ТехнологијаКина успешно лансира карго ракета во вселената (ВИДЕО) Кинеската ракета со вселенскиот модул Тијанжу 2 е лансирана денес од космодромот Венчанг на островот Хаинан во Јужното кинеско море точно според планот, во 20:55 часот по локално време, објави Националната вселенска служба.Вселенскиот модул Тијанжу 2 пренесува гориво и потребни залихи за орбиталната станица Тијанхе, која беше лансирана на 29 април, пренесува АП. Вселенскиот модул Тијанжу 2 е вториот од 11 модули што ќе бидат испратени во вселената со цел да се заврши изградбата на кинеската орбитална станица Тијанхе до 2022 година, објави претходно Ројтерс. Вселенската станица Тијанхе е третата што Кина ја испрати во орбитата околу Земјата како дел од својата амбициозна вселенска програма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ХороскопДневен хороскоп за 11. јули 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе с еобидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаСемејно куче искаса до смрт четиригодишно девојче- трагедија во Германија Четиригодишно девојче почина откако беше нападнато и искасано до смрт од нејзиното семејно куче во градот Дроза во германската покраина Саксонија-Анхалт.Полицијата започна истрага против мајката на детето и семеен пријател за да се утврдат сите околности на трагедијата. Според полицијата и канцеларијата на државниот обвинител, девојчето си играло со кучето во нејзиниот стан кога животното одеднаш ја нападнало и ја каснало повеќе пати. Се верува дека станува збор за американски стафордширски териер. Иако минувачите веднаш се обиделе да го одвојат кучето од детето, девојчето претрпело толку тешки повреди што дури и вработените во итните служби не можеле да ѝ помогнат, па таа починала на местото на настанот. Кучето било однесено во засолниште за животни, а на членовите на семејството и службите за итни случаи им била пружена психолошка поддршка. Am Mittwochnachmittag starb die kleine Tochter einer 32-jährigen Frau, nachdem ihr Pitbull sich in der Wohnung in das Mädchen verbissen hatte. Der Hund wurde daraufhin beschlagnahmt und an eine Tierschutzeinrichtung übergeben. https://t.co/QRanTwc31g pic.twitter.com/0zv8aHwXMj — Blick (@Blickch) July 9, 2026 Истрага за убиство без умисла 32-годишна мајка и 30-годишен пријател, двајцата германски државјани, се испитуваат под сомнение за убиство без умисла. Истрагата ќе се обиде да утврди дали нападот можел да се спречи или дали имало некакви пропусти во надзорот врз детето и кучето. Кучето претходно нападнало луѓе Градоначалникот на општината Остерненбургер Ланд, Торстен Лоренц (CDU), потврди дека имало претходни инциденти со истото куче. Сепак, животното подоцна било подложено на проценка на темпераментот и однесувањето. Американските стафордширски териери, кои тежат помеѓу 30 и 40 килограми, се сметаат за исклучително силни и се наведени како потенцијално опасна раса во покраината Саксонија-Анхалт. Се разгледуваат измени во законот Трагедијата предизвика шок и тага. „Четиригодишно дете треба да расте безгрижно. Наместо тоа, оваа незамислива трагедија остава празнина што никогаш не може да се пополни“, напиша градоначалникот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот се истражува и дека доколку е потребно ќе се разгледаат измени во законот за чување кучиња. „Законот за кучиња служи за заштита на јавноста, особено децата, од опасностите што ги претставуваат кучињата“, објасни министерството, додавајќи дека од овој случај ќе се извлечат потребните заклучоци. Инцидентот повторно ја отвори дебатата за поседување кучиња во Германија. Неодамна, полицијата во Тангерминде застрела куче кое го нападна својот сопственик, а организацијата за права на животните ПЕТА побара задолжително лиценцирање за сопствениците на кучиња.Тагови: девојче куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваДевојката на Халанд ги урива рекордите за популарност на социјалните медиуми (ФОТО)Додека Ерлинг Халенд постигнува успеси на фудбалскиот терен, неговата девојка Изабел Халенд руши рекорди на социјалните мрежи.Популарноста на 22-годишната инфлуенсерка вртоглаво се зголеми за време на Светското првенство, а податоците покажуваат дека таа постигнала најголем дневен пораст на следбеници од сите сопруги и девојки на фудбалери на турнирот. Норвешкиот напаѓач и ѕвезда на Манчестер Сити, 25-годишната Халанд, е еден од најистакнатите играчи на првенството. Со своите потези и голови, ја одведе Норвешка до четвртфиналето, а по победата против Бразил, во која постигна два гола, изјави дека тоа бил еден од „најлудите“ денови во норвешката историја. Неговото славеничко селфи стана една од најбрзите објави што собра милион лајкови, објави Космополитан. Во сабота, 11 јули, Норвешка има напнат натпревар против Англија за да влезе во полуфиналето. Well well well 😂 pic.twitter.com/IWe7l9AhZo — Erling Haaland (@Erling) July 5, 2026 Таа го сруши рекордот Но, Халанд не е единствениот што привлекува внимание. Неговата девојка Изабел стана исклучително популарна. Според податоците собрани од Social Blade, Изабел го држи рекордот за најголемо зголемување на бројот на следбеници за еден ден за една WAG во ова првенство. Нејзините следбеници на Инстаграм пораснаа за повеќе од 322.200 за само еден ден во јули. Таа сега се гордее со повеќе од еден милион следбеници, а нејзините објави редовно добиваат стотици илјади лајкови. View this post on Instagram A post shared by Vantix Magazine (@vantixmag) Изабел гради кариера во светот на модата и како креатор на содржини, а неодамна стана амбасадор на брендот за накит Langgaard. Во рангирањето на зголемувањето на популарноста, девојката на Нејмар, Бруна Бјанкарди, следи со 212.850 нови следбеници, а Габриели Миранда, девојката на фудбалерот Ендрик, која забележа зголемување од 205.485 следбеници. Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, е на четвртото место со 183.487 нови следбеници за еден ден, додека свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, привлече 176.343. Како се запознаа Двојката ја чуваше својата врска во тајност долго време. Тие ги потврдија шпекулациите дури во летото 2023 година, појавувајќи се заедно на одмор во Марбеља и на церемонијата на доделување на Златната топка. Сепак, фудбалската ѕвезда претходно откри како се запознале - и тоа многу порано отколку што многумина би помислиле. Халанд и Изабел пораснале во истиот норвешки град, Брин, па дури и играле во истиот локален фудбалски клуб како деца. View this post on Instagram A post shared by Isabel Haugseng Johansen (@isabellaa) Во видео на YouTube од октомври 2025 година, Халанд рекол: „Таа играше фудбал. Така се запознавме. Супер е, бидејќи таа го разбира фудбалот“. Во интервју за NRK, тој дополнително го разјасни почетокот на нивната романса: „Ми испрати порака. Играше за истиот клуб како и јас, Брин. Значи, таа беше првата што ме забележа, а не јас“. Изабел откри и еден интересен детаљ од минатото. „Го познавав само твојот најдобар пријател и ми се допаѓаше, но кога те видов, се предомислив“, ја пренесува нејзината изјава Sportbible. View this post on Instagram A post shared by Isabel Haugseng Johansen (@isabellaa) Фудбалер кој избра поинаков пат Како и Ерлинг, Изабел помина низ академијата на Брин ФК и покажа исклучителен талент. Таа го имаше своето деби за сениорскиот женски тим кога имаше само 13 години и постигна 23 гола во 36 натпревари. Таа призна дека не е позната по својата техника, туку по својата неверојатна брзина, особина што ја дели со Халанд. Да бидам искрена, не бев најдобра во дриблингот и слични работи. Повеќе се потпирав на брзината. Само трчав“, рече таа и носталгично додаде: „Многу ми недостига“. View this post on Instagram A post shared by Erling Braut Haaland (@erling) Станаа родители Со текот на годините, тие успеаја да ја зачуваат интимноста, а нивниот живот не е медиумски спектакл, туку се состои од мирни вечери, готвење, па дури и играње видео игри. „Јас готвам. Ова веројатно ќе ѝ звучи малку непријатно, но таа сака да игра игри. Па затоа играме Мајнкрафт заедно. Градиме куќи и сè тоа. Или одиме дома во Брајн и нарачуваме ќебап“, откри Халанд. Најголемата пресвртница во нивните животи се случи во декември 2024 година, кога добија син.Тагови: Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook