3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветКина: Откривме значајни нови наоѓалишта на ретки минерали Кина откри „значајни нови наоѓалишта“ на ретки земни минерали, вклучувајќи флуорит и барит, во покраината Сечуан, објави Министерството за природни ресурси. Значајни нови наоѓалишта на ретки земни минерали се потврдени во рударската област Маониупинг во округот Мијанинг, објави подружница на China Rare Earth Group. Масата на новооткриените минерали се проценува на 9,666 милиони тони, при што количината е изразена во форма на оксиди, што е стандарден начин за мерење на ваквите минерали во рударската индустрија. Експертите истакнуваат дека откритието претставува важен придонес кон стратешките резерви на ретки минерали на Кина, но е и пример за успешно истражување на длабоки и маргинални наоѓалишта во геолошки сложени области. Ретките минерали се „витамини на индустријата“ Покрај ретките земни минерали, на истата локација се потврдени големи наоѓалишта на флуорит и барит, проценети на 27,135 милиони и 37,228 милиони тони, што ги става во категоријата на исклучително големи наоѓалишта. Ретките минерали се „витамини на индустријата“, а флуоритот и баритот се нејзини основни столбови, го цитираше директорот на Институтот за минерални ресурси при Кинеската академија за геолошки науки, Ванг Денгонг, агенцијата Синхуа. Флуоритот е клучна суровина во голем број сектори, вклучувајќи ја воздухопловната, фармацевтската и електронската индустрија, машинското инженерство и нуклеарната енергија, забележа Синхуа. Баритот најчесто се користи во дупчењето за нафта и гас, но е важен и за хемиската индустрија, како и за хемикалиите, полнењето хартија и правењето дијагностички слики во медицината.Тагови: минерали наоѓалишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook