ТехнологијаКина лансираше сателит кој ќе може да комуницира и од оддалечената страна на МесечинатаНационалната вселенска агенција на Кина денеска соопшти дека лансирањето на нејзиниот клучен сателит за испраќање сигнали било целосен успех и дека тој во наредните години ќе служи како комуникациски мост за идните мисии на Месечината. На 20 март, Кина лансираше поголем сателит и уште два помали сателити, Tианду-1 и Tианду-2. Сателитот ќе се користи за комуникација со Земјата и во претстојните мисии на оддалечната страна на нејзиниот сателит најмалку до 2030 година. Блиската страна на Месечината секогаш е свртена кон Земјата, што значи дека преносот на податоци од оддалечната страна бил невозможен бидејќи нема директна линија до неа. Ксионг Лианг, кој го разви лансираниот сателит, го опиша како „главен прекинувач“ за четвртата фаза од мисии на Месечината, јавува кинеската државна телевизија. „Само кога главниот прекинувач е вклучен, може да започне комуникацијата“, рече тој. Сателитот ќе орбитира околу Земјиниот сателит и ќе испраќа и прима сигнали од мисијата Ченг-6, чие лансирање се очекува во мај. Таа роботска мисија за прв пат ќе се обиде да собере примероци од темната страна на Месечината. Сателитот ќе се користи и кај мисиите во 2026 и 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Шоу бизЌерката на Синди Крафорд тврди дека врз неа бил извршен егзорцизам (ФОТО)Актерката Каја Гербер откри дека нејзината мајка, супермоделот Синди Крофорд, како дете организирала егзорцизам врз неа.Гербер за прв пат јавно проговори за тоа во подкастот „Mitch Churi Chat Show“, каде што беше гостинка со колегата Греам Кембел, пишува Entertainment Weekly. Необично искуство од детството За време на разговорот за соработката со продуцентот Рајан Марфи, Гербер рекла дека нејзината мајка Синди Крафорд ѝ дала света вода за снимањето на серијата „American Horror Story: Double Feature“. „Ми кажаа дека сум била опседната како дете“, објасни таа, додавајќи дека целиот свој живот се чувствувала како да е „прогонувана од духови“. „Се чувствувам како да привлекувам суштества од друга димензија на многу опуштен начин“, објасни таа. Кога директно ја прашале дали навистина е извршен егзорцизам врз неа, Гербер одговорила потврдно. „Дали знаете како го изведоа? Свиреа диџериду над мене, така изгледаше“, откри таа и појасни дека станува збор за традиционален австралиски абориџински дувачки инструмент. Иако не даде повеќе детали, таа ја потврди автентичноста на настанот. „Навистина се случи. Никогаш не зборував за тоа“, заклучи таа. Нова улога во серијата „The Shards“ Гербер моментално глуми во новата серија на Рајан Марфи „The Shards“, базирана на истоимената книга на Брет Истон Елис од 2023 година. Во подкастот, таа истакна дека нејзината улога во серијата била „сон“. „Пораснав со „Glee“, гледав сè што правеше Марфи, дури се вратив и на „Nip/Tuck“. Навистина ја следам целата негова кариера и сè што создава ми изгледа совршено“, рече таа за соработката со познатиот продуцент. Серијата „The Shards“ се одвива во Лос Анџелес во 1980-тите. Таа следи група привилегирани дипломци на елитно приватно училиште кои се соочуваат со прашања за идентитет, пол, љубомора, опсесија и опасностите што се кријат под површината на растењето во Америка. View this post on Instagram A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) За септемвриското издание на списанието „Вог“, Гербер зборуваше за носталгијата за времето пред интернетот, што е евоцирано во серијата. „Гледате „The Shards“ и копнеете по времето кога не сте биле на мобилен телефон, кога можевте да западнете во неволја, а следниот ден да не завршите на интернет“, рече таа. Заедно со Гербер и Кембел, во екипата на серијата се и Хомер Гир, Хејс Ворнер, Еван Рејчел Вуд и Вес Бентли. Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Пожарот во прилепско Чаниште зафати куќи, нема жртви и повредени Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе.Пожарот во близина на прилепското село Чаниште навлегол во населеното место, при што, според првичните информации, се зафатени неколку стари и напуштени куќи, а можно е да е зафатена и една куќа во која живеат луѓе, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот бил пријавен преку системот 112 во 15:58 часот, а прилепските пожарникари добиле повик околу 13:30 часот за пожар на отворен простор во близина на селото, кое се наоѓа околу 35 километри од Прилеп. Поради лошиот и кривулест пат, на пожарникарите им било потребно околу еден час да стигнат до селото. Во моментот кога пристигнале, пожарот веќе почнал да навлегува меѓу првите куќи и се ширел во најмалку три различни правци надвор од селото. „Пожарот навлегол во селото од различни правци, што значи дека најверојатно е подметнат, бидејќи линијата на огнот била доста долга“, изјави Ангелов. Тој информираше дека на терен се наоѓаат и околу 20 доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола, кои помагаат во спречувањето на ширењето на огнот. „Добро е тоа што нема повредени жители, нема повредени пожарникари“, рече Ангелов. Тој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни и да пријавуваат секое сомнително однесување, нагласувајќи дека во изминатите денови се регистрирани голем број намерни палења.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусите ненадејно ја откажаа големата воена прослава на Црвениот плоштад во Москва Голем фестивал на воена музика во Москва е откажан четири дена пред планираниот почеток, објавија организаторите на Телеграм. Овогодинешниот фестивал требаше да трае од 21 до 30 август. Раскошниот настан познат како Меѓународен фестивал на воена музика „Спаскаја кула“ привлекува илјадници посетители и собира десетици воени оркестри во центарот на Москва, на Црвениот плоштад, во близина на Кремљ. Настанот, кој беше започнат во 2007 година по наредба на претседателот Владимир Путин, е еден од најпознатите руски настани посветени на војската, заедно со парадата за Денот на победата на 9 мај во Москва и прославата на Денот на морнарицата во Санкт Петербург. Фестивалот „Спаскаја кула“ досега е откажан само еднаш, во 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот. „Настанот е одложен поради околности надвор од контрола на организаторите“ Во раните години од фестивалот, учествуваа воени оркестри од Европската Унија, Австралија и Канада, но бројот на меѓународни учесници се намали откако Русија започна целосна инвазија на Украина во 2022 година. „Настанот е одложен до 2027 година поради околности надвор од контрола на организаторите“, објави Телеграм каналот на фестивалот. Откажувањето се случи во време на зголемени украински напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во ноќта од сабота кон недела, украинските сили извршија еден од најголемите напади врз Москва во последните месеци, при што повеќе од 600 беспилотни летала беа испратени во руската престолнина и околниот регион, според руските власти. Нападите, кои според руските медиуми, исто така, беа насочени кон објектите на „Вајлдберис“, голема руска онлајн продавница, како и логистички магацини, предизвикаа големи пожари, а едно лице беше убиено. Порано во јуни, Кремљ откажа уште еден настан на Црвениот плоштад во Москва, концерт по повод Денот на Русија. Парадата по повод Денот на победата на 9 мај се одржа во намален обем и за прв пат по речиси 20 години без тешка воена опрема.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook