС од Киев, беше единствената што не ја потпиша декларацијата.

Во тој документ, според РТС, Русија е обвинета за нелегална, неиспровоцирана и неоправдана агресија и повикува на итен прекин на војната и целосно, безусловно и проверливо повлекување на армијата и воената опрема од целата територија на Украина.

„Секогаш ги слушам сите можни приговори што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“

Кога го прашаа каква реакција очекува во Србија и Русија, со оглед на тоа што неговата посета на Киев стана главна тема на разговор меѓу многу функционери во Москва и во Србија, Вучиќ истакна дека секогаш ги слуша сите забелешки.

„Исклучително е важно за мене и за сите други да разговараме тука за ова и за тоа какви се нашите политички ставови, а јас го правам ова за да ги заштитам српските национални интереси. Секако, секогаш ги слушам сите можни забелешки што доаѓаат од целиот свет. Така функционира демократијата“, ја цитира РТС изјавата на Вучиќ.

Тој разговараше со Зеленски за коридорите кон Ерменија, Азербејџан и Турција

На самитот во Киев, Вучиќ истакна пет важни работи за Србија поврзани со руско-украинскиот конфликт, а особено принципот на почитување на Повелбата на ООН и резолуциите на ООН во врска со поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Тој, исто така, ја нагласи важноста на хуманитарната помош, обновата на украинските градови и поддршката за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија.

Вучиќ, исто така, рече дека со Зеленски разговарал за коридорите кон Ерменија, Азербејџан и Турција, оценувајќи дека ова би било „многу важно“ и дека може да се постигне напредок во оваа област за подобра поврзаност на овие земји. „Ова бара многу инвестиции од Србија, Романија, Молдавија, Украина, но верувам дека можеме да сметаме на тоа во иднина“, заклучи Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер