Кинеска ракета се распадна во земјината орбита, има опасност од стотиците отпадоци - Канал 5

Кинеска ракета се распадна во земјината орбита, има опасност од стотиците отпадоци

Кинеската ракета Long March 6A се распадна во ниската орбита на Земјата, создавајќи облак од отпадоци.

Кинеска ракета се распадна во земјината орбита, има опасност од стотиците отпадоци

Ракетата била лансирана во вторникот, носејќи 18 сателити Г60 во орбитата. Тоа е првиот сет на сателити од соѕвездието Thousand Sails на компанијата Shanghai Spacecom Satellite Technology.

Во финалната верзија, во мегасоѕвездието би требало да има 1.296 сателити, со планови за зголемување на капацитетот на околу 14.000 со цел да се натпреварува со сателитите Starlink на SpaceX, пишува CNN. Американската вселенска команда, огранок на американското Министерство за одбрана, вчера потврди дека ракетата се распаднала.

„USSPACECOM не откри непосредна закана“, рече портпаролот, додавајќи дека тие продолжуваат да ги следат остатоците и да даваат информации на НАСА. Според податоците на организацијата за следење на орбитата LeoLabs, по распадот на ракетата настанале најмалку 700 парчиња отпад, со тоа што можеби ги има повеќе од 900.

Експертите веруваат дека ракетата се распаднала на 810 километри над површината на Земјата и дека остатоците претставуваат значителна опасност за објектите во ниската орбита на Земјата (под 800 километри). Засега не се знае точното ниво на закана, експертите работат на проценка која треба да биде готова за неколку дена.

Со оглед на тоа што кинеските сателити се лансираат во поларна орбита, а не во екваторијална, тие можат да зададат посилен удар на другите објекти кои не се во поларна орбита. „Најлошото можно сценарио е дел од остатоците да се судрат со објект што се движи околу екваторот. Тоа е како два автомобили да се судираат на раскрсница“, вели инженерот Џон Л. Красидис од Универзитетот во Бафало во САД.

„Со оглед на висината на која се случи распаѓањето, фрагментите веројатно ќе останат на своето место неколку години, а некои би можеле да бидат таму со децении. Но, тешко е да се предвиди точниот временски период, бидејќи не знаеме во каква форма се фрагментите. “, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер