И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
2И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
СветКина: САД не се во позиција да го коментираат прашањето на ТибетПортпаролката на министерството, Мао Нинг, реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио.Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД „не се во позиција да покажуваат со прст кон Кина“ за прашања поврзани со Тибет и наследникот на Далај Лама и го повика Вашингтон целосно да ја признае „важноста и чувствителноста“ на прашањето. Портпаролката на министерството, Мао Нинг, реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој рече дека Далај Лама ги инспирира луѓето ширум светот и изрази поддршка за зачувување на јазичното, културното и религиозното наследство на Тибеќаните, вклучително и нивното право слободно да ги избираат своите верски водачи. Мао рече дека Далај Лама е „политички егзилант кој е вклучен во антикинески сепаратистички активности под маската на религијата“ и дека „нема право да го претставува тибетскиот народ или да одлучува за иднината на Тибет“. Таа додаде дека Кина практикува политика на верска слобода и има право да го одобри наследникот на Далај Лама, повикувајќи се на традициите од империјалното време. Далај Лама минатата недела им кажа на своите следбеници дека ќе биде реинкарниран и дека институцијата што ја основал ќе има единствено право да го идентификува својот наследник, пркосејќи на инсистирањето на Кина, Пекинг да одлучи. Рубио, исто така, во мај повика на „итно ослободување“ на Гедун Чоки Нима, кој беше прогласен за 11-ти Панчен Лама од Далај Лама во 1995 година кога имаше шест години, по што детето исчезна. Пекинг наскоро го именуваше Гјалцен Норбу за Панчен Лама. Панчен Лама игра клучна улога во идентификувањето на следниот наследник на Далај Лама.Тагови: Кина тибет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЈанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за ГостиварКако општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. - По обвинувањата од СДСМ дека владата без јавен оглас и тендер склучила договор за набавка на вода за пиење за Гостивар со Кожувчанка, како сопственик на Кожувчанка можам да кажам дека по јавниот оглас кој што го имаше Владата, односно општата служба за заеднички работи и по мои насоки, Кожувчанка конкурираше на огласот и го доби самиот оглас во вредност од 6 милиони денари со цена на чинење на вода од 12,5 денари за 1,5 литри шише односено до Гостивар со вклучен ДДВ. Сакам да кажам дека моите насоки до управителот беа редовната цена која што ја имаме од 25 денари за шише од 1,5 литри Изворска да биде со 50 проценти намалена, односно да биде намалена на 12,5 денари, со тоа што и самата компанија Кожувчанка партиципира во цената, истакна Јанчев. Со демант се јави и Компанијата Кожувчанка, соопштението го пренесуваме во целост. Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИ Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднинаВо 2023 год. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше над 56 милион евра во компанијата Eldorado Gold, финансирајќи го развојот на проектот „Скуриес“ во северна Грција. Ние се уште спиеме. Длабоко сон.Инвестицијата од реномирана институција како ЕБОР, која има строги критериуми за заштита на животната средина и одржливост, јасно покажува дека отворањето на нови рудници денес се темели на одговорен пристап. Проектот „Скуриес“ каде ископот веќе се одвива, се очекува наскоро да почне и со преработка со што ќе стане главен „играч“ на ЕУ за обезбедување бакар и злато — ресурси кои се од суштинско значење за глобалната економија и, што е уште поважно, за зелената транзиција. Бакарот е клучен метал за развојот на обновливите извори на енергија и електричните возила, со што директно придонесува кон намалување на глобалните емисии на јаглерод. Овој проект е доказ дека балансот помеѓу економскиот развој и зачувувањето на природата е возможен. Преку ригорозни проценки на влијанието врз животната средина (EIA) и континуирана соработка со локалните заедници, современите рударски проекти интегрираат напредни технологии кои го минимизираат еколошкиот отпечаток, ја штитат водата и почвата, и обезбедуваат целосна рекултивација на земјиштето по завршувањето на експлоатацијата. Проектот „Скуриес“ нè потсетува дека со вистинските партнери, транспарентност и цврста посветеност кон животната средина, рударството станува моќен сојузник во градењето на зелена и просперитетна иднина за сите нас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсум лица тешко повредени во сообраќајката кај БитолаОсум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила.Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во Битолската клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08