Кина вложува 125 милијарди долари во електрични возила-Кинески пандан на Тесла

Кина одлучила да инвестира во НИО – Инк производителите на електрични возила до 125 милијарди долари, објави  „Никеа бизнис“.

Претходно од истата компанија било најавено дека се откажува од плановите за производство на нови автомобили поради слабата продажба на моделот ЕС8.

Компанијата чие седиште е во Шангај многумина ја споредуваат со Тесла. Истата ќе биде претворена во нов ентитет НИО Кина во договор со „ E-Town Capitalom“ од Пекинг .

И покрај намалените субвенции за електрични возила во Кина , „ E-Town Capitalom“ најавува нов „енергетски ефикасен автомобил“, како еден од четирите идни приоритети.

Ефектите од намалените владини субвенции се почувствувале веднаш , НИО веќе пријавил загуби од 390, 9 милиони долари во првиот квартал и значаен пад на испораката на ЕС 8 моделите во април.

Компанијата соопшти дека новата инвестиција ќе ја употреби за истражување и развој, како и за изградба на нов производствен погон за возила од идната генерација.,

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

притисни ентер